Што ја прави една компанија атрактивна за младите кои бараат работа? Работната средина, компаниската култура, тимскиот дух, платата, останати бенефиции се дел од критериумите на барателите на работа. Во денешно време една од клучните работи на кои младите се фокусираат е тимот со кој ќе работат и позитивната работна култура која што ќе им донесе задоволство и исполнување на кариерните аспирации.
Работна средина која им дава можност за лично и професиоанлно надоградување, континуирано учење и креативно изразување. Средина каде вработените ќе бидат вреднувани и слушнати. Како и останати бенефити преку кои вработените може да се релаксираат и развиваат на професионален и личен план.
Да се најде работно место кое ги исполнува овие услови, не секогаш е лесно.
Затоа како насока каде може да го барате и најдете вашето идно работно место, го споделуваме искуството на Павлинка Василева кој работи како Специјалист на корисничка поддршка во Мајорел, една од компаниите која им овозможува на вработените кариерен раст и развој во позитивна средина која дава поддршка и поттикнува напредок.
Зошто го избра Мајорел како твој работодавач?
Можноста да бидеш дел од една интернационална компанија со над 78 000 вработени на светско ниво, едноставно не се испушта. Самиот опис на Мајорел кажува за кариерниот развој кој го нуди компанијата. Токму затоа го избрав Мајорел како мој работодавач, заради можностите за напредок на професионален план со простор за слободно индивидуално изразување на квалитетите и знаењата.
Какво е твоето досегашно работно искуство во Мајорел?
За моето досегашно искуство во Мајорел со голем ентузијазам можам особено да ја нагласам приликата за кариерен раст со одлични колеги, крајно професионални во својата работа, од кои можеш многу да научиш, а сепак имаш простор креативно да се изразиш и надоградиш. На кратко, пријатна и прекрасна работна средина во која секој човек со амбиција и креативност би уживал да работи.
Што го прави работно искуство во Мајорел уникатно?
Поддршката и разбирањето која константно ја добиваш, придружени со одлична работна средина го прави моето работно искуство во Мајорел уникатно. Посебно ќе го истакнам тимскиот дух кој преовладува во секојдневното работење, едноставно сите сме сплотени во една целина, секогаш отворени за секое мислење, за секое искуство, за секој проблем и секогаш овде еден за друг со цел заедно да ја надминеме било која потешкотија.
Која е твојата препорака за заинтересираните кандидати?
Му препорачувам на секој кој има желба за кариерен раст, амбиција и идеја да се приклучи на тимот на Мајорел. Мајорел дава посебен акцент и вредност на сечиј труд и секоја вештина која еден вработен ја поседува. Единствен услов е познавањето на германски и англиски јазик, а за возврат добиваш едно ретко и неповторливо искуство.
Мајорел е интернационална компанија со повеќе од 78 000 вработени во 41 земја ширум светот, обезбедува корисничка поддршка за едни од најпознатите светски брендови. Канцеларијата во Скопје обезбедува корисничка поддршка на германски и англиски јазик за клиент од туристичката индустрија.
Мајорел вработува без работно искуство, единствен услов е одлично познавање на германски и англиски јазик. Доколку сакате да станате дел од Мајорел, може да аплицирате на следниов линк.