Промовирани огласи »

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, во емисијата „Економски магазин“ на Алсат ТВ синоќа  рече дека за време на пандемиската криза земјата го зголемила долгот за една милијарда евра.

Ова министерот го одговори во контекст на најавите дека ќе има даночни реформи во персоналниот данок, данокот на добивка, акцизите и ДДВ.

Ако зборуваме за Ковид, знаеме дека во тоа време не беше важно колку, туку беше важно да најдеш финансирање за да ја одржиш жива економијата. Кога хибернираше целата економија, имавме зголемување од 1 милијарда на јавниот долг. Тоа го направија сите земји во светот. Тоа беа препораки на ММФ, СБ, и тие дадоа нови инструменти, рече Бесими.

Министерот избегна да одговори каков е ефектот од ова задолжување и додаде дека во првата половина од 2022 повеќе од 300 милиони евра биле потрошени за увоз на енергија и енергетски суровини и тоа довело до притисок на буџетот.

Бесими додаде дека во моментов нема притисоци, формални и неформални, за повторно одложување на прогресивниот данок, кој треба да стапи на сила од 1 јануари 2023.

Промовирани огласи »

EQUILIBRIUM DAY & NIGHT е новоотворен ресторан кој се наоѓа во срцето на градот Скопје. 

Во моментот имаат потреба од персонал за следниве работни позиции:

ГОТВАЧ/КА
САЛАТЕР/КА
САДОМИЈАЧ/КА
ПОМОШНИК ВО КУЈНА
ВОЗАЧ/ДОСТАВУВАЧ

За сите останати активни огласи од EQUILIBRIUM DAY & NIGHT кликнете ТУКА

Промовирани огласи »

Уставните судии денеска се изјаснија дека го поддржуваат рефератот и поради тоа немало кворум за донесување одлука за случајот со недела неработен ден. 

Уставниот суд на денешната седница не одлучуваше по иницијативата поднесена од Стопанската комора на Северна Македонија поради немање кворум. Тоа значи дека законското решение за работни односи со кое се регулира работењето во недела останува и понатаму.

Судија Осман Кадриу на седницата посочи дека станува збор за иницијатива со чувствителна содржина затоа што со неа се оспорува во целост Законот објавен во Службен весник бр.288/2021..

Апсолутно не може да се доведе во прашање дека со оспорениот Закон се повредуваат уставните одредби. Со оваа иницијатива се индивидуализира и конкретизира едно право кое со Уставот се гарантира. Кога станува збор за права што Уставот ги гарантира тие добиваат на значење. Не може да се доведе во прашање сомнежот за уставноста на оспорениот Закон. Законот треба да продолжи да е во сила, вели Кадриу.

И за претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, нема ништо спорно во рефератот.

Крајно време беше да се донесе ваков Закон. Членот 2 е многу јасен и не е спротивен на ниту една одредба од Уставот. Нема подвојување на работодавачите, секој може да работи во недела, но тоа треба да им се плати. За мене ништо не е спорно во овој реферат, потенцираше Кацарска.

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) вчера го повика Уставниот суд да ја отфрли иницијативата на Стопанската комора, бидејќи, како што велат, е спротивна на Уставот. Според ССМ, со иницијативата ќе се задре во веќе утврдено право на непрекинат неделен одмор што се состои од најмалку 24 часа за период од седум дена на илјадници работници во државата.

  

Промовирани огласи »

Со ребалансот на Буџетот за 2022 година се обезбедени 76 милиони евра за нови антикризни мерки. При крај е дизајнирањето на новиот пакет и се очекува на една од наредните седници на Владата да се расправа за оваа точка, информира портпаролот на Владата Душко Арсовски на денешната прес-кофнеренција во Владата.

Мерките, како што посочи тој, ќе бидат насочени првенствено за ранливите групи граѓани кои имаат најголема потреба за помош, а дел кон стопанството.

За исправноста на начинот на кој беше менаџирано со оваа криза која трае од минатата година доказ се и претходните пакет мерки. Да почекаме, очекуваме на една од наредните владини седници да се расправа за оваа точка, рече Арсовски.

Прашан дали е точно дека Бугарија ќе не снабдува со електрична енергија по цена од 420 евра по мегават час, Арсовски рече дека се уште не е утврдена цената.

Се уште не е утврдена таа цена. Од минатата недела активна е работната група на двете влади. Целта на посетата на владината делегација во Софија беше да се добие цена која ќе биде под берзанската, така што да почекаме работната група е активна кога ќе има повеќе детали ќе се знае точно и за цената по мегават час, посочи Арсовски.  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »