Промовирани огласи »

Загубите во електродистрибутивната мрежа на електрична енергија лани ги чинеле граѓаните точно 100 милиони евра. Тоа е практично струја што се краде на разни начини, а ние ја плаќаме преку сметките.

Операторот на електродистрибутивниот систем - ЕВН Електродистрибуција, согласно своите обврски, заради покривање на загубите, во 2021 од трговци и снабдувачи набавил 916.381,6 мегавати по просечна цена од 6.607 денари, покажува извештајот на Регулаторната комисија за енергетика. 

Во однос на една година претходно, зголемено е количеството на загуби за речиси 59.000 мегавати, а згора на тоа, просечната цена за покривање во 2020 била речиси двојно поевтина - 3.330 денари. Тогаш сме платиле 47 милиони евра за загуби, а само една година подоцна повеќе од двојно.

Анализата покажува дека три години по ред процентот на загубите на електрична енергија во мрежата, кои се должат на кражби на струја и неовластено користење, не може да се намали под 13,4 отсто иако редовно се прават планови како оваа појава да се редуцира.

Неовластеното користење на електрична енергија се случува поради различни причини, а истото важи и за загубите. Како најголеми причинители може да се набројат: копањето крипто валути, кражбите на електрична енергија од страна на малите комерцијални објекти коишто имаат голема потрошувачка како и приватната потрошувачка, велат од ЕВН Електродистрибуција.

Промовирани огласи »

Според податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), во јуни најниската просечна нето плата  е исплатена во секторот Заштитни и истражни дејности – 17.878 денари (под минималец – 18.000 денари). 

Понатаму следи Производство на кожа и слични производи од кожа – 19.529 денари, па Услуги поврзани со одржување на згради и дејности за уредување и одржување на животна средина и природа – 19.823 денари, Производство на облека – 22.202 денари и Дејности за подготовка на оброци и служење храна – 22.406 денари. 

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2022 година, изнесува 31.869 денари.

Меѓу најдобро платените работници во нашата земја се најдоа компјутерџиите, банкарите, научната фела. 

foto freepik.com/Denis Barysau

Промовирани огласи »

Натпреварот во излежување, кој ја прави Црна Гора единствена во Европа, се организираше по 11. пат во етно селото „Монтенегро“ во Брезна во Пива, а од девет натпреварувачи од Никшиќ, Подгорица, Даниловград и Белград, двајца сè уште се борат за парична награда од 350 евра, пишува подгоричкиот весник Вијести.

Натпреварувачите порачаа дека се надеваат дека ќе го соборат минатогодишниот рекорд на Подгоричанката Дубравка Алексиќ, која стана по 117 часа лежење, а битката за титулата најголем денгубец сега ја водат Жарко Пејановиќ од Подгорица и Вук Кољеншиќ од Даниловград, откако вчера, на првиот натпреварувачки ден, седуммина се откажаа.

Натпреварувачите спиеле под крошна на стогодишен јавор, но преку ден морале да одат во колиба поради дождот, било соопштено синоќа за „Вијести“.

Дозволено е јадење и пиење, читање книги, лаптоп, телефон – сè освен станување. Одење во тоалет е дозволено на секои осум часа. Првата награда е 350 евра, додека вкупната вредност на утешните награди е околу 500 евра. Првонаградениот добива и рафтинг, викенд во етно село, ручек за двајца во ресторан во Подгорица и уште многу награди од спонзори.

Промовирани огласи »

Компанијата Кромберг & Шуберт Македонија Бт ДООЕЛ како општествено одговорна компанија е инволвирана со свои донации и придонеси кон различни сфери од животот во Пелагонискиот регион, но како приоритет секогаш се насочува кон здравството и образованието

Досега сме имале можност да прочитаме за различни донации остварени првенствено во болницата во Битола и здравствениот систем, како и за повеќето активности во кои ги вклучува и различните нивоа на образование.

Од основно образование со различни донации низ повеќе основни училишта, до вклучувањето во Дуалното образование во соработка со Техничкото училиште од Битола, практикантските работи и со стипендиите кои секоја година ги доделува на студентите од универзитетот „св. Климент Охридски“

Петта година со ред, на студентите кои се запишани на техничките факултети при универзитетот, компанијата доделува стипендди со цел да ги стимулира, мотивира и да им даде основа на студентите за нивниот професионален развој да го остварат во рамките на градот Битола или на нашата држава. Покрај паричниот износ, практикантската работа е важен фактор со кој студентите се запознаваат со модерните начини на работа во една производна компанија, методите за работа кои се имплементирани во фабриката, Lean концептот според кој се одвива целокупниот производен процес како и уникатниот начин на менаџирање со фабриката која е воедно и најголемиот работодавач во државата. 

Од изминатите години дел од стипендистите се одлучија нивниот професионален развој да го започнат токму во оваа компанија кои се доказ дека вложувањето во образованието е вложување во иднината на компанијата, студентите и целата држава.

Се надеваме дека сѐ повеќе компании ќе го следат овој пример и ќе придонесат кон поголемото добро.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »