Промовирани огласи »

Темата за булингот, односно врсничкото психичко и физичко насилство, повторно се актуелизираше.

Несомнено, оваа појава е присутна на големо во македонските училишта.

Причини има многу, исто толку и неубави искуства кои во најголем број случаи може да остават низа далекусежни последици. Јавноста прстот го вперува во семејството, но и во образовниот систем и неговите (не) стручни служби.

Целиот теккст прочитајте го на skopjeinfo.mk

Промовирани огласи »

На азиските берзи утрово се тргува внимателно бидејќи развојот на ситуацијата во повеќето економии во светот не поддржува поризични инвестиции, додека вредноста на доларот во однос на кошницата валути достигна ново највисоко ниво во последните 20 години.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, беше во минус од 0,4 отсто околу 6:30 часот.

Истовремено, на токиската берза индексот Никеи ослабе за 0,1 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја и Хонг Конг паднаа меѓу 0,2 и 1,2 отсто. Во Австралија и Шангај се зголемени за 0,1 отсто. На азиските берзи има претпазливост бидејќи новите макроекономски податоци укажуваат на натамошно забавување на растот на кинеската економија, што може да има негативно влијание врз другите економии во регионот.

Покрај тоа, инвеститорите се загрижени за ситуацијата во Европа, каде енергетската криза може да предизвика рецесија. За време на викендот, Германија објави дека планира да потроши 65 милијарди евра за заштита на граѓаните и бизнисите од зголемените трошоци, додека Финска и Шведска понудија финансиски гаранции за да ги одржат енергетските компании отворени.

Сето тоа е последица на недостигот на енергенси и силното зголемување на нивните цени поради војната во Украина. Дополнително, поради високата инфлација, се очекува дополнително агресивно зголемување на каматните стапки и во САД и во Европа, што дополнително ќе го забави растот на економиите.

На валутниот пазар вредноста на доларот во однос на кошницата валути дополнително порасна, откако растеше три недели по ред, достигнувајќи ново 20-годишно ниво. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава достигна 110,08 поени, додека во петокот навечер беше 109,50 поени.

Еврото е под притисок бидејќи рускиот енергетски гигант Газпром во петокот соопшти дека нема да продолжи со испораките на природен гас за Германија преку Северен тек 1 поради истекување масло. Тоа може да ја продлабочи енергетската криза во еврозоната и да ја турне економијата во рецесија. Од друга страна, рекордно високата инфлација во зоната ја притиска Европската централна банка за агресивно заострување на монетарната политика.

Промовирани огласи »

Во интерес на точно и правилно информирање на јавноста, а особено на нашите корисници, сакаме да појасниме дека според последната одлука за цената на електрична енергија на Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ), која влезе во сила на 01.07.2022 година, се издвои ставката за надомест за пренос и дистрибуција за потрошена електрична енергија и за корисниците домаќинства, кои се снабдуваат со електрична енергија на регулиран пазар. Имено ставката за пренос и дистрибуција на електрична енергија и досега беше дел од структурата на сметката за електрична енергија, интегрирана во тарифите за енергија, а сега со новата одлука на РКЕ, се издвојува посебно. Со тоа крајната сума на сметката за потрошена елeктрична енергија е иста без оглед дали преносoт и дистрибуцијата се одвоени со посебна ставка или не. Сега со новата одлука на РКЕ, корисниците имаат транспарентен увид во целосната структура на сметките за електрична енергија. Овие измени се во согласност со европските регулативи за либерализиран пазар на електрична енергија кои поради целосна транспарентност препорачуваат одвоени ставки за сите тарифи во фактурите за потрошена електрична енергија.

Останатите корисници во државата, кои се снабдуваат со електрична енергија на слободниот пазар од многу порано имаат вакви одвоени ставки во своите фактури за електрична енергија. Со оваа измена им се дава можност и на корисниците во случај на промени на снабдувач, да имаат преглед колку е мрежарина за одржување на системот на МЕПСО и Електродистрибуција, а колку е енергија, која исто така е променлива сума во зависност од тековната цена на пазарот.

Надоместокот за користење на преносниот и дистрибутивниот систем се добива како производ од потрошената енергија и тарифата за пренос и дистрибуција согласно Одлуката на РКЕ.

Бидејќи ЕВН Хоме е регулирана компанија, секоја тарифа во врска со електричната енергија се одредува од страна на РКЕ. ЕВН Хоме не одредува цена за ниту една ставка во фактурите за електрична енергија.

На линкот подолу имате информации во врска со новиот тарифен систем и фактурите:

https://evn.mk/getdoc/e9afb59c-7a28-4bde-b300-88cc9498758d/Informacii-za-fakturi.aspx

Во однос на загубите на електрична енрегија во електродистрибутивната мрежа, сакаме да појасниме дека не е точно дека сите загуби на електрична енергија се признаваат и влегуваат во цената на електричната енергија. Регулаторната комисија за енергетика признава само дел од вистинските загуби на електрична енергија, додека значителни количини на загуби на електрична енергија не се признаени и паѓаат директно на товар на компанијата, а не на корисниците. Напоменуваме дека во Законот на енергетика е дефинирано дека загубите на електрична енергија се признаваат согласно план за намалување на загуби кој го изготвува компанијата, а го одобрува РКЕ. Меѓутоа, во постапката за одобрување на планот за намалување на загуби, РКЕ никогаш не ги прифати реалните загуби на електрична енергија како почетна вредност која постепено се намалува во периодот за кој се однесува планот. Наспроти тоа секогаш се земаат потценети вредности односно се признаваат пониски вредности за над 2 процентни поени на загуби односно не се признаваат околу 120 GWh годишно. Како резултат на тоа, компанијата се соочува со огромни трошоци кои не се признаени од страна на РКЕ во тарифите за дистрибуција на електрична енергија.

Оваа година, Електродистрибуција ги набавува загубите на електрична енергија по цена од 175 евра за MWh, што значи дека набавката на 120 GWh непризнаени загуби ја чини компанијата над 20 милиони евра непризнаени трошоци. Доколку истите количини се набават по актуелните пазарни цени, загубата е неколкукратно повисока. Ова претставува огромно финансиско оптоварување за компанијата која директно влијае врз нормалното вршење на дејноста.

Во периодот до 2022 година, ЕВН успеа да ги намали загубите до ниво од околу 14%, што претставува огромно намалување кое се должи на комплексни активности и големи инвестиции кои ги спроведе компанијата.

Нивото на загуби на електрична енергија во 2006 година, во електродистрибутивната мрежа беа 28% од енергијата влезена во дистрибутивниот систем. Загубите на електрична енергија се состојат од технички и комерцијални. Првите настануваат во самиот систем односно се губи енергија при самото работење на енергетската инфраструктура и се неизбежни, а комерцијални се кражбите на електрична енергија со кои и денес се соочуваме. 

Промовирани огласи »

Швајцарија – Светската здравствена организација (СЗО) следи неколку случаи на пневмонија од непознато потекло во Аргентина, каде досега се регистрирани три смртни случаи.

Десет случаи се поврзани со приватна клиника во северозападниот аргентински град Сан Мигел де Тукуман, соопшти Панамериканската здравствена организација, регионалната канцеларија на СЗО.

Негативни се сите досегашни направени тестови за познати респираторни вируси и други вирусни, бактериски и габични агенси, а властите ја отфрлаат можноста за Ковид-19, се наведува во соопштението, пренесува „Скај Њуз“.

Мајкл Остерхом, експерт за заразни белодробни заболувања од Универзитетот во Минесота, смета дека причината за болеста може да биде нешто што пациентите го вдишувале, бидејќи белите дробови на пациентите во голема мера се погодени од инфекцијата.

Според него, понекогаш се јавуваат „мистериозни болести“, а најчесто се објаснуваат со локални причини кои генерално немаат пандемични импликации. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »