Промовирани огласи »

Септемвриската плата за вработените во основното и во средното образование од наредниов месец ќе биде повисока за 15 проценти. Тоа значи дека околу 32.500 вработени, од кои 25.000 наставници, добиваат дополнителна мотивација за работа и лично вложување во унапредувањето на квалитетот на националниот образовен систем, соопшти МОН.

Заедно со досегашните зголемувања од 21 процент, вработените во образованието добиваат историски најголема поддршка. И во услови на економска и енергетска криза, пари за наставниците има.

Ја реализираме заложбата наставниците да го добијат заслужениот статус во општествената хиерархија за да можат да бидат главен фактор во унапредувањето на квалитетот на образованието. Затоа, Министерството за образование и наука обезбедува услови за нивен професионален и кариререн развој преку постојани обуки и можности за напредување во звања – пишува во соопштението на МОН.

Промовирани огласи »

Благој Бочварски, министерот за транспорт и врски, на денешната прес-конференција објави дека Владата ги усвоила измените на Законот за градбба, со кои домаќинствата и компаниите ќе може да поставуваат фотонапонски централи на своите објекти без дозволи, односно решенија од матичните општини.

Се наоѓаме во сериозна светска енергетска криза, како министерство сме во контакти за обезбедување на најповолни услови за секој граѓанин да постави електроцентрали на своите објекти. И во постоечкиот закон има процедура, но најчесто од општината како локална самоуправа, но во ова време  неизвесноста обврзува поповолни и поедноставни процедури, рече Бочварски.

Законските измени ќе бидат доставени до Собрнаието и Бочварски ги повика сите пратеници да се вклучат проактивно. Министерот очекува по овој закон да се расправа уште на првата седница во септември.

Фотонапонските централи можат да бидат поставени кај домаќинствата до 6 киловати и кај правните лица до 40 киловати, а на колективните згради може да се постават од страна на заедницата на станари, но електричната енергија да се користи само за заедничките простории. На граѓаните нема да им биде потребно одобрение или решение од општината. Инвеститорите треба само да ја известат матичната општина и да достават извод од централен регистар доколку се работи за фирма, или копија од лична карта ако се рбаоти за физичко лице. Потребен ќе биде и имотен лист за објектот или договор со сопственикот на објектот, како и основен проект за поставување на фотонапонска електроцентрала.

Мора да се ангаќира лиценциран изведувач кој ќе одговара кривично ако централите надминуваат 6, односно 40 киловати. Приклучокот се приклучува до ЕВН, а контрола врз градбата ќе вршат градежните инспектори. Со ова би сакал да потенцирам дека излегуваме во пресрет на комортите, бизнис-секторот, компаниите и граѓаните, а неискористената енергија на домаќинствата се враќа во енергетскиот сектор, односно се впушта во системот, наведе Бочварски.

Тој додаде дека е информиран и од министерот за економија Крешник Бектеши дека се скратува и процедурата во ЕВН за обезбедување приклучок со фото-централата која одземаше време.

Промовирани огласи »

Засега не се предвидуваат никакви дополнителни превентивни мерки, освен оние што се актуелни и во сила – за болниците, јавниот превоз, аптеките и за домовите за стари лица. Конкретно за училиштата, засега нема, изјави за МИА д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.

За учениците од второ и од петто одделение има нови наставни програми според Концепцијата за основно образование која од лани се спроведува етапно.

За овие ученици, како и за тие од прво и четврто, учебниците ќе доцнат поради измената на наставните програми кои се во различни фази на одобрување.

Министерството за образование наука соопшти дека за да се задржи континуитетот, заедно со Бирото за развој на образованието има подготвено соодветни наставни материјали за овие ученици од кои ќе учат на почетокот на учебната година.За останатите одделенија, за кои важат старите наставни програми, како и за средното образование, учебниците ќе бидат навреме доставени. Учебниците од четврто и погорните одделенија освен во печатен, ќе бидат достапни и во дигитален формат на порталот e-ucebnici.mon.gov.mk.

Промовирани огласи »

Турскиот милијардер Фарук Фатих Озер, кој се бараше со меѓународна потерница за измама со криптовалути, денеска е уапсен од албанската полиција. Според изворите на А2 Си-Ен-Ен, тој избегал од Турција измамувајќи десетици илјади Турци, кои своите пари ги вложиле во турската виртуелна валута „Тодекс“.

Компанијата преку која работеше Озер прогласи банкрот, а во меѓувреме тој е фатен од полицијата во градот Елбасан. Фарук Фатих Озер на 20 април побегна од Турција со 108 милиони долари и се сомнева дека одреден период престојувал и во Албанија. 

По него беше распишана потерница од турските власти, откако беше обвинет за измама вредна 2 милијарди долари со виртуелни криптовалути.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »