Промовирани огласи »

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами смета дека зимскиот распуст во училиштата треба да се продолжи на два месеца, но не само за време на енергетската криза, туку и потоа, со цел поголемо штедење.

Изготвуваме ист допис до Влада за тоа да важи за сите училишта, бидејќи сметаме дека не само сега за време на енергетската криза во која се наоѓа државата и треба да штедиме, туку сметаме дека вакво нешто е потребно согласно најдобрите европски искуства. Зимскиот распуст треба да се продолжи со цел и децата да можат да го планираат нивниот одмор, но сега во енергетската криза мислам дека ова е најсоодветно. Јас ќе бидам во комуникација со градоначалникот на општина Гостивар со цел истата иницијатива да ја продолжиме и преку заедниците на локалната самоуправа, рече градоначалникот на општина Тетово, Биљал Касами.

И првиот човек на Гостивар, Таравари претходно побара зимскиот распуст да трае два месеца – декември и јануари, со цел штедење на струја. Вели дека предлогот го доставил до Министерството за образование, а идејата наишла на поддршка од многу градоначалници.

Целиот текст прочитајте го на mkTV21.mk

Промовирани огласи »

BBC One ја прекина целата своја редовна програма најмалку до 18 часот.

Медиумската корпорација ја донесе оваа одлука да го прекине своето редовно емитување на „Би-Би-Си Еден“ поради веста за здравјето на нејзиното височество Елизабета Втора.

Емитувањето е прекинато за да се информираат гледачите дека лекарите на британската кралица се загрижени за нејзиното здравје, соопшти Бакингемската палата. И таму почнаа да се собираат граѓани, загрижени за здравствената состојба на кралицата.

Поранешниот кралски дописник, Ричард Самнер, за Би-би-си вели дека внимателната формулација на изјавата на Бакингемската палата во врска со здравствената состојба на британската кралица Елизабета Втора сугерира оти „веројатно се случува нешто сериозно“.

Претходно денеска, од палатата соопштија дека 96-годишната британска кралица е под медицински надзор во Балморал, откако лекарите се загрижија за нејзиното здравје

Во меѓувреме и другите светски медиуми започнаа да одат во живо од Лондон, но и од замокот во Шкотска каде претстојува таа во моментов.

Промовирани огласи »

Субвенции за летови ќе има според правилата за државна помош на Европската унија. Министерството за транспорт и врски до Владата достави нова уредба со која дефинираше нов модел за распределба на финансиска поддршка за авиолинии, информира во интервју за МИА министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Ќе може да се вклучат што е можно повеќе оператори и да не се врзуваме само за еден. Исто така го ограничуваме интензитетот на субвенционирање како што налага и бара Европската комисија, се со цел да овозможиме што повеќе дестинации за граѓаните и да го развиеме авиосообраќајот, вели Бочварски.

Тој очекува јавниот меѓународен повик да биде објавен  во текот на есента и на него да се пријават поголем број заинтересирани компании.

Предност ќе имаат авиокомпаниите што ќе понудат поголеми воздухоплови, директни линии до поголеми аеродроми и повеќе летови неделно. Во договорот ќе стои дека операторот ќе треба да ги опслужува линиите и по истекот на договорниот рок за период колку што добивал државна поддршка.

Министерството за транспорт и врски подготви и до Владата достави нова уредба за распределба на финансиска поддршка за авиолинии. Што предвидува уредбата?

Како Министерство за транспорт и врски во текот на изминатите месеци работевме на креирање на уредбата заедно со повеќе институции. Многу ми е драго што уредбата веќе ја комунициравме со Европската комисија и оттаму добивме зелено светло, но и заради тоа што таа е конкретизирана на аспектот да вклучи што е можно повеќе оператори, да не се врзуваме само за еден. Го ограничуваме интензитетот на субвенционирање како што налага и бара ЕК како ограничување на финансиската поддршка што ќе ја даде една држава на оператори за да вршат одредени летови. Драго ми е што најдовме модел и решение и заради тоа што ова е комплетна транспарентна постапка во која што веќе пред донесувањето ги вклучивме сите институции и страни што се клучни за да донесеме уредба со која што ќе пристапиме кон отворање нови можности за граѓаните. Веќе ја доставивме до Владата, во текот на наредните недели ќе разговараме со законодавство и сите останати институции што ќе треба да дадат мислење по што ќе биде на усвојување на владина седница. По усвојувањето од страна на Владата ќе бидеме подготвени да формираме и комисија и да го распишеме повикот преку кој ќе бараме поддршка. Моите очекувања се дека веќе во текот на оваа есен ќе бидеме подготвени да го распишеме јавниот меѓународен повик на којшто очекуваме поголем број заинтересирани компании бидејќи овој пат нема да биде клучно да се поврземе со една компанија, туку со повеќе.

Промовирани огласи »

Побарувачката за закуп на недвижности на стартот на новата учебна и академска година почнува да се зголемува и ситуацијата е подобра од претходната година, меѓутоа не е како пред почетокот на пандемијата. Цените растат, меѓутоа имајќи ја предвид економската моќ на населението не се очекува толку драстично да се зголемат, велат за МИА од Групацијата за недвижности при Стопанската комора на Северна Македонија.

Локациски, најголема побарувачка за закуп на недвижности има околу факултетите, како и во општините Карпош, Центар, Кисела Вода, Аеродром на локации кои се во близина на образовните установи или каде има достапни автобуски линии за превоз на студентите. Најголем интерес за закуп на недвижности во главниот град, според информациите од агенциите за недвижности има за домување, а за деловен простор се помалку.

Исто така, побарувачката во најголем дел е од домашни државјани, додека странци има сѐ помалку.

Може да се каже дека пандемијата различно се одрази врз продажбата од една, и закупите од друга страна. Додека побарувачката за станови порасна, кај закупите не се забележа тој позитивен тренд. Состојбите се полоши од пред три години – посочуваат од Групацијата.

Според податоците од Регистарот на цени и закупи, просечната цена за закуп на стан и во првите два квартала годинава кај скопските општини е највисока во Центар, а најниска во Ѓорче Петров.

Во Центар, во првиот квартал годинава метар квадратен станбен простор се издава во просек за 299 денари, по што следат Карпош  со 269, Аеродром со 260, Кисела Вода со 213, Гази Баба 198, Чаир 183, Ѓорче Петров со 164. Веќе во вториот квартал се забалежува мал раст, односно во Центар се плаќа по 303 денари по метар квадратен станбена површина, во Карпош 263, во Аеродром 241, Кисела Вода 202, Гази Баба 193, Чаир 174, а Ѓорче Петров 166 денари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »