Промовирани огласи »

Од 15 октомври возачите во соседна Србија кои возат со 150 километри на час на автопатот од Белград до Ниш ќе треба да платат казни за брзо возење и до 60.000 динари (30 илјади денари).

Тамошните надлежни институции поставиле 56 најсовремени камери долж неколку автопати во Србија, кои ќе снимаат дали се надминува дозволената брзина, дали секој патник има појас - и напред и позади, како и дали возачите користат мобилен телефон. Казните автоматски ќе се испраќаат на домашните адреси за сите прекршоци забележани од камерите.

Претходниот систем предвидуваше контролата на брзината да се спроведува на „просек“ помеѓу две наплатни рампи во однос на минималното време потребно за да се стигне од една до друга точка, а доколку некој стигне побрзо, тоа автоматски би значело дека ги надминал дозволените 130 километри на час.

Во тој систем имало разни мани, па дрските возачи возеле со недозволена брзина по автопат, а потоа паузирале на бензински пумпи, а со тоа ја намалувале просечната брзина и поминувале неказнето.

Сега, брзината веќе нема да се мери само меѓу главните наплатни пунктови, туку на повеќе од 50 локации каде што се поставени најсовремени камери. Така, на автопатот од Белград до Ниш ќе снимаат камери на 12 локации, кај Врчин, Мали Пожаревац, Умчар, Водње, Смедерево, Велика Плана, Марковац, Баточина, Јагодина, Параќин, Појат и Алексинац.

На трасата од Белград до Преља, камерите се наоѓаат кај Уб, Лајковац, Љиг и Таков, а од Белград до Шид се поставени кај Пеќинац, Рума, Сремска Митровица, Кузмин, Моровиќ и Адашевац. Конечно, на автопатот од главниот град до Суботица ќе се снима кај Инѓа, Бешка, Ковиље, Нови Сад, Змајево, Врбас, Бачка Топола и Женик.

Како што пишува „Блиц.рс“ камерите прво ќе го снимаат точното време кога возилото поминало на една контролна точка, а потоа на следната, а софтверот автоматски ќе го дели растојанието во километри со времето кое би траело неколку секунди. На овој начин ќе се добие просечната брзина со која автомобилот се движел помеѓу двете зони на снимање.

Така, возач од Белград до Ниш може да добие дури 12 казни доколку ја надмине просечната брзина помеѓу секоја од контролните пунктови каде што се поставени камерите!!! 

Директорот на Комитетот за безбедност во сообраќајот, Дамир Окановиќ, вели дека ваквата одлука на властите е „голема одлука“.

Секако, овој нов систем за мерење на брзината ќе влијае луѓето повеќе да внимаваат дали ја надминале дозволената брзина. Добри резултати даде и претходниот метод на мерење, но мислам дека овој ќе биде уште подобар. Досега луѓето правеа паузи и пиеја кафе на пумпите за да ја намалат просечната брзина, а сега веќе нема да можат да го прават тоа - вели Окановиќ.

Тамошниот закон утврдува дека за автомобил кој ќе надмине брзина до 10 километри на час над двозолената ќе треба да плаќа 3.000 динари (1.500 за осум дена). Потоа ако се надминува дозволената брзина за 11-20 километри на час казната изнесува 5.000 динари (2.500 за осум дена). Доколку возачите ја прекорачат брзианта за 21-40 километри на час ќе бидат казнети со 10.000 динари (5.000 за осум дена).

Ако прекорачувањето надминува 41-60 километри на час казната ќе биде од 10 - 20.000 динари, плус три казнени поени и забрана за возење најмалку 30 дена. 

Со намдинување на дозволената брзина за 61-80 километри на час казната се движи од 20.000-40.000 динари (или до 30 дена затвор), шест казнени поени и забрана за возење најмалку три месеци. 

Возачите кои надминуваат дозволена брзиан со 81-100 километри на час ќе добијат казна од 100.000-120.000 денари (или 15 дена затвор), 14 казнени поени и забрана за возење најмалку осум месеци.

Оние пак што ќе надминат 100 километри на час над дозволеното ќе платат казна од 120.000-140.000 денари, 30-60 дена затвор или 240-360 часа општокорисна работа, 15 казнени поени и забрана за возење од најмалку девет месеци.

Како што напоменуваат од „Блиц“, казните ќе пристигнуваат на домашна адреса, додека странците ќе бидат казнети на патарините и на граничните премини.

Српските граѓани ќе добиваат казни на домашните адреси со можност да платат половина од казната во рок од осум дена - доколку не ја надминат дозволената брзина за повеќе од 40 километри на час. Во случај да се регистрира поголемо ограничување на брзината, во тој случај возачот ќе мора да оди кај судијата за прекршоци - се напоменува во текстот.

Покрај брзото возење, новите модерни камери ќе детектираат и користење на мобилен телефон при возење и неносење појас, па ваквите сообраќајни прекршоци ќе може да се санкционираат и без присуство на сообраќајната полиција на терен.

Доказ ќе биде фотографија од возилото со регистарска табличка, но и фотографија на која се гледа лице кое не е врзано или возачот со телефон во рака.

  

Промовирани огласи »

Државниот завод за статистика објави дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2022 година, изнесува 31.869 денари.

Меѓу најдобро платените работници во нашата земја се најдоа компјутерџиите, банкарите, научната фела. 

Податоците покажуваат дека на врвот повторно се вработените во категоријата компјутерско програмирање, кои имаат плата над 80 илјади денари. 

Еве ја лисатата со највисоки плати во земајва:

  • Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности 81.094 денари,
  • Воздухопловен транспорт 50.513 денари,
  • Финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови 50.043 денари,
  • Останати стручни, научни и технички дејности 49.901 денари,
  • Дејности на изнајмување и давање под закуп (лизинг) 49.276 денари.

Според ДЗС, во јуни годинава просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен изнесувала 47.634 денари.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни истиот месец лани е зголемена за 10,9 проценти.

Промовирани огласи »

Следниот пат кога претставник на Владата ќе се фали со просечната плата, да го разбере значењето на истата, наведуваат од Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ) и објавуваат фотографија на која се гледа дека пред еден човек има месо, а пред друг само коска. 

Власта се пофали дека платите растат, а ССМ бара повисоки плати или ќе има радикализација од септември. 

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава  била 31.869 денари и во однос на јуни лани е зголемена за 10,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Просечната плата расте и во споредба со месец мај, кога истата изнесувала  31.407 денари.

Промовирани огласи »

Се сеќавате ли како во филмовите и цртаните филмови секогаш, во иднината светот беше дигитален и луѓето живееа во градови каде сѐ беше возможно да се направи со помош на технологија? Епа тоа се случува моментално во светот. 

Компанијата „Тојота“, еден од најголемите светски производители на автомобили, го гради првиот „паметен град“ во Јапонија и во светот.

Градот „Плетка“ ќе биде сместен во близина на подножјето на планината Фуџи, ќе се простира на 175 хектари и ќе биде целосно самоуправна населба со дизајн и намена да се тестираат новите технологии како што се самоуправувачко возење, роботика и вештачка интелигенција – во реалниот свет. Прототипот на „град на иднината“ ќе биде изграден од темел на местото на поранешниот фабрички погон „Хигаши-Фуџи“, којшто ја заврши својата децениска историја на производство на автомобили во декември 2020 година.

AI, self-driving cars, robotics and more... all in one place.

Find out more about our upcoming Global Technology Governance Summit: https://t.co/NgtNBtUBny #GTGS21 pic.twitter.com/j3ZDXcmTM0

— World Economic Forum (@wef) March 31, 2021Замислата е сите луѓе во градот „Плетка“, како и зградите и возилата да се поврзат и да комуницираат преку податоци во реално време и со вградени сензори. Овие врски ќе ѝ овозможат на „Тојота“ да испитува и истражува како функционира напредната, најнова вештачка интелигенција и технологијата во реалниот свет, со минимален ризик.
Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »