Промовирани огласи »

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, вчера повторно упати апел да се штеди струја, потенцирајќи ги истовремено и правата на потрошувачите.

Гледам дека во јавноста кога се пренесува веста дека во одреден земји препорачуваат да се тушираат кратко – ние се шегуваме, но верувајте ѓаволот ја однесе шегата. Мора да се штеди. Состојбата е тешка, ќе има проблеми во Европа, ние треба да сме подготвени на се. Мора да се мобилизираат сите ресурси. Франција од извозно ориентирана земја, стана увозно зависна на електрична енергија затоа што затвори нуклеарни централи, изјави вчера Бислимоски во телевизиско гостување.

Причина за повисоките сметки е покривањето на загубите поради цената на струјата, потенцира тој.

Граѓаните забележуваат дека кај некои мрежарината е повисока отколку потрошувачката. ЕВН Хоум откупува струја од ЕСМ и факт е дека таа цена е субвенционирана од државата и е 48 евра за мегават час. Тоа е првиот дел од сметката. Вториот дел кој е повисок е мрежарината. Тоа е пренос, оперативни трошоци, покривање загуби во мрежата и амортизација. Загубите до годинава беа околу 30 отсто. Годинава ЕСМ ги продава загубите за 143 евра или околу 10 денари по киловат, а претходно биле околу 3 до 3,5 денари. Причина за качување на сметките е покривањето на загубите поради цената на струјата. Во останатиот дел РКЕ ги држи цените. Ако ЕСМ понудел цена од 56 евра, тогаш мрежарината би била пониска за околу 40 отсто отколку сега. ЕСМ се јави на тендер со 143 евра, појасни Бислимоски.

Додава и дека снабдувачите треба да покажат коректност, а во таа смисла и државата ја ограничи маржата на не повеќе од 10 отсто.

Промовирани огласи »

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, во емисијата „Економски магазин“ на Алсат ТВ синоќа  рече дека за време на пандемиската криза земјата го зголемила долгот за една милијарда евра.

Ова министерот го одговори во контекст на најавите дека ќе има даночни реформи во персоналниот данок, данокот на добивка, акцизите и ДДВ.

Ако зборуваме за Ковид, знаеме дека во тоа време не беше важно колку, туку беше важно да најдеш финансирање за да ја одржиш жива економијата. Кога хибернираше целата економија, имавме зголемување од 1 милијарда на јавниот долг. Тоа го направија сите земји во светот. Тоа беа препораки на ММФ, СБ, и тие дадоа нови инструменти, рече Бесими.

Министерот избегна да одговори каков е ефектот од ова задолжување и додаде дека во првата половина од 2022 повеќе од 300 милиони евра биле потрошени за увоз на енергија и енергетски суровини и тоа довело до притисок на буџетот.

Бесими додаде дека во моментов нема притисоци, формални и неформални, за повторно одложување на прогресивниот данок, кој треба да стапи на сила од 1 јануари 2023.

Промовирани огласи »

EQUILIBRIUM DAY & NIGHT е новоотворен ресторан кој се наоѓа во срцето на градот Скопје. 

Во моментот имаат потреба од персонал за следниве работни позиции:

ГОТВАЧ/КА
САЛАТЕР/КА
САДОМИЈАЧ/КА
ПОМОШНИК ВО КУЈНА
ВОЗАЧ/ДОСТАВУВАЧ

За сите останати активни огласи од EQUILIBRIUM DAY & NIGHT кликнете ТУКА

Промовирани огласи »

Уставните судии денеска се изјаснија дека го поддржуваат рефератот и поради тоа немало кворум за донесување одлука за случајот со недела неработен ден. 

Уставниот суд на денешната седница не одлучуваше по иницијативата поднесена од Стопанската комора на Северна Македонија поради немање кворум. Тоа значи дека законското решение за работни односи со кое се регулира работењето во недела останува и понатаму.

Судија Осман Кадриу на седницата посочи дека станува збор за иницијатива со чувствителна содржина затоа што со неа се оспорува во целост Законот објавен во Службен весник бр.288/2021..

Апсолутно не може да се доведе во прашање дека со оспорениот Закон се повредуваат уставните одредби. Со оваа иницијатива се индивидуализира и конкретизира едно право кое со Уставот се гарантира. Кога станува збор за права што Уставот ги гарантира тие добиваат на значење. Не може да се доведе во прашање сомнежот за уставноста на оспорениот Закон. Законот треба да продолжи да е во сила, вели Кадриу.

И за претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, нема ништо спорно во рефератот.

Крајно време беше да се донесе ваков Закон. Членот 2 е многу јасен и не е спротивен на ниту една одредба од Уставот. Нема подвојување на работодавачите, секој може да работи во недела, но тоа треба да им се плати. За мене ништо не е спорно во овој реферат, потенцираше Кацарска.

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) вчера го повика Уставниот суд да ја отфрли иницијативата на Стопанската комора, бидејќи, како што велат, е спротивна на Уставот. Според ССМ, со иницијативата ќе се задре во веќе утврдено право на непрекинат неделен одмор што се состои од најмалку 24 часа за период од седум дена на илјадници работници во државата.

  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »