Промовирани огласи »

 Цената на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за половина денар по литар, дизелот поскапува за 1,5, а екстра лесното масло за домаќинството за два денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,20 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 86,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 89, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 92,5, а  Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 89,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,46 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 50,228 денари.

Како што информираат од РКЕ, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,973 отсто, кај дизелот за 0,154, кај екстра лесното масло има зголемување за 0,501, а кај мазутот намалување во просек за околу 0,187 отсто. Курсот на денарот е за околу 0,36 отсто понизок од курсот на доларот.

Промовирани огласи »

ЕВРОТИМ во 1992 се појавува како компанија на медицинскиот пазар во Македонија. Со голем ентузијазам тие ги откриваа медицинските достигнувања.

Почетниот успех ги поттикна да ги прошират нивните услуги и на соседните територии како што се Албанија и Косово, каде во последниве 10 години имаат цврста и успешна соработка со јавните и приватни здравствени установи.

Во нивното работење се одликуваат со посветеност, искуство, професионалност и загарантиран успех кај нивните клиенти.

Во моментов вработуваат на следниве позиции:

СЕРВИСЕР
КОМЕРЦИЈАЛИСТ
АДМИНИСТРАТИВНО ФИНАНСИСКИ СОРАБОТНИК
ДИСТРИБУТЕР/МАГАЦИОНЕР

Сите работни огласи од ЕВРОТИМ може да ги видите ТУКА

Промовирани огласи »

Се повеќе луѓе во Германија не се расположени за работа и одат на работа само затоа што мораат, покажаа резултатите од анкетите, пишува „Dpa“.

Речиси половина од вработените, 48 отсто од нив, сакаат да преминат на намалено работно време во договор со работодавачот, пишува „Дпа“.

Повеќе од половина од анкетираните изјавиле дека ќе ја напуштат работата.

Дури 56 отсто се изјасниле дека се подготвени веднаш да ги напуштат своите работни места - но не можат бидејќи се принудени да работат поради финансиски причини.

Податоците се резултат на годишна студија на институтот „ЈуГав“, а ги соопшти договорниот орган од HDI осигурување.

Во јуни и јули биле анкетирани 3.891 работници на возраст над 15 години.

Пред пандемијата, во 2019 година, само 41 процент од испитаниците изјавиле дека ќе престанат да работат доколку имаат доволно пари.

Повеќе од три четвртини од нив се изјасниле дека поддржуваат воведување четиридневна работна недела во нивната компанија, но со соодветна плата.

Се намалува и посветеноста на работата кај младите.

 Според резултатите истражувањето, особено младите вработени во Германија сакаат поголема слобода на работното место - посочи директорот за осигурување на HDI.

Очекувањата на вработените се во спротивност со барањата на пазарот на трудот.

Според податоците на Институтот за истражување на пазарот на труд и занимања, во вториот квартал годинава имало 1,9 милиони слободни работни места, повеќе од кога било од почетокот на истражувањето.

Кадровската состојба во здравствените и установите за нега е тензична, но има многу слободни работни места и во занаетите и во ИТ индустријата.

Германија размислува да ги натера државните службеници да работат од дома оваа зима, поради влошената енергетска криза, објавија медиумите во таа земја.

Како што пренесува „Бизнис инсајдер“, на неодамнешниот состанок на Сојузното Министерство за енергетика, еден од предлозите бил задолжителна работа од дома за државните службеници оваа зима, додека повеќето министерства наводно изразиле приговори за тие планови.

На средбата се разговарало и за ограничување на температурата на максимални 19 степени, јавуваат медиумите. Ако на некој му е премногу студено, ќе му биде дозволено да работи од дома.

Инаку, плановите за мерки за заштеда на енергија во јавните згради се реализираат на предлог на министерот за економија и енергетика Роберт Хабек, објави „Биз лајф“.

Фото: unsplash

Промовирани огласи »

Почитувани,

Со задоволство ве покануваме на големото официјално отворање на светскиот ланец за облека SHEIN во Скопје!

Ден: Среда 5.10.2022

Локација: Ул. Македонија (Старо Гнездо), Центар, Скопје

Време: 12:00h, точно на пладне!

20% ПОПУСТ на целиот асортиман само на денот на отворањето за сите посетители!!!

Посетете ја нивната официјална страница ТУКА!

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »