Промовирани огласи »

Силната меморија зависи од здравјето и благосостојбата на мозокот. Кога сте во ситуација во која заборавате информации кои би требало многу лесно да ги помните, тоа ја намалува вашата самодоверба и ви прави да се чувствувате како да го губите умот.  

Во продолжение неколку совети како да ја подобрите вашата меморија за поефективно извршување на работните задачи:

  • Вклучете физичка активност во вашата дневна рутина. Физичката активност го зголемува протокот на крв во целото тело, вклучувајќи го и мозокот;
  • Останете ментално активни;
  • Редовно дружете се;
  • Организирајте се;
  • Спијте добро;
  • Воведете здрава исхрана.

Постојат многу забавни, едноставни, па дури и вкусни начини за подобрување на вашата меморија. Вежбањето на умот и телото, уживањето во квалитетно парче чоколадо и намалувањето на количината на додаден шеќер во вашата исхрана се одлични техники како до подобра меморија и успешна реализација не само на работните задачи туку воопшто.

Промовирани огласи »

Амбициозните работници често поминуваат значително време размислувајќи за стратегии кои ќе им помогнат да постигнат поголемо ниво на успех. Тие се стремат кон поимпресивно работно место, повисок надоместок и одговорност за поголеми приходи. Дефиницијата за успех честопати влијае на семејството, пријателите и колегите. Односно некој од овие сегменти се запоставува се со реализација и успех на работното место.

Во прилог неколку совети како подобро да го искористите својот потенцијал:

  • Наградете се кога успешно ќе реализирате некоја цел
  • Земете тренер за кариера
  • Започнете го утрото со позитивност
  • Потрудете се околу вашите колеги – комуникацијата е клуч
  • Не плашете се да побарате критика

Секоја кариера ќе донесе подеми и падови, лоши денови, лоши недели и лоши месеци. Секој ќе се соочи со неуспеси и обесхрабрувачки ситуации. Некои луѓе ги напуштаат своите планови кога се соочуваат со големи пречки и потешкотии во реализацијата на дадените цели. Никој не може да направи ништо за да ве спречи да го достигнете вашиот потенцијал, предизвикот е вие да го идентификувате вашиот сон, да развиете вештини за да стигнете таму и да покажете карактер и лидерство. Потоа, треба да имате храброст периодично да проценувате, да правите прилагодувања и да продолжите со курсот што одразува кој сте навистина.

Промовирани огласи »

Бесиан Мехмети беше учесник на TEDx говорот организиран од KARIERA.mk на 21.05.2022 година.

Наградуваниот архитект, Бесиан Мехмети, зборува за враќањето на природата во градот и создавање рамнотежа помеѓу природното и изграденото опкружување, покажувајќи примери од неговата хипнотизирачка работа. Бесиан Мехмети ја основа BMA во 2012 година по долгогодишно искуство во соработка и слободно искуство во областа на архитектурата, урбанизмот и дизајнот. Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје и оттогаш е ангажиран во бројни проекти и победнички конкурсни дизајни меѓу кои плоштадот Скендербег во Скопје, Градската библиотека и театар во Тетово и неодамна новото основно училиште во Скопје, кое беше наградено Националната голема годишна награда за архитектура за 2019 година.

Минатата година Македонската комора на архитекти и инженери ја додели наградата на проф. Борис Чипан за 2020 година за придонес во развојот на архитектонската професија. Неговите дела се номинирани за наградата Миес ван дер Рое на ЕУ, наградата Ага Кан за архитектура и наградата Archdaily Building of the Year.

Целото видео погледнете го тука!

Промовирани огласи »

TОЛЛАКС, една од најуспешните малопродажни компании, сопственик на ланецот на 20 специјализирани продавници М1киоск, М1медиа, и Поло маркет, поради брз раст на компанијата и зголемен обем на работа има потреба од вработување на Продажен персонал во Киоск.

Во моментов имаат потреба од:

M1 ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ
M1 БИСЕР АЕРОДРОМ
М1 - 1ВА СМЕНА КАПИШТЕЦ - ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ
М1 - 1ВА СМЕНА КАПИШТЕЦ - ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ
АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК


Сите други активни огласи од ТОЛЛАКС видете ги ТУКА!

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »