Промовирани огласи »

Не овој туку следниот викенд ќе биде продолжен. 

Согласно законот за неработни денови 23 октомври 2022 година (недела), Денот на Македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.   

Согласно законот, доколку државен празник се падне во недела, следниот работен ден е неработен. 

Промовирани огласи »

Ценометар ги објави цените на повеќето продукти низ најголемите скопски маркети.

Бананите за килограм се над 69 денари, лимонот над 75 денари. Маслото за јадење е најевтино во Стокомак – 135, во Кам – 142, во Тинекс- 142 денари, додека во Кипер е 155 денари.

Табла јајца чини од 263 до 275 денари низ скопските маркети.

Млеко, зависно од брендот, нема поевтино од 51 денари.

Кашкавалот чини од 451 денари па нагоре за килограм.

Меленото месо е најевтино во Рамстор – 249 денари, потоа во Кипер - денари, додека во Кам е 339 денари, во Стокомак 286 денари.

Поскапување има кај замрнзатата риба ослиќ која се продава од 118 до 185 денари за килограм.

Цените на повеќето намирници низ различни маркети во главниот град може да ги погледнете и споредите на следниов ЛИНК. 

Промовирани огласи »

Силната меморија зависи од здравјето и благосостојбата на мозокот. Кога сте во ситуација во која заборавате информации кои би требало многу лесно да ги помните, тоа ја намалува вашата самодоверба и ви прави да се чувствувате како да го губите умот.  

Во продолжение неколку совети како да ја подобрите вашата меморија за поефективно извршување на работните задачи:

  • Вклучете физичка активност во вашата дневна рутина. Физичката активност го зголемува протокот на крв во целото тело, вклучувајќи го и мозокот;
  • Останете ментално активни;
  • Редовно дружете се;
  • Организирајте се;
  • Спијте добро;
  • Воведете здрава исхрана.

Постојат многу забавни, едноставни, па дури и вкусни начини за подобрување на вашата меморија. Вежбањето на умот и телото, уживањето во квалитетно парче чоколадо и намалувањето на количината на додаден шеќер во вашата исхрана се одлични техники како до подобра меморија и успешна реализација не само на работните задачи туку воопшто.

Промовирани огласи »

Амбициозните работници често поминуваат значително време размислувајќи за стратегии кои ќе им помогнат да постигнат поголемо ниво на успех. Тие се стремат кон поимпресивно работно место, повисок надоместок и одговорност за поголеми приходи. Дефиницијата за успех честопати влијае на семејството, пријателите и колегите. Односно некој од овие сегменти се запоставува се со реализација и успех на работното место.

Во прилог неколку совети како подобро да го искористите својот потенцијал:

  • Наградете се кога успешно ќе реализирате некоја цел
  • Земете тренер за кариера
  • Започнете го утрото со позитивност
  • Потрудете се околу вашите колеги – комуникацијата е клуч
  • Не плашете се да побарате критика

Секоја кариера ќе донесе подеми и падови, лоши денови, лоши недели и лоши месеци. Секој ќе се соочи со неуспеси и обесхрабрувачки ситуации. Некои луѓе ги напуштаат своите планови кога се соочуваат со големи пречки и потешкотии во реализацијата на дадените цели. Никој не може да направи ништо за да ве спречи да го достигнете вашиот потенцијал, предизвикот е вие да го идентификувате вашиот сон, да развиете вештини за да стигнете таму и да покажете карактер и лидерство. Потоа, треба да имате храброст периодично да проценувате, да правите прилагодувања и да продолжите со курсот што одразува кој сте навистина.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »