Граѓаните стравуваат, синдикатите предупредуваат – владата молчи. Цените на основите продукти постојано растат, а се погласни се најавите дека рафтовите во маркетите ќе останат празни. Овие заклучоци Сојузот на синдикати ги темели на последната анализа на потрошувачката кошничка за август. Да се набават основните продукти потребни се 42.234 денари.
Септември ќе биде уште пооскуден за граѓаните велат од ССМ, со оглед на почетокот на учебната година.
Регионот го вклучи црвенотто светло и освен цените ги штити и количините на дел од основните прехранбени продукти. Србија ограничи, со исклучок на Македонија и Албанија, извоз на млечни суровини, а од денеска Хрватска утврди продажна цена на шеќерот, продукт кој почна да се ретчи во маркетите.
Во Македонија цените растат, а на потег е владата. ССНМ, изработила долга листа на предлози кои чека повик за да ги испорача за намалување на ценовните шокови. ССМ реагира дека се наближува зимата, а владата сѐ уште не ги седнала на маса претставниците на работниците.
Целиот текст прочитајте го на novlist.mk