Промовирани огласи »

АРС СТУДИО е основано во 2000 година. Од скромните почетоци како центар за едукација на деца и возрасни, за брзо време скокнаа во бурните преведувачки води и пловејќи по бранот на барањата на љубителите на пишаниот збор, денес се сосредоточени на тоа да ги приближат врвовите од стручната литература и ѕвездите меѓу книжевните дела до македонските читатели.

Моментално имаат отворени работни позиции за:

УРЕДНИК ВО ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТ
ПРОФЕСОР ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК
ДЕЛОВЕН АСИСТЕНТ
ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОДАЖБА

 

Промовирани огласи »

Цените на основните прехранбени производи секојдневно растат, а граѓаните како да се навикнаа на овој тренд.

Сепак, има разлика во цените на еден производ од еден до друг маркет.

Ценометар ја објави најновата анализа на цените на храната во маркетите во Скопје.

Килограм банани се движат од 69 – 77 денари, лимонот од 75-99 денари, доматите од 65-112 денари.

Краставици нема поевтини од 70 денари. Литар масло за јадење ќе ве чини од 135 – 155 денари. Литар млеко од 50- 70 денари. Кашкавал може да најдете по цена над 450 денари за килограм. Меленото месо е од 250 нагоре. 

Сите цени низ поголемите скопски маркети може да ги најдете на следниов линк. 

Промовирани огласи »

Во овој говор за TEDx во Скопје поддржан од КАРИЕРА.мк е Ардита Зекири, која имаше привилегија и чест да го одржи нејзиниот TEDx говор.

Ардита Зекири зборува за важноста на одучувањето и причината што треба да биде свесна одлука. Ардита Зекири е родена и израсната во Северна Македонија и течно зборува 5 јазици. Таа сака да чита, да патува и животот и кариерата ги има посветено на социјалните услуги. Дипломирала по комуникациски науки и технологија, завршила магистер по општествени науки на Универзитетот Џејкобс во Бремен, а моментално завршува магистерска програма за вештачка интелигенција во јавниот сектор на Univesidad Politecnica de Madrid.

Ардита моментално работи како Раководител за мапирање решенија во Акцелераторската лабораторија во Северна Македонија. Нејзината работа се фокусира на иновациите и како можеме да научиме од колективното знаење со цел да дизајнираме подобри и влијателни иницијативи за справување со лошите предизвици и сложеноста во развојната работа.

Промовирани огласи »

Нови цени на нафтените деривати ќе има денеска, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Имено, бензините, како и дизелот поевтинуваат за 1 денар.

  • ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,5 ден/л
  • ЕУРОСУПЕР БС – 98+ – 87 ден/л
  • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 97 ден/л
  • МАСЛО ЗА ГОРЕЊЕ ЕКСТРА ЛЕСНО 1(ЕЛ-1) 93,5 ден/л
  • МАЗУТ М-1 HC 51, 5 ден/кг В
Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »