Промовирани огласи »

Ќе се сложиме, ова навистина звучи како идеална летна работа, зарем не?

Има ли нешто подобро од тоа да седите и да уживате во летното попладне со чаша квалитетно вино во рака? А што ако за тоа добиете и плата?

Ако овој опис на работната позиција ве привлече, ја имаме идеалната летна работа за вас.

Британскиот производител на вино Majestic бара кандидат кој ќе учествува во нивната „vinternship“ пракса – што вклучува патување во Португалија со цел дегустација на вкусни вина, директно во винаријата на производителот.

Освен што летот и сместувањето ќе му бидат платени, избраниот кандидат ќе добие 600 фунти за неговиот тридневен ангажман – а да напоменеме, ќе има можност да проба одлични вина во процесот на производство.

Кандидатот кој ќе биде избран ќе може да донесе и пријател за да го сподели искуството.

Работните обврски вклучуваат обиколка на лозјето со коњ и кочија, посета на винарската визба и просторијата со буриња пред да пробате голем избор на вина и маслинки од пет региони низ Португалија: Алгарве, Алентехо, Лисабоа, Дуро и Вињо Вердес.

Двајцата посетители, исто така, ќе бидат почестени со богат ручек.

Ќе се сложиме, ова навистина звучи како идеална летна работа, зарем не?

Промовирани огласи »

Сојузот на синдикати на Македонија бара Владата и работодавачите од приватниот сектор веднаш да пристапат кон зголемување на платите на работниците бидејќи, како што велат, и во време на ковид пандемија, работниците со својата работа помогнале да се зголеми капиталот на работодавачите, а државата наплаќала приходи по основ на даноци.

Стоте најголеми компании оствариле вкупна добивка од 735,5 милиони евра во 2021 година, додека во 2020 година, добивката на овие компании била 517,4 милиони евра, што значи дека за една година добивката се зголемила за 42 проценти. Тоа значи дека работниците само во овие 100 најголеми компании биле попродуктивни и на своите работодавачи им сработиле фантастична добивка за дополнителни 218,1 милиони евра за само една година, наведува ССМ.

Од ССМ посочуваат дека за разлика од зголемената добивка на капиталот на работодавачите, платите на работниците се зголемени за само 5,8 проценти колку што се зголемила просечната плата од декември 2020 до декември 2021 година според Државниот завод за статистика.

Ова е периодот за кој Државниот завод за ревизија во извештајот за преземените владини мерки и политики за поддршка на вработувањето и професиите погодени од ковид-пандемијата констатира намалени приходи во Буџетот на РСМ во вкупен износ од 1 437 005 илјади денари, односно околу 23 милиони евра, а голем дел од тие средства не ни стигнаа до сметките на работниците, а за што ССМ предупредуваше дека ќе се случи, велат од ССМ. 

Промовирани огласи »

Од денес во ваши раце ќе биде сигурноста и безбедноста на целата заедница, во ваши раце ќе биде зачувувањето на мирот во земјата и спокојниот живот на граѓаните. Без разлика на родовата, етничката или верска припадност, Вие носите иста униформа, дел сте од истата институција и заеднички ќе се борите против заедничкиот непријател на нашата заедничка држава, а тоа е криминалот, порача денеска претседателот Стево Пендаровски на промоцијата на 590 нови полициски службеници – генерација 2021-2022 година, која се одржа во Центарот за обука на МВР во Идризово.

Припадниците на Министерството за внатрешни работи се гарант за јавниот рeд и мир, за нашата безбедност и сигурност. Во изминатите три децении изградивме високо професионална полиција во чии редови се најдобрите и најподготвените, кои професионално, достоинствено и со личен интегритет ги извршуваат своите задачи, секогаш ставајќи се на располагање на граѓаните и нивните потреби, истакна Пендаровски.

На новите полицајци им порача дека граѓаните токму во нив гледаат мотивирани, посветени професионалци кои одговорно и доследно ќе ги извршуваат своите задолженија, ќе ѝ служат на својата земја и ќе го штитат животот и имотот на своите сограѓани.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на новите полициски службеници кои денеска дадоа свечена изјава им честиташе за успехот и нагласи дека оваа генерација полицајци го има остварено најдобриот резултат во последните 10 години.

Поминавте една година на патеката што ви овозможи да направите, би рекол, еден мал увид во тоа што значи да се биде полициски службеник. Имавте можност да си ги тестирате границите, да ги надминете своите и очекувањата на другите. Да увидите дека полициската професија се соочува со секојдневни предизвици на кои треба веднаш да се одговори, но и носи огромно задоволство со секој постигнат резултат како сервис на граѓаните, со секоја успешна реализација како гарант на безбедноста, истакна Спасовски.

Потсетувајќи се на неодамнешните насилни протести го потенцираше значењето на полициската професија за безбедноста на институциите, граѓаните и државата.

Полициските службеници кои беа на браникот на државните институции, меѓу кои, за жал, имаше и повредени, најпластично ја демонстрираа непоколебливоста, подготвеноста, храброста и жртвата за заштита на државата и за гарантирање на безбедноста на граѓаните, нагласи министерот Спасовски.

Потенцираше дека успешното функционирање на безбедносниот систем е основа за функционирање на правната држава.

Токму затоа наш врвен приоритет беше создавањето модерна, опремена, стручна, ефикасна, но и задоволна полиција, која на законит, стручен, транспарентен и одговорен начин ќе одговори на работните задачи. За остварување на тој наш приоритет многу работи направивме, а резултатите, меѓу другото се видливи во сите 75 реконструирани објекти на МВР ширум државата, во кои имплементиравме и мерки за енергетска ефикасност. Покрај ова, инвестиравме над 10 милиони евра во нови униформи за секоја организациона единица, истакна Спасовски.

На промоцијата се обрати и помошник министерот на Центарот за обука, Сузе Трајковска, која посочи дека обуката се состоела од теоретска настава и ситуациони вежби и од практичен дел.

Информираше дека од вкупно пријавените 625 кандидати, обуката успешно ја завршиле 590 кандидати, од кои 487 машки и 103 женски со среден успех на генерација од 523 бодови од можни 600.

На церемонијата беа доделени плакети за 18 најдобри кандидати од оваа генерација, а за најдобар од генерацијата 2021/2022 беше прогласен Стефан Митаноски, на кого му беше доделена свечена плакета од претседателот на државата. 

Промовирани огласи »

Од 15 октомври возачите во соседна Србија кои возат со 150 километри на час на автопатот од Белград до Ниш ќе треба да платат казни за брзо возење и до 60.000 динари (30 илјади денари).

Тамошните надлежни институции поставиле 56 најсовремени камери долж неколку автопати во Србија, кои ќе снимаат дали се надминува дозволената брзина, дали секој патник има појас - и напред и позади, како и дали возачите користат мобилен телефон. Казните автоматски ќе се испраќаат на домашните адреси за сите прекршоци забележани од камерите.

Претходниот систем предвидуваше контролата на брзината да се спроведува на „просек“ помеѓу две наплатни рампи во однос на минималното време потребно за да се стигне од една до друга точка, а доколку некој стигне побрзо, тоа автоматски би значело дека ги надминал дозволените 130 километри на час.

Во тој систем имало разни мани, па дрските возачи возеле со недозволена брзина по автопат, а потоа паузирале на бензински пумпи, а со тоа ја намалувале просечната брзина и поминувале неказнето.

Сега, брзината веќе нема да се мери само меѓу главните наплатни пунктови, туку на повеќе од 50 локации каде што се поставени најсовремени камери. Така, на автопатот од Белград до Ниш ќе снимаат камери на 12 локации, кај Врчин, Мали Пожаревац, Умчар, Водње, Смедерево, Велика Плана, Марковац, Баточина, Јагодина, Параќин, Појат и Алексинац.

На трасата од Белград до Преља, камерите се наоѓаат кај Уб, Лајковац, Љиг и Таков, а од Белград до Шид се поставени кај Пеќинац, Рума, Сремска Митровица, Кузмин, Моровиќ и Адашевац. Конечно, на автопатот од главниот град до Суботица ќе се снима кај Инѓа, Бешка, Ковиље, Нови Сад, Змајево, Врбас, Бачка Топола и Женик.

Како што пишува „Блиц.рс“ камерите прво ќе го снимаат точното време кога возилото поминало на една контролна точка, а потоа на следната, а софтверот автоматски ќе го дели растојанието во километри со времето кое би траело неколку секунди. На овој начин ќе се добие просечната брзина со која автомобилот се движел помеѓу двете зони на снимање.

Така, возач од Белград до Ниш може да добие дури 12 казни доколку ја надмине просечната брзина помеѓу секоја од контролните пунктови каде што се поставени камерите!!! 

Директорот на Комитетот за безбедност во сообраќајот, Дамир Окановиќ, вели дека ваквата одлука на властите е „голема одлука“.

Секако, овој нов систем за мерење на брзината ќе влијае луѓето повеќе да внимаваат дали ја надминале дозволената брзина. Добри резултати даде и претходниот метод на мерење, но мислам дека овој ќе биде уште подобар. Досега луѓето правеа паузи и пиеја кафе на пумпите за да ја намалат просечната брзина, а сега веќе нема да можат да го прават тоа - вели Окановиќ.

Тамошниот закон утврдува дека за автомобил кој ќе надмине брзина до 10 километри на час над двозолената ќе треба да плаќа 3.000 динари (1.500 за осум дена). Потоа ако се надминува дозволената брзина за 11-20 километри на час казната изнесува 5.000 динари (2.500 за осум дена). Доколку возачите ја прекорачат брзианта за 21-40 километри на час ќе бидат казнети со 10.000 динари (5.000 за осум дена).

Ако прекорачувањето надминува 41-60 километри на час казната ќе биде од 10 - 20.000 динари, плус три казнени поени и забрана за возење најмалку 30 дена. 

Со намдинување на дозволената брзина за 61-80 километри на час казната се движи од 20.000-40.000 динари (или до 30 дена затвор), шест казнени поени и забрана за возење најмалку три месеци. 

Возачите кои надминуваат дозволена брзиан со 81-100 километри на час ќе добијат казна од 100.000-120.000 денари (или 15 дена затвор), 14 казнени поени и забрана за возење најмалку осум месеци.

Оние пак што ќе надминат 100 километри на час над дозволеното ќе платат казна од 120.000-140.000 денари, 30-60 дена затвор или 240-360 часа општокорисна работа, 15 казнени поени и забрана за возење од најмалку девет месеци.

Како што напоменуваат од „Блиц“, казните ќе пристигнуваат на домашна адреса, додека странците ќе бидат казнети на патарините и на граничните премини.

Српските граѓани ќе добиваат казни на домашните адреси со можност да платат половина од казната во рок од осум дена - доколку не ја надминат дозволената брзина за повеќе од 40 километри на час. Во случај да се регистрира поголемо ограничување на брзината, во тој случај возачот ќе мора да оди кај судијата за прекршоци - се напоменува во текстот.

Покрај брзото возење, новите модерни камери ќе детектираат и користење на мобилен телефон при возење и неносење појас, па ваквите сообраќајни прекршоци ќе може да се санкционираат и без присуство на сообраќајната полиција на терен.

Доказ ќе биде фотографија од возилото со регистарска табличка, но и фотографија на која се гледа лице кое не е врзано или возачот со телефон во рака.

  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »