Промовирани огласи »

Вирално стана видеото направено на снимањето на сцена од филмот "Бистра Вода" откако корисник на Твитер го објави со порака дека работници му ја кршат колата на газда кој не ом дал плата.

На видеото се гледа како две лица среде бел ден демолираат автомобил оставен на паркингот.,

Припрема за газди што не даваат плата. ПС, а за чиновничиња и министерчиња што сега глумат големи газди ќе се снима нов филм, стои во коментарот на видеото.

Припрема за газди што не даваат плата.
ПС, а за чиновничиња и министерчиња што сега глумат големи газди ќе се снима нов филм. pic.twitter.com/SNmLcGRLQk

— Уништувач на лоботоми (@LMakedonecot) October 3, 2022

Промовирани огласи »

Најголемиот европски производител на челик, ArcelorMittal, потврди за S&P Global Commodity Insights дека продолжил со својот план за привремено затворање на некои од своите високи печки во Франција, Полска, Шпанија и Германија, како што беше објавено во септември заради проблемите со кои се соочува европскиот пазар на челик.

На 29 септември, ArcelorMittal ја затвори високата печка о фабриката Хихон, Шпанија, со 4,5 милиони мт/годишно. Го објави затворањето на 1 септември, наведувајќи ја силната конкуренција од увозот и слабата побарувачка.

Потегот следи откако производителот на челик го одложи рестартирањето на својата електрична лачна печка од 2 милиони мт/годишно во Сестао, Шпанија, откако го заврши одржувањето во август.

ArcelorMittal изјави за S&P Global на 29 септември дека не поставил датуми за рестартирање на ниту еден од погоните, бидејќи рестартирањето „ќе биде диктирано од пазарните услови“.

Целиот текст прочитајте го на Izvoz.mk

Промовирани огласи »

 Цената на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за половина денар по литар, дизелот поскапува за 1,5, а екстра лесното масло за домаќинството за два денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,20 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 86,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 89, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 92,5, а  Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 89,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,46 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 50,228 денари.

Како што информираат од РКЕ, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,973 отсто, кај дизелот за 0,154, кај екстра лесното масло има зголемување за 0,501, а кај мазутот намалување во просек за околу 0,187 отсто. Курсот на денарот е за околу 0,36 отсто понизок од курсот на доларот.

Промовирани огласи »

ЕВРОТИМ во 1992 се појавува како компанија на медицинскиот пазар во Македонија. Со голем ентузијазам тие ги откриваа медицинските достигнувања.

Почетниот успех ги поттикна да ги прошират нивните услуги и на соседните територии како што се Албанија и Косово, каде во последниве 10 години имаат цврста и успешна соработка со јавните и приватни здравствени установи.

Во нивното работење се одликуваат со посветеност, искуство, професионалност и загарантиран успех кај нивните клиенти.

Во моментов вработуваат на следниве позиции:

СЕРВИСЕР
КОМЕРЦИЈАЛИСТ
АДМИНИСТРАТИВНО ФИНАНСИСКИ СОРАБОТНИК
ДИСТРИБУТЕР/МАГАЦИОНЕР

Сите работни огласи од ЕВРОТИМ може да ги видите ТУКА

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »