Промовирани огласи »

Во овој момент нема поголем проблем за македонската економија од цената на струјата. Владата мора да најде избалансирани решенија кои ќе му овозможат на бизнис секторот да преживее. Ако тоа не се случи, многу фирми ќе се затворат и ќе се изгубат голем број работни места. Доколку луѓето останат без плата, нема да можат да ги платат сметките, колку и да се тие субвенционирани од Владата, порача денеска Стопанска комора.

Според Комората, потребна е итна реакција зашто времето поминува, а ризициите се зголемуваат.

Комората очекува нејзините предлози оваа недела да бидат разгледани во Владата, но и да бидат прифатени.

Пред мене имам конкретни податоци за сметката за струја на една компанија членка на Комората. Иако во јули годинава компанијата потрошила помалку струја од јули минатата година, сметката за струја годинава ѝ е речиси шестпати поголема во однос на јули минатата година. Лани за јули платила околу еден милион денари, а годинава за јули вкупно шест милиони денари. Кој бизнис сектор ќе го издржи ова и до кога?, рече потпретседателот на Комората, Зоран Јовановски.

Повикувајќи се на податоците од Централниот регистар, тој нагласи дека во 2021 година од трговскиот и од регистарот на други правни лица се избришани 6.995 правни лица, а во 2022 година, согласно моментно објавените податоци, веќе се избришани 5.324 правни лица.

Со оваа динамика на бришење, годинава ќе се избришат повеќе правни лица од лани. Со вакви цени на струјата, уште колку компании ќе го стават катанецот на вратата во периодот што следува? Владата треба побрзо да ги прифати предлозите на Комората. Потребна е итна реакција зашто времето поминува, а ризициите се зголемуваат. Цената на струјата е најважното економско прашање и во моментов прашање за опстанок на македонскиот бизнис сектор. Затоа очекуваме Владата што побргу да ги прифати предлозите објавени во повеќе наврати од Стопанската комора и да преземе чекори за нивна примена. Комуникацијата со Владата постои, но нашите сознанија се дека оваа недела ќе биде разгледано ова прашање. Се надеваме дека ќе се согласат со нас за сериозноста на проблемот, рече потпретседателот на Комората, подвлече Јовановски.

Тој потсети и дека прашањето за цената на струјата не е актуелно само сега, туку е важно и за во иднина. Според расположливите податоци, пак, од разни извори, цената на струјата за компаниите во сите други земји од регионот е пониска од нашата, а тоа ги прави нашите компании ценовно неконкурентни. Оттука, цената на струјата не е само тековно актуелно прашање, туку е и прашање на долгорочна конкурентност.

Цената на стрјата во сите други земји од регионот е пониска од нашата, поради што нашите компании се ценовно неконкурентни, посочи потпретседателот на Комората.

На новинарско прашање за мерките за штедење струја што ги воведе Владата со кои е опфатено и стопанството, тој одговори дека „никој не треба да им каже на компаниите дека треба да штедат“.

Во нивен интерес е трошоците да ги сведат на минимум и тоа сите го прават, рече кусо Јовановски.

На прес-конференцијата во Комората тој уште еднаш кажа дека 40 – 45 мегавати фотоволтаици се инсталирани или се инсталираат и се уште чекаат приклучок на мрежата.

Постои можност да се зголеми домашното производство и бизнис секторот да вложи во тоа, но мора да се тргнат административните пречки, подвлече Јовановски.

  

Промовирани огласи »

Загубите во електродистрибутивната мрежа на електрична енергија лани ги чинеле граѓаните точно 100 милиони евра. Тоа е практично струја што се краде на разни начини, а ние ја плаќаме преку сметките.

Операторот на електродистрибутивниот систем - ЕВН Електродистрибуција, согласно своите обврски, заради покривање на загубите, во 2021 од трговци и снабдувачи набавил 916.381,6 мегавати по просечна цена од 6.607 денари, покажува извештајот на Регулаторната комисија за енергетика. 

Во однос на една година претходно, зголемено е количеството на загуби за речиси 59.000 мегавати, а згора на тоа, просечната цена за покривање во 2020 била речиси двојно поевтина - 3.330 денари. Тогаш сме платиле 47 милиони евра за загуби, а само една година подоцна повеќе од двојно.

Анализата покажува дека три години по ред процентот на загубите на електрична енергија во мрежата, кои се должат на кражби на струја и неовластено користење, не може да се намали под 13,4 отсто иако редовно се прават планови како оваа појава да се редуцира.

Неовластеното користење на електрична енергија се случува поради различни причини, а истото важи и за загубите. Како најголеми причинители може да се набројат: копањето крипто валути, кражбите на електрична енергија од страна на малите комерцијални објекти коишто имаат голема потрошувачка како и приватната потрошувачка, велат од ЕВН Електродистрибуција.

Промовирани огласи »

Според податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), во јуни најниската просечна нето плата  е исплатена во секторот Заштитни и истражни дејности – 17.878 денари (под минималец – 18.000 денари). 

Понатаму следи Производство на кожа и слични производи од кожа – 19.529 денари, па Услуги поврзани со одржување на згради и дејности за уредување и одржување на животна средина и природа – 19.823 денари, Производство на облека – 22.202 денари и Дејности за подготовка на оброци и служење храна – 22.406 денари. 

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2022 година, изнесува 31.869 денари.

Меѓу најдобро платените работници во нашата земја се најдоа компјутерџиите, банкарите, научната фела. 

foto freepik.com/Denis Barysau

Промовирани огласи »

Натпреварот во излежување, кој ја прави Црна Гора единствена во Европа, се организираше по 11. пат во етно селото „Монтенегро“ во Брезна во Пива, а од девет натпреварувачи од Никшиќ, Подгорица, Даниловград и Белград, двајца сè уште се борат за парична награда од 350 евра, пишува подгоричкиот весник Вијести.

Натпреварувачите порачаа дека се надеваат дека ќе го соборат минатогодишниот рекорд на Подгоричанката Дубравка Алексиќ, која стана по 117 часа лежење, а битката за титулата најголем денгубец сега ја водат Жарко Пејановиќ од Подгорица и Вук Кољеншиќ од Даниловград, откако вчера, на првиот натпреварувачки ден, седуммина се откажаа.

Натпреварувачите спиеле под крошна на стогодишен јавор, но преку ден морале да одат во колиба поради дождот, било соопштено синоќа за „Вијести“.

Дозволено е јадење и пиење, читање книги, лаптоп, телефон – сè освен станување. Одење во тоалет е дозволено на секои осум часа. Првата награда е 350 евра, додека вкупната вредност на утешните награди е околу 500 евра. Првонаградениот добива и рафтинг, викенд во етно село, ручек за двајца во ресторан во Подгорица и уште многу награди од спонзори.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »