Промовирани огласи »

Најголема просечна плата во светот имаат Швајцарците и тие заработуваат по 95.000 долари годишно. 

Зад нив се Норвешка, Луксембург и Данска. Подолу на листата се Австралија, Ирска и Холандија. 

Интересно е што САД иако важат за моќна економија се 8-ми на листата со заработка од 57.000 долари годишно. 

Листата на десет среќни земји се затвора со Белгија и Канада. 

За споредба, Швајцарците заработуваат 10 пати повеќе од граѓаните на БиХ. 

Промовирани огласи »

Почитувани компании кои огласувате на KARIERA.mk. Во делот УРЕДИ ПРОФИЛ ќе може да внесете три фотографии од вашата компанија кои ќе се појават во вашите огласи. Со ова вработените ќе може да се запознаат со нивното работно место.

Промовирани огласи »

Тамара Булок Глишиќ од Србија, извршна директорка на „Altitude Strategies" со години соработува со земји од Блискиот Исток и објаснува кои се правилата на игра во арапскиот свет за кој луѓето имаат многу предрасуди. 

По шест години работа со тамошните земји научила некои правила за деловна соработка. 

Вели дека е многу важно да се има трпение затоа што сите процеси се побавни за разлика од Србија, Америка или Европа. 

Додава дека одлуки се донесуваат на 5-6 нивоа. 

Булок Глишиќ вели дека за арапскиот свет е во ред жена да биде на лидерска позиција во некоја компанија. 

Објаснува дека за состаноци нема некои посебни правила за облекување за жените од оние правила кои се практикуваат во Србија, но во Саудиска Арабија е поинаку. 

Вели дека Емиратите, Катар, Кувајт и Саудиска Арабија имаат доволно жени во деловниот свет. 

Познавањето на локалната култура и менталитет е клучно за успех, додава Булок Глишиќ. 

Во арапскиот свет се цени ценкањето, кое е уметност. 

Советува ако се соработува со луѓе од арапскиот свет дека мора да се биде сериозен затоа што сите лоши намери и желба да се стигне до целта по скратен пат ќе биде откриена. 

Промовирани огласи »

Банката на Англија денеска ја промовираше првата пластична банкнота од десет фунти, на која се наоѓа ликот на писателката Џејн Остин.

Оваа банкнота официјално ќе биде пуштена во оптег на 14 септември.

Банкнотата со ликот на Џејн Остин следи откако лани беше промовирана и нова банкнота од пет фунти изработена од полимер, за кој британската централна банка тврди дека е подолготрајна и потешка за фалсификување. Пуштањето во оптек на пластична банкнота од 20 функти е планирано за 2020 година.

Новата банкнота од 10 фунти беше промовирана на денот кога се одбележуваат 200 годии од смртта на Џејн Остин. Таа е погребана во Винчестерската катедрала во 1817 година. Нејзини најпознати дела се „Гордост и предрасуди“ и „Ема“.

Нејзините романи имаат универзална форма и денес се еднакво прифатени и значајни како и во времето на објавувањето, изјави гувернерот на Банката на Англија, Марк Карни на церемонијата во Винчестер.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »