Промовирани огласи »

Дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапи за два денара, а мазутот за 1,292 денара, додека цените на бензините и екстра лесното масло за домаќинство остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

ЕУРОСУПЕР БС – 95 че чини 89 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе биде 91,50 денари, цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 98,50 денари, на екстра лесното 1 (ЕЛ-1) 93,00 (денари/литар), а на мазутот М-1 НС 52,978 денари за килограм.

Со оваа Одлука, според РКЕ, се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,91 отсто во однос на вчерашната одлука. 

Промовирани огласи »

Нови камери кои мерат просечна брзина се поставени на автопатот кон Белград. Камерите ја бележат просечната брзина од точка А до точка Б и доколку е повисока казната ви стигнува директно на домашна адреса.

Доколку сте странски државјанин не можете да ја напуштите земјата на граничниот премин, односно таму ќе ја платите истата. Еве ги цените изразени во динари.

До 10 километри на час – 3.000 динари (1.500 доколку платите за осум дена), од 11 до 20 км/ч – 5.000 (2.500 за осум дена), од 21 до 40 км/ч – 10.000 (5.000 за осум дена), од 41 до 60 км/ч – 10. 000 до 20.000, три казнени поени и одемање на возачката дозвола барем 30 дена, од 61 до 80 км/ч – 20.000 до 40. 000 (или до 30 дена казна затвор), шест казнени поени и забрана за управување на возило барем три месеци, од 81 до 100 км/ч – 100.000 до 120. 000 (или 15 дена затвор), 14 казени поени и забрана за управување на возило барем до осум месеци, над 100 км/ч – 120.000 до 160.000, 30-60 дена затвор или 240-360 часови добротворна работа, 15 казнени поени и забрана за користење возило барем 9 месеци.

Промовирани огласи »

Град Скопје утре на градската веб страница ќе објави два Јавни повици за Cубвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипеди во 2022 година, како  и за субвенционирање на граѓаните на подрачјето  на градот Скопје за купување електрични тротинети во 2022 година, на кои граѓаните ќе можат да аплицираат.

Целта на јавните повици е подобрување на квалитетот на животната средина, односно подобрување на квалитетот на воздухот во градот Скопје и унапредување на здравјето на луѓето, преку стимулирање на граѓаните на градот Скопје за користење велосипеди и електрични тротинети, со што би се намалило загадувањето предизвикано од сообраќајот, велат од Град Скопје. 

Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира за велосипеди се во износ од 50% од вредноста на еден велосипед, но не повеќе од 4.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

За електричните тротинети, средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 30% од вредноста на еден тротинет, но не повеќе од 8.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Подетални информации за правото на учество на јавните повици, условите коишто треба да ги исполни барателот, начинот на пријавување, начинот на спроведување на повиците, како и начинот на остварување на правото на надоместок граѓаните ќе можат да добијат на веб страната на Град Скопје www.skopje.gov.mk. 

Покрај информациите, граѓаните од утре ќе можат на интернет страницата на Градот Скопје да го симнат образецот за Барање за субвенција за купување, како и образецот Изјава, која треба да се завери на нотар. 

Јавните повици  ќе бидат објавени издвоено на веб страницата на Град Скопје, а соодветната документација ќе можат да ја поднесат до архивата на Град Скопје.

Јавниот повик ќе трае заклучно со 01.11.2022 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв.

Оваа 2022 година Градот Скопје обезбедени повеќе средства за субвенции и тоа само за овие јавни повици предвидени се 12 милиони денари за субвенции за велосипеди и 3 милиони денари за електрични тротинети.

Промовирани огласи »

Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека вечер ќе прогласат кризна состојба во енергетскиот сектор на национално ниво што ќе важи од 1 септември. Согласно законите, како што информира попладнево Бектеши по состанокот со градоначалникот на Општина Арачиново Ридван Ибраими, енергетската кризна состојба може да трае 30 дена.

Министерот Бектеши по состанокот, изјави дека од понеделник екипите на ЕВН Македонија непречено ќе работат на терен во Општина Арачиново и на тој начин ќе почне да се наплаќа струјата во оваа Општина, но и на други места.

Тој ќе побара од МВР и другите надлежни институции да постапат во сите општини каде има големи загуби на струја, бидејќи според него, тие се на товар на сите потрошувачи на електрична енергија. Загубите на струја, како што рече, се признаваат како трошок кога се одредува цената за струјата.

Бектеши вели оти е точно дека има загуби на електрична енергија во Општина Арачиново, меѓутоа, како што посочи, загуба има и во Куманово – 16,2 посто, Тетово 10,7 посто, Гостивар – 19,3 посто, Кичево -12,1 проценти, Скопје – 19,6 отсто. Министерот најави дека кај сите овие општини и останатите ќе се постапува согласно закон.

Ги повикувам сите да ги почитуваат законите, одредбите од законите се со цел да не се направи штета во делот на снабдување со електрична енергија, но и во делот на електродистибутивниот систем, рече Бектеши нагласувајќи дека крадење на струја или незаконски приклучок во дистрибутнивната мрежа е кривично дело кое се санкционира согласно закон.

Претставник од ЕВН изјави дека фокусот на денешната дискусија бил ставен на почитување на законски норми од сите вклучени во процесот, за што, како што кажа, добиле поддршка. Во иднина се надеваат дека тоа ќе функционира со цел ЕВН да обезбеди квалитетно снабдување на струја и да има еднаков третман на сите корисници. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »