Промовирани огласи »

Управниот одбор на ЈП „Национални шуми“ го објави новиот ценовник за купување на огревно дрво, откако Владата го прифати на минатонеделната седница. Според истиот, цените се зголемени за 20 отсто во однос на претходните кои не се променети од 2009, пренесува Фактор. 

Најскапото и најквалитетното дрво - она од даб, се зголемува од 2.900 денари на 3.564 денари по кубен метар.

Во Ценовникот поскапени се и другите огревни дрва - буката е 3.444 денари, јаворот е 3.204, тополата е 3.084 денари по кубик, итн.

Одлуката следува откако месецов Владата се реши за определување највисоката трговска маржа на 10 отсто како посебен услов во трговијата за: огревно дрво од даб; огревно дрво од бука и пелети за огрев. Истовремено забранет е и извозот на овие производи.

Поскапувањето следува иако во годишниот финансиски извештај на јавното претпријатие за 2021 е евидентирана добивка од 100 милиони денари. 

Целата анализа на Фактор.

Промовирани огласи »

Во насока на стимулирање на младите лица да користат алтернативен и еколошки начин за превоз, Советот на Град Скопје на Влера одржаната седница донесе одлуки за субвенционирање на млади лица, за набавка на електрични тротинети и велосипеди. 

Со одлуките за првпат се предвидуваат субвенции за млади лица, на возраст до 29 години, кои се жители на Град Скопје.

Со првата одлука Градот Скопје ќе субвенционира купување на електрични тротинети за млади лица. Максималниот износ за поединечна субвенција за купување електричен тротинет по лице се утврдува во износ од 50% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 8.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. 

Со втората одлука Градот Скопје ќе субвенционира купување на велосипеди за млади лица. 

Промовирани огласи »

Единствена причина за зголемувањето на сметките за топлинска енергија што ги добија граѓаните за август е тоа што во нив не е вкалкулирана субвенцијата која што ја дава Владата за потрошувачите на топлинска енергија во Градот Скопје и од тие причини се значително зголемени, порача денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски и додаде дека сметките се зголемени за 40-тина проценти.

Тој на прес-конференција посочи дека РКЕ бара БЕГ да ги сторнира сите сметки коишто се испратени до потрошувачите и да се изготват нови сметки во коишто ќе биде вкалкулирана субвенцијата која што ја добиваат граѓаните од страна на Владата. За оние граѓани кои веќе ги платиле сметките рече дека ќе им биде вратена разликата во сумата во наредните сметки без разлика дали дејноста ќе ја врши БЕГ или некоја друга компанија.

Средства во Буџетот на државата се обезбедени. Исто така, има одредена одлука која што е донесена веќе еднаш. Доколку е таа со изминат рок ќе се донесе нова одлука со која што уште еднаш ќе се потврди дека потрошувачите на топлинска енергија во Градот Скопје ќе ги добијат субвенциите, рече Бислимоски.

Нагласи дека е невообичаено сметките да се испраќаат на 30 и 31 август , бидејќи месецот не бил се уште завршен. Потенцира дека БЕГ треба да ги сторнира и да бидат изготвени нови сметки во коишто ќе биде вкалкулирана и субвенцијата која што ја дава Владата за потрошувачите на топлинска енергија во Градот Скопје.

Сметам дека немало потреба да се испраќаат сметки на 30 и 31 август. Не мие јасно зашто од БЕГ не не информирале за тоа и треба да ја исправат грешката што ја направиле со сторинирање на фактурите и граѓаните да добијат сметки за топлинска енергија како што беше договорено, посочи Бислимоски.

Прашан дали е точна информацијата дека не не набавен гас за потребите на загревањето на скопјани кои се приклучени на централно греење, претседателотна РКЕ рече дека има информации оти компанијата што планира да го преземе снабдувањето со топлинска енергија е во комуникација со најголемиот трговец со природен гас во земјава за да го обезбеди овој енергенс за потребите на домаќинствата.

Со оваа цена на природен гас која минатата недела беше 3.500 долари за нормален кубен метар, а деновиве има тренд на намалување ако може тоа да се каже и сега чини 2.600 долари треба сериозно да се размисли дали ќе постои и опција со мазут доколку цената е висока. Верувам дека ќе биде обезбеден гас, а и ТЕ-ТО ќе работи во септевмри, рече Бислимоски.

Нагласи дека ТЕ-ТО мора да работи во грејната сезона бидејќи цената што ја дава за греењето е за 60-тина проценти пониска од  цената на топланите, а плус тоа се обезбедува и да нема агадување во градот Скопје.

Работењето на ТЕ-ТО во делот на електричната енергија е неопходно во зимските месеци од технички аспект за да ги стабилизра напонскит еприлики во мрежата. Според мене, не постои опција ТЕ-ТО да не работи во текот на змеиските месеци, потенцира Бислимоски и додаде дека веќе е прогласена кризна сиосотјба во енергетиката и државата ќе најде начин за да функционира системот за топлинска и за електрична енергија.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска  донесе вонредна одлука за цените на нафтените деривати со која се намалуваат цените на бензините за два денари, а условот да се намали дизелот се уште не е исполнет, информира претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Во изминатиот период имаше голем број на шпекулации за начинот на формирање на цените на нафтените деривати. РКЕ ги следи цените на медитеранската берза и за тоа од ПЛАЦ добива потврда за секој нафтен дериват посебно за бензин, посебно за дизел, посебно за екстра лесно, посебно за мазут. Цената на бренд нафтата ние не ја земаме во предвид бидејќи, за жал, во државата немаме рафинерија која што произведува нафтени деривати. Од овие причини со новата методологија ги земаме во предвид цените на бензините посебно, цените на дизелот посебно, посебно на екстра лесното и посебно на мазутот, рече Бислимоски на денешната прес-конференција.

Тој нагласи дека во август имаше драстична промена на односот цена на бензин и на дизел на светски берзи.

За првпат откога го пратиме ние овој сектор, цената на бензините е пониска од цената на дизелот не во Македонија, туку и на светските берзи. Овие податоци од ПЛАЦ коишто ги користиме имаме обврска како што ги преземаме така да ги применуваме. Доколку прекршиме кој било податок добиен од ПЛАЦ ќе бидеме изложени да плаќаме сериозни пенали во милионски суми. Нема теоретска шанса РКЕ да даде котација во еден ден која што е различна на ПЛАЦ. Дополнително истите тие податоци ги користат и сите трговци со нафта и нафтени деривати и доколку приметат дека ние работиме спротивно на податоците од ПЛАЦ ќе имаме сериозни проблеми, појасни Бислимоски.

Како што кажа со истите податоци работат и во Хрватска, во Црна Гора, Србија, Словенија.

Тоа што го објавува ПЛАЦ од медитеранската берза ние го ставаме во нашите пресметки, земајќи го во предвид и курсот на доларот. Факт е дека последниве две-три недели курсот на доларот е речиси залепен до курсот на еврото. И тоа беа главни причини за зголемување на цената на дизелот. Ниту имало идеи намерно да се зголемува цената на дизелот, па заради тоа да се полни буџетот, сето тоа се шпекулации и невистини од највулгарен тип, истакна Бислимоски и додаде дека на овие влезни параметри цена на светски берзи и курс на долар се додаваат давачките коишто се кон државата.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »