Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,00% во однос на одлуката од 19.09.2022 година.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,50 ден/лит и сега ќе изнесува 86,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Од 22.9.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,50 (денари/литар)
- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 87,00 (денари/литар)
- Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 90,00 (денари/литар)
- Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 86,00 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС 50,391 (денари/килограм)
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,552%, кај дизелот за 4,177%, кај екстра лесното масло за 4,421% и кај мазутот намалување е за 1,503%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,519%.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 22.9.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.