Промовирани огласи »

Цената на струјата по Нова година ќе се зголеми, изјави за ТВ 24 првиот човек на ЕСМ, Васко Ковачевски. 

Рестрикции на струја не се опција, тврди тој.

Вели дека пред нас е една од најтешките зими за период од 70 години. Ковачевски кажа дека располагаат со ограничени ресурси, ги спомена количините на јаглен, квалитетот, хидрологијата. 

Промовирани огласи »

Жарко Пејановиќ е победник на 12-тиот натпревар во лежење, кој традиционално се одржува во Црна Гора во етно селото Црна Гора, недалеку од Никшиќ.

Пејановиќ издржал 60 часа лежење и освои 350 евра за трудот, рафтинг, викенд во етно селото, ручек за двајца во ресторан во Подгорица и уште многу спонзорски награди.

Не беше тешко. Верувајте ми, дури не се ни загреав, изјавил тој.

Кога друштвото доаѓа да ги поддржи конкурентите, тоа е забавно, но најголемата грешка е кога доаѓа нечие семејство. Кога доаѓа нечие семејство, тешко е да не станете, објасни тој.

Промовирани огласи »

Цените на основните прехранбени производи и натаму растат.

Поскапување има кај лебот за неколку денари, во однос на претходните седмици, но и кај кафето, млекото, овошјето, зеленчукот, месото...

За килограм мелено месо ќе мора да издвоите над 250 денари. Млеко може да најдете по различни цени, зависно од прозводителот, од 50 денари нагоре, а познатото „Битолско“ достигна цена од 68 денари низ маркетите.

Ако претходно купувавте турско кафе од 200 грама по цена од 68 денари, сега за истото треба да платите од 93-100 денари.

Домати низ маркетите нема поевтини од 60 денари. Бананите исто така „држат цена“ од над 60 денари за килограм.

Маслото за јадење чини од 135 денари до 165 денари, зависно од брендот и маркетот.

Средствата за лична хигиена и одржување на домаќинството исто така се поскапени, освен ако не ги начекате на некаква акција низ поголемите маркети.

Промовирани огласи »

Скопски Легури ДООЕЛ е брз и динамичен македонски производител на феролегури. Скопски Легури е клучен извозник на производи од феролегури во Европската Унија, Балканот, САД, Турција и земјите од Блискиот Исток.

Поради долгогодишното искуство во работењето на металуршкиот пазар како и висококвалитетното производство, претпријатието се стекна со репутација на доверлив партнер кој ги исполнува барањата на клиентите.

Денес Скопски Легури постојано го зголемува производството и ја зголемува разновидноста на производите.

Од сега сите огласи на Скопски Легури може да ги најдете на КАРИЕРА.МК

Воедно моментално вработуваат:

АСИСТЕНТ НА ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »