Промовирани огласи »

ниверзитетскиот професор Трајко Славевски во интервју за РСЕ денеска ја повика Народна банка како ценовно контролно тело да ја зголеми каматната стапка над 10 отсто, бидејќи како што вели денарот не може повеќе да го следи курсот на еврото и инфлацијата во Македонија е двојно повисока од еврозоната.

Видете, на овој начин, со ваква монетарна политика којашто сериозно доцни, на некој начин се доаѓа во состојба на апресијација на вредноста на девизниот курс. Што сакам да кажам? Она што ние од 1997 година сè до неодамна успеавме да го одржуваме фиксниот девизен курс на денарот, нема тука мистерија се должеше на фактот што инфлацијата во Република Македонија беше скоро еднаква или во рамките на инфлација во земјите од еврозоната, нешто под два проценти. Сега имаме двојно повисока стапка на инфлација одошто од земјите од еврозоната. 

Па видете сега, млечните производи по килограм, месните преработки, достигнаа цени изразени во евра коишто се повисоки од тие на европските пазари, тоа треба длабоко да ја загрижи Централната банка и треба поголемо внимание да посвети во борбата против инфлацијата. Значи девизниот курс апресира, нашите стоки стануваат поскапи за странските заинтересирани купувачи, и тоа неминовно ќе влијае на проширување на јазот во платниот биланс, значи дефицит на платниот биланс, поголеми задолжувања, губење на девизни резерви итн. Моја проценка е, да имаше друг гувернер, еве да беше гувернер господинот Гошев, во моментов ќе имавме каматни стапки над 10 проценти од Централната банка, затоа што во една претходна криза во 2008-2009 година, во март 2009 каматната стапка на Централната банка достигна девет проценти, вели Славевски на едно од прашањата.

Според економскиот експерт, првенствена цел на централната банка треба да и биде ценовна стабилност, додека во оваа ситуација второстепена треба да биде поддршка на економските политики кои водат до одржување на економската активност во земјата.

Промовирани огласи »

Користејќи ги кризните состојби во државата, лица од власта на анти македонската СДС краделе од парите на граѓаните, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Во Македонија дневно затвораат по 10тина бизниси и на улица, без работа остануваат 100-тина луѓе, а некои преку криминални тендери и со пари на граѓаните се богатат.

Клептоманите од СДС не мислеле, и не работеле за излез од енергетската криза, туку работеле за личен профит. На фирми на високи функционери од власта им вртело електричното броило за богатење.

Аферата „Броило“ која ќе ја објавиме денес на прес конференција ќе ја открие вистината, за тоа кои фирми и кои функционери од анти македонската СДС се богателе на грбот на граѓаните.

Ова афера ќе ги открие кризните профитери. Додека стопанството тоне, граѓаните не знаат како да ги платат високите сметки на електрична енергија, кризните профитери енермно се богателе.
Скандалот Броило ќе ги разоткрие бизнис шемите за богатење на клептоманите од СДС, и исто така ќе покаже зашто оваа власт грчевито се бори за продолжување на кризната состојба во енергетиката“, се вели во соопштенеито.

Промовирани огласи »

Владејачката СДСМ соопшти дека во март идната година се очекува ново зголемување на пензиите од околу 6 проценти. 

Со тоа, пензиите во период од 12 месеци, ќе се искачат за околу 16 отсто, соопштија од СДСМ, коментирајќи дека од почетокот на годината пензиите на сите 330.000 пензионери се поголеми за 10 отсто.

Согласно новата методологија, пензиите годинава се покачени во два наврати, во септември за 6,8 отсто и претходно во март за 2,9 проценти. На ниво на просечна пензија само со последното покачување од 6,8% значат дополнителни 1.200 денари месечно плус за пензионерите кои примаат просечна пензија а повеќе и за оние со над просечната пензија, велат од партијата.

Новата методологија подразбира пензиите два пати годишно да се усогласуваат со растот на просечната плата и растот на трошоците на живот.

Воспоставениот метод за усогласување на пензиите, утврден низ инклузивен пристап и дијалог со засегнатите страни гарантира, системско, а не паушално, зголемување на пензиите, независно од нечија политичка волја. Благодарение на одговорните политики на СДСМ денес пензискиот фонд е стабилен, пензиите растат и се исплаќаат навремено, се додава во соопштението на СДСМ.

Промовирани огласи »

Според Пописот 2021, во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, според брачниот статус, 23,8 отсто се неженети/немажени, 65,3 проценти се мажени/женети, 7,2 отсто се вдовци/вдовици и 1,6 проценти се разведени. Регистрирани се и три случаи на вдовци/вдовици и 13 случаи на рзведени во возрасната група од 15 -19 години.

Во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, 98,4 отсто живеат во брачна заедница, а 1,6 проценти во вонбрачна заедница, се наведува во новиот сет пописни податоци што ги објави денеска ДЗС, а се однесуваат на брачниот статус на населението, бројот на живородени деца и миграциите внатре во државата.

Од вкупното резидентно население, 81,1 отсто изјавиле дека не се селеле (автохтоно население), а 11,7 проценти дека се доселиле во местото на вообичаено живеење.

Според местото на раѓање, 90 отсто од вкупното резидентно население се родени во Македонија.

  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »