По вчера објавениот податок податок дека околу 700.000 Македонци или околу една четвртина од населението денес живее надвор од државата и дека миграцијата од Северна Македонија во последната деценија се зголемила за пет пати во ЕУ свој интересен став сподели еден граѓанин.
Околу четвртина од работоспособното население заминува од земјата што влијае врз продуктивноста на самата земја, покажа најновото истражување.
Зошто е тоа така? Ова е ставот на еден граѓанин! Оценете дали е реален или премногу песимистички?
- 700.000 се иселиле од Македонија.Се помалку здрав разум гледам и критична мисла и маса.
Не е доволно за партиите дека се иселиле 700.000. Нема никаков пејпр или нон пејпр за реформи во државата да се ублажи тоа. Едноставно, а извинете, чим нема многу се кради.
Гледајте медиумите, новинарите и дали сте виделе глас на независни.Едноставно НЕМА.
Молкот и темнината си ја јадат оваа држава. Нема повеќе ни кој да размислува за некакв излезна стратегија. Купи ден помини, намести тендер, прими кофер.
Ова сето ќе си го платиме со сите нишани.
Не постои никаква и внатрешна дебата по партиите (освен ДУИ) да не се лажиме.
Ситуацијата ќе донесе резултат со уште 400.000 иселени за следните 10 години.
Можете –
1.Да ја прогласите Македонија за Умрено
2.Пасошите и Џелем Џенем .....