Промовирани огласи »

Нови ценовни шокови за граѓаните во делот на комуналните услуги. Околу 90 претпријатија здружени под капата на здружението АДКОМ бараат средба со претставници од Влада за изнаоѓање решение, до сега велат не добиле никаков одговор од Влада.

Следен чекор е повисоки цени на комуналните услуги велат од АДКОМ, причината е во енормните сметки за струја кои им стигнале на претпријатијата.

Итно да профункционира социјалниот дијалог за да им се помогне на работниците, бизнис секторот и јавно-комуналните претпријатија побезболно да ја пребродат енергетската и економската криза, како и да се субвенционира струјата во индустриските капацитети и комуналните претрпијатија, побараа вчера од Конфедерацијата на слободни синдикати.

На 18 јули АДКОМ јавно побара средба со претставници на владата на кои ќе се разгледа можноста за субвенции и поддршка на претпријатијата кои имаат неколкукратен раст на трошоците предизвикан пред се поради енормниот раст на трошоците за електрична енергија.

Од Влада не одговорија дали планираат да има средба со здружението АДКОМ и кога? И дали планира да им помогне финансиски на здружението за да не поскапат комуналиите и целиот товар да не падне врз грбот на граѓаните. 

Извор: 24ТВ

Промовирани огласи »

Fames Lounge and Coffee Bar започна со работа во 2019 година и нуди пријатна и мирна атмосфера, опкружена со зеленило, која се наоѓа во срцето на Автокоманда. 

Во моментов вработуваат:

ХИГИЕНИЧАР/КА

ПЕРСОНАЛ НА РЕСТОРАН

КЕЛНЕР/КА - ШАНКЕР/КА

За да ги видите и аплицирате на огласите кликнете ТУКА

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,92% во однос на одлуката од 2.09.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,277 ден/кг и сега ќе изнесува 52,463 ден/кг.

Од 6.9.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин   ЕУРОСУПЕР БС – 95      85,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин    ЕУРОСУПЕР БС – 98     88,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво      ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)   98,00 (денари/литар)
  • Масло за горење   Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)    94,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС   52,463 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,983%, кај дизелот за 1,812%, кај екстра лесното масло за 4,293%  и кај мазутот намалување за 0,568%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,068%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 6.9.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

Промовирани огласи »

Јавниот сектор да работи два часа помалку, од 9 до 15 часот, кога има најмногу дневна светлина и кога е најтопло во текот на денот, е мерката за заштеда на електична енергија што ја предлага Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС).

Како што соопшти денеска претседателот на КСС, Благоја Ралповски енергијата што ќе се заштеди од јавните институции потоа да им се даде како помош на бизнис секторот и јавно – комунлните претпријатија за да се спречат поголеми ценовни шокови.

Може да се направи рационализација, јавниот сектор може да работи со скратено работно време од  два часа со што ќе се заштедат големи количини електрична енергија. Може да се направат дежурни тимови кои ќе ги сервисираат неопходните дејности во текот на еден ден, истакна Ралповски.  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »