Промовирани огласи »

Што ја прави една компанија атрактивна за младите кои бараат работа? Работната средина, компаниската култура, тимскиот дух, платата, останати бенефиции се дел од критериумите на барателите на работа. Во денешно време една од клучните работи на кои младите се фокусираат е тимот со кој ќе работат и позитивната работна култура која што ќе им донесе задоволство и исполнување на кариерните аспирации.

Работна средина која им дава можност за лично и професиоанлно надоградување, континуирано учење и креативно изразување. Средина каде вработените ќе бидат вреднувани и слушнати.  Како и останати бенефити преку кои вработените може да се релаксираат и развиваат на професионален и личен план.

Да се најде работно место кое ги исполнува овие услови, не секогаш е лесно.
Затоа како насока каде може да го барате и најдете вашето идно работно место, го споделуваме искуството на Павлинка Василева кој работи како Специјалист на корисничка поддршка во Мајорел, една од компаниите која им овозможува на вработените кариерен раст и развој во позитивна средина која дава поддршка и поттикнува напредок

Зошто го избра Мајорел како твој работодавач?

Можноста да бидеш дел од една интернационална компанија со над 78 000 вработени на светско ниво, едноставно не се испушта. Самиот опис на Мајорел кажува за кариерниот развој кој го нуди компанијата. Токму затоа го избрав Мајорел како мој работодавач, заради можностите за напредок на професионален план со простор за слободно индивидуално изразување на квалитетите и знаењата.

Какво е твоето досегашно работно искуство во Мајорел?

За моето досегашно искуство во Мајорел со голем ентузијазам можам особено да ја нагласам приликата за кариерен раст со одлични колеги, крајно професионални во својата работа, од кои можеш многу да научиш, а сепак имаш простор креативно да се изразиш и надоградиш. На кратко, пријатна и прекрасна работна средина во која секој човек со амбиција и креативност би уживал да работи.

Што го прави работно искуство во Мајорел уникатно?

Поддршката и разбирањето која константно ја добиваш, придружени со одлична работна средина го прави моето работно искуство во Мајорел уникатно. Посебно ќе го истакнам тимскиот дух кој преовладува во секојдневното работење, едноставно сите сме сплотени во една целина, секогаш отворени за секое мислење, за секое искуство, за секој проблем и секогаш овде еден за друг со цел заедно да ја надминеме било која потешкотија.

Која е твојата препорака за заинтересираните кандидати?

Му препорачувам на секој кој има желба за кариерен раст, амбиција и идеја да се приклучи на тимот на Мајорел. Мајорел дава посебен акцент и вредност на сечиј труд и секоја вештина која еден вработен ја поседува. Единствен услов е познавањето на германски и англиски јазик, а за возврат добиваш едно ретко и неповторливо искуство.

Мајорел е интернационална компанија со повеќе од 78 000 вработени во 41 земја ширум светот, обезбедува корисничка поддршка за едни од најпознатите светски брендови. Канцеларијата во Скопје обезбедува корисничка поддршка на германски и англиски јазик за клиент од туристичката индустрија.

Мајорел вработува без работно искуство, единствен услов е одлично познавање на германски и англиски јазик. Доколку сакате да станате дел од Мајорел, може да аплицирате на следниов линк.

Промовирани огласи »

Соседна Албанија од септември го зголеми износот на минималната плата за 9,5 отсто, а за шест проценти ќе бидат повисоки пензиите, како дел од антикризните мерки. Минималната плата се зголемува за 2.000 лека (17 евра) и ќе изнесува 34.000 лека (284 евра).

Околу 900.000 граѓани ќе имаат корист од зголемувањето на минималната плата и индексирањето на пензиите. Ова се мерки преземени во вториот социјален пакет за справување со поскапувањето, што погоди доста албански семејства, особено оние со ниски плати. 

И соседна Србија го зголемува минималецот. Од 1 јануари тој ќе изнесува 40.020 денари. 

foto freepik.com/johan111

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,41% во однос на одлуката од 12.09.2022 година.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 16.9.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 87,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 95,00 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 93,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 51,473 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,341%, кај дизелот намалување за 1,779%, кај екстра лесното масло намалување за 1,389% и кај мазутот намалување за 1,067%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,058%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 16.9.2022 година.

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Промовирани огласи »

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, вчера повторно упати апел да се штеди струја, потенцирајќи ги истовремено и правата на потрошувачите.

Гледам дека во јавноста кога се пренесува веста дека во одреден земји препорачуваат да се тушираат кратко – ние се шегуваме, но верувајте ѓаволот ја однесе шегата. Мора да се штеди. Состојбата е тешка, ќе има проблеми во Европа, ние треба да сме подготвени на се. Мора да се мобилизираат сите ресурси. Франција од извозно ориентирана земја, стана увозно зависна на електрична енергија затоа што затвори нуклеарни централи, изјави вчера Бислимоски во телевизиско гостување.

Причина за повисоките сметки е покривањето на загубите поради цената на струјата, потенцира тој.

Граѓаните забележуваат дека кај некои мрежарината е повисока отколку потрошувачката. ЕВН Хоум откупува струја од ЕСМ и факт е дека таа цена е субвенционирана од државата и е 48 евра за мегават час. Тоа е првиот дел од сметката. Вториот дел кој е повисок е мрежарината. Тоа е пренос, оперативни трошоци, покривање загуби во мрежата и амортизација. Загубите до годинава беа околу 30 отсто. Годинава ЕСМ ги продава загубите за 143 евра или околу 10 денари по киловат, а претходно биле околу 3 до 3,5 денари. Причина за качување на сметките е покривањето на загубите поради цената на струјата. Во останатиот дел РКЕ ги држи цените. Ако ЕСМ понудел цена од 56 евра, тогаш мрежарината би била пониска за околу 40 отсто отколку сега. ЕСМ се јави на тендер со 143 евра, појасни Бислимоски.

Додава и дека снабдувачите треба да покажат коректност, а во таа смисла и државата ја ограничи маржата на не повеќе од 10 отсто.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »