Промовирани огласи »

ВАБТЕК е светски позната водечка компанија од областа на железничката индустрија која произведува локомотиви и друга опрема за возови, трамваи и шински возила. Почетоците на компанијата датираат од далечната 1869 година во САД кога е формирана од страна на познатиот американски изумител Џорџ Вестингхаус, близок пријател и соработник на Никола Тесла. Низ текот на годините, ВАБТЕК прераснува во лидер во своjата област и во моментов е рангирана на листата на Fortune 500 набјогати компании во светот, присутна во повеќе од 50 држави и вработувајќи повеке од 27.000 лица од целиот свет.

Bo својт производствен погон во Скопје, ВАБТЕК произведува сопирачки системи за товарни и патнички возови и шински возила и вработува повеќе од 320 лица.

Кочниците на ВАБТЕК Скопје се користат низ целиот свет, од далечните Кина и Индија, преку најголемите западно-европски држави како Италиjа, Германиjа, Франциjа до егзотичните Бразил, Мексико и Јужна Африка.

Темелните вредности на ВАБТЕК се клучниот аспект кој го разликуваат ВАБТЕК од останатите компании. Една од темелните вредности е „Безбедноста пред се" - мото кое значи безбедна и здрава работна средина за сите. Грижата за вработените и нивната безбедност е топ приоритет на компанијата. Освен за безбедноста, ВАБТЕК се грижи и за мотивираноста на своите вработени преку нивен постоjан кариерен развој, одржување на конкурентно ниво на плати и останати додатоци и надоместоци, учество на броjни спортски активности и настани кои не само што го градат тимскиот дух туку и служат за поттикнување на здрав начин на живот. Неодамна компанијата во своите објекти отвори и просторија за спорт и рекреација на вработените во која тие може да ја поминат својата дневна пауза и да се рекреираат од дневните обврски и задачи. 

Освен по безбедноста и грижата на вработените, ВАБТЕК Скопје е познат и по иновациите и воведувањето нови технологии. Компанијата е во постојан процес на усовршување на своите производи, така што досега е носител на голем број патенти и иновации. Дополнително, компанијата постоjано прави трансфер на нови технологии и процеси преку комуникација со своите сестрински компании од други држави. Во моментот ВАБТЕК Скопје располага со најголемиот машински парк на ултра-модерни CNC машини во државата. Компаниjата има долгорочни планови за проширување на своjот бизнис и инвестирање во нови машини, технологии но и во стручен кадар кој ќе биде двигател на иднината.

Доколку сакате својата кариера да ја градите во модерна компанија со меѓународно бизнис опкружување, доколку ве привлекува машинството и работењето со најсовремени CNC машини, доколку сте инженер, техничар, но и економист, специалист за набавки, човечки ресурси, контролор за квалитет или Е - технолог и барате личен кариерен развој по највисоки светски стандарди, тогаш ВАБТЕК Скопје е вашата следна кариерна дестинација!

Промовирани огласи »

Еврото падна на новото 20-годишно најниско ниво од 0,9809 долари. Европската централна банка вчера попладне го одреди курсот на единствената европска валута на 0,9906 долари за едно евро. 

Се повеќе инвеститори претпочитаат да ги инвестираат своите пари во долари.

Силната позиција на американскиот долар врши притисок врз еврото и многу други валути. Американската валута доби поттик од агресивната монетарна политика на Бордот на Федералните резерви, кој синоќа ја зголеми основната каматна стапка за уште 0,75 процентни поени во борбата против високата инфлација. Доларот се повеќе го бараат и инвеститорите поради влошените односи меѓу Западот и Русија.

Под притисок утрово е и јапонскиот јен. Централната банка на третата по големина економија во светот се држи до својата либерална монетарна политика со оглед на тоа што инфлацијата во земјата е сè уште многу пониска отколку во другите земји. Централната банка на Јапонија одлучи да ја задржи каматната стапка на долгорочните кредити на нула, како и да го остави прагот за зголемување на овие стапки на 0,25 отсто. Регулаторот води политика на негативни каматни стапки за да го стимулира растот на јапонската економија, додека инфлацијата во земјата останува многу пониска од онаа на остатокот од светот. Паѓа и фунтата.

Промовирани огласи »

Директорите на банките во Германија заработуваат најмногу на општинско ниво, покажува истражувањето на Универзитетот Цепелин во Фридрихсхафен, пишуваат германските медиуми.

Лидерите на финансиските институции заработуваат во просек по 373.000 евра годишно. Менаџерите на Шпаркасе банка со над 670 вработени во просек добиваат дури 466.000 евра. Директорите на државните банки чуваат повеќе од тоа во своите џебови, а во просек заработуваат околу 500.000 евра годишно, пишува Пословни дневник.

Во студијата било наведено дека директорите на болниците заработуваат 236.000 евра, а на комуналните и водоводните претпријатија околу 234.000 евра.

Според германските медиуми, студијата на Универзитетот Цепелин дава увид во структурата на платите на вработените во јавните претпријатија.

Тимот на автори предводен од економистот Улф Папенфус пишува дека само 22 отсто од општинските претпријатија ги објавуваат платите на нивните директори, додека таа бројка за јавните претпријатија на државно и регионално ниво е најмалку 44 отсто.

Генерално, авторите ги оценија податоците за платите за 1.140 фирми од моментално достапната финансиска 2020 година.

Папенфус за германските медиуми изјави дека се надева на поголема транспарентност на јавните претпријатија, пренесува Феникс магазин.

Фото: Freepik

Промовирани огласи »

За само неколку недели нов ценовен пик за огревното дрво. Кубик во приватните складишта се продава по над 5000 денари. Ова за ТВ24 го потврдуваат дел од складиштата, градоначалници, но и граѓани. 

Кубик дрво од државната национали шуми се продава по цена од 3500 денари, вели директорот за ТВ24 и тврди дека има доволни количини на огревно дрво.

Се одбројува до почетокот на грејната сезона, но многу граѓани пенизонери ширум земјава останаа без платените договорени количини на дрва откако пензионерските здруженија им ги раскинаа договорите. Сега се принудени да го платат дрвото по многу повисока цена.

Од друга страна цената на струјата се зголеми , во најава е ново поскапување од 1 јануари – и огревното дрво и палетите стануваат алтернатива за греење која се поскапо ги чини граѓаните. 

Освен што поскапе огревното дрво, тешко и се наоѓа.

Поскапеа и пелетите. За греење на пелети дури се даваа и субвениции, а сега нивната цена порасна.

Граѓаните во пресметки колку исплатлива е оваа инвестиција за греење. Останува отворено прашањето колку е реално и оправдано драматичното поскапуавање на огревното дрво и на пелетите кое што се случува во пресрет на новата зимска сезона.

Извор:ТВ24 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »