Промовирани огласи »

Речиси 3,4 милиони евра профит направиле лани 99 извршители, колку што ги има во државава, објави порталот „Пари“, повикувајќи се на податоци од Комората на извршители. Добивките се движат од 1.821 денар до дури 8.019.304 денари, или над 130.000 евра.

Извршителите во текот на 2021 година извршиле над 63.000 присилни наплати. Сумата којашто ја наплатиле во постапките изнесува 130 милиони евра.

Листата на ТОП 10 најуспешни извршители во Македонија за 2021 година, ја предводи извршителката Катерина Кокина од Скопје, а завршува со Славица Ацовска, извршителка од Тетово. Кокина успеала за една година, односно во текот на 2021 година, да направи добивка од речиси 130.000 евра. Кокина, своевремено била најмлад извршител, именувана на 29 години, и како извршител работи 11 години.

На второ место, со профит од 123.000 евра, е поранешниот претседател на Комората на извршители, Гордан Станковиќ. Тој е познат во јавноста по тоа што со години беше неприкосновен во однос на правењето профит. Според информациите кои јавно беа објавени во медиумите, во периодот од 2012 до 2017 година, односно за пет години, Станковиќ направил нето-профит од 1,3 милиони евра, или, во просек, по 260.000 евра годишно.

Токму пласирањето на ваквите добивки во јавноста, како и притисокот на невладиниот сектор, доведоа до извесни законски измени со кои се намалија плаќањата за извршувањата.

Иако не заработиле колку што би заработиле во минатото, во групата на ТОП 10 извршители за 2021 година, најнискиот профит е 78.169 евра, а го направила извршителката Славица Ацовска. 

Извршител Николина Иванова и Николче Диневски се со канцеларии во Битола, извршителот Премтим Ќерими е со канцеларија во Куманово, додека Весна Деловска, Гордан Станковиќ, Зоран Димов и Катерина Кокина се во скопскиот регион. Извршител Дашмир Саити и Славица Ацовска се со канцеларии во Тетово, додека извршител Гордана Џутеска е во струшко-охридскиот регион.

Промовирани огласи »

Цените на становите во Охрид рушат рекорди.Зголемената побарувачка на пазарот на недвижности ги крена цените иако понудата е намалена па така за метар квадратен во центарот на градот достигнува до 1800 евра додека на самиот брег покрај охридското езеро и до 3 илјади евра, а растат цените и на деловните простории во чаршијата.

Добрите познавачи посочуваат дека огромни цени се вртат на пазарот, наместо парите да се чуваат во банки се инвестира во недвижнини.

Наспроти огромната заинтересираност за станови во Охрид нема интерeс за купување куќи ниту плацеви за изградби за кои цената достигнува висина од 700 до 1000 евра за метар квадратен, годишно едвај се продавале по пет- шест куќи.

Промовирани огласи »

Поделени мислењата за служењето задолжителен воен рок.

Откако минатата недела од Министерството за одбрана сооштија дека нема никакви планови, ниту консултативни процеси за враќање на задолжителното служење воен рок, темава повторно се актуелизираше.

Одлуката за професионална војска ќе продолжи да се применува, истовремено исполнувајќи ги сите обврски на државата кои произлегуваат од членството во Алијансата, порачаа минатата недела од ресорното министерство.

Дел од граѓаните на социјалните мрежи бараат да се врати задолжителниот воен рок како во минатото, но има и такви кои сметаат дека тоа ќе биде дополнително оптоварување на државниот буџет.

  • Редовно служење на воен рок, бара многу повеќе пари. Треба да се обезбедат ресурси, згради, услови, храна, вели еден граѓанин. 
  • Апсолутно да, потребно е враќање на задолжителниот воен рок, меѓутоа доволно е само 90 дена, односно 45 обука до заклетва и 45 дена примена и пракса. Се друго е само губење време, непотребен трошок и броење цифра, смета друг. 
  • 95% незнаат кревет да наместат и облека да скоцкаат. Војска обавезно по завршување на средно училиште. И машко и женско. Да се стекнат обавезно секој дневни навики, гласи еден коментар на социјалните мрежи. 
  • Не е мал интересот за доброволно служење во Армијата.

Доброволното служење на воен рок во Армијата се врши во три упатни рокови: февруари, јуни и октомври, во една календарска година, во времетраење од 3 месеци и се служи во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес.

Промовирани огласи »

Преку Агенцијата за вработување,  невработените во земјава добиваат понуди за работа, но не сите прифаќаат да работат. Тие наведуваат различни причини зошто не им одговара одредено работно место.

Бројките покажуваат дека заклучно со 30 септември годинава, преку центрите за вработување понуда за работа добиле 3.110 лица, од кои 2.433 ја прифатиле понудата, а 538 лица не прифатиле  понуда за  вработување од оправдани или неоправдани причини. За 139 лица центрите за вработување сè уште не добиле информација од работодавачите кај кои биле упатени дали биле избрани и дали прифатиле понуда за вработување.

Причини за неприфаќање на понудената работа кои невработените лица најчесто ги наведуваат се: здравствени, условите за работа кај работодавачот, ниска плата, обврски околу чување на дете, одалеченост од домот до работата, дека има аплицирано за друго работно место кај друг работодавач и чека одговор  и друго, велат од Агенцијата за вработување.

Објаснуваат дека лицата не се бришат од евиденцијата на невработени лица веднаш по одбивањето на понудата за вработување.

Лицето се брише од евиденција на невработени лица во согласност со Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, доколку два пати во текот на две години одбие соодветно или погодно вработување или одбие да присуствува или не се јави на интервју за работа на кое е упатено од страна на Агенцијата, додаваат од Агенцијата за вработување.

Но, многу од невработените претпочитаат сами да бараат работа, и изгубиле надеж дека преку Агенцијата за вработување можат да се вработат.

Јас не сум во евиденцијата на Агенцијата за вработени. Нудат работа, но тоа е за мали плати. Народот не се нафаќа да работи за минимални плати, туку сам си бара работа, вели Снежа, граѓанка.

Во јули годинава се регистрирани 117.049 невработени. На веб сајтот на Агенцијата за вработување постојано има објавени огласи за неколку илјади слободни работни места во државата. 

Извор: Фактор

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »