Промовирани огласи »

Државниот инспекторат за труд донесе решение за забрана за работа на Агенцијата за посредување при вработување во земјата и странство „Венера Кемаловски’’ од Битола.

Забраната е во траење од триесет дена, а инспекторатот ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка.

Вонредните инспекциски надзори беа извршени на 5 и на 14 јули по објавените информации дека група студенти биле измамени за работа во Германија од страна на оваа агенција.

Промовирани огласи »

На 2628 странци лани им се издадени дозволи за работа во БиХ, покажуваат податоците од Агенцијата за работа и вработување во БиХ. 

Работници во БиХ имало од Србија, Турција, Хрватска, Кина и Италија. 

Врз основа на податоците може да се заклучи дека работодавците ќе мораат да увезуваат работници затоа што домашните работници заминуваат во странство. 

Од вкупниот број на издадени дозволи, 60% се за работа во трговија. 

Има голем број дозволи за преработувачката индустрија, 430, за работа со недвижнини се издадени 278 дозволи и за во образование имало 246 дозволи. 

Лани во БиХ дошле поради работа 752 граѓани на Србија, 322 од Турција, 197 од Хрватска, 170 од Кина и 128 од Италија. 

Промовирани огласи »

Во Хрватска денеска на сила стапи закон за субвенционирање станбени кредити со кој е предвидено државата 4 години да плаќа половина од ратата за кредит на млади брачни парови за купување прв стан или куќа.

Доколку во тој период добијат дете рокот ќе се продолжи за две години.

Со законот се овозможува купување нови и стари станови или куќа чија вредност не надминува 1.500 евра по квадрат.

Државата кофинансира кредити што не надминуваат 100.000 евра.

Со банките е договорено ефективната каматна стапка на тие кредити да не надминува 3,75 отсто годишно.

Промовирани огласи »

Авио компанијата „Катар Ервејз“ од денеска воспоставува директна авионска линија од Доха за Скопје.

Новата авио линија ќе биде промовирана со пристигнувањето на првиот авион од Доха на скопскиот аеродром „Александар Велики“.

Во петокот на скопскиот аеродром, ТАВ Македонија промовираше уште три нови авио линии и тоа до Малта, Рим и Ваксјо.

Со воведувањето на новите авио линии и зголемувањето на фреквенциите на постојаните рути на двата аеродрома во Македонија се очекува зголемување на бројот на патници и пораст на авиосообраќајот во втората половина од годинава.

Во првите шест месеци од годинава забележан е пораст од шест отсто на бројот на патници споредено со истиот период минатата година, или на двата македонски аееродрома, скопскиот „Александар Велики“ и охридскиот „Св. Апостол Павле“, од јануари до јуни поминале вкупно 860.130 патници.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »