Промовирани огласи »

TОЛЛАКС, една од најуспешните малопродажни компании, сопственик на ланецот на 20 специјализирани продавници М1киоск, М1медиа, и Поло маркет, поради брз раст на компанијата и зголемен обем на работа има потреба од вработување на Продажен персонал во Киоск.

Во моментов имаат потреба од:

M1 ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ
M1 БИСЕР АЕРОДРОМ
М1 - 1ВА СМЕНА КАПИШТЕЦ - ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ
М1 - 1ВА СМЕНА КАПИШТЕЦ - ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ
АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК


Сите други активни огласи од ТОЛЛАКС видете ги ТУКА!

Промовирани огласи »

Во согласност со методологијата за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени се зголемуваат во просек за 2.43%.

Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се зголемува за 2.50 денари и еден литар 95-октански бензин ќе чини 89.00 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се зголемува за 2 денари и еден литар 98-октански бензин ќе чини 91.00 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за 3 денари и еден литар дизел ќе чини 100.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.

Промовирани огласи »

Во Министерството за економија се прават анализи кои што треба да покажат дали Македонија ќе остане на летното сметање на времето, и по 30 октомври, кога во Европа стрелките на часовниците ќе се поместат еден час наназад. Причината е евентуална заштеда на енергија, бидејќи доколку се продолжи со летното сметање на времето, практично подоцна ќе се стемнува.

Постојат различни европски искуства, некои го воведуваат тоа, некои не, вели премиерот Димитар Ковачевски.

Тој додава дека се анализира близината на нашата држава до друга временска зона, а тоа се Грција и на Бугарија и што тоа значи во однос на оставањето на нашето сметање на времето визави на другите земји кои што имаат исто сметање на времето како нас, но се многу по на запад и денот кај нив трае многу повеќе.

Тие анализи веќе ги прават во Министерството за економија и пред крајот на месецот кога одлуката ќе мора да се донесе, ќе видиме дали ќе продолжиме со истото летно сметање на времето или како до сега, традиционално ќе ја направиме промената, изјави Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања за време на презентација на новата инвестиција на ГЕН-И во фотонапонска централа.

Во моментов не можам да кажам, би сакал да ги видам анализите. Вчера со мојот кабинет поминавме низ многу од таквите анализи и во моментов има повеќе за оставање на летното сметање на времето, но да ги видиме сите детални анализи и ќе донесеме одлука, рече Ковачевски.

Министерот за економија Крешник Бектеши, вњели дека до крајот на неделата би требало да бидат готови анализите што ги прави Министерството за можноста да остане летното сметање на времето со цел поголеми заштеди на електричната енергија.

Анализите се прават и најверојатно до крајот на неделата ќе бидат подготвени по што одлуката треба да се донесе до крајот на месецот согласно законот, изјави Бектеши одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција на која беше најавен почетокот со работа на соларната електрана со капацитет од 17 мегавати лоцирана во светиниколско Амзабегово.

Македонија и остатокот од Европа, со исклучок на Русија, Белорусија и Исланд, последниот викенд во октомври преминуваат на зимско сметање на времето. Во три часот по полноќ, часовниците се враќаат еден час наназад, односно времето во три се смета како два часот.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

Промовирани огласи »

Италијанското Министерство за еколошка транзиција потпиша нова регулатива за заштеда на енергија, со која се заоструваат максималните температурни граници и се скратува периодот на загревање на гас во текот на зимата.

Како што се наведува во соопштението на министерството, во земјава времето за греење во текот на денот ќе се скрати за еден час, додека вкупната зимска грејна сезона ќе се скрати за 15 дена, така што „почетокот на грејната сезона ќе доцни за осум дена, а крајот ќе биде седум дена претходно“, пренесува порталот Локал Италија.

Регулативата, исто така, ја заострува границата на максимална внатрешна температура во зградите, со која се бара од компаниите да не надминуваат 18 Целзиусови степени (претходно се планираше 19), а граѓаните да го постават греењето на максимални 19 степени наместо првично планираните 20 степени. 

Новите ограничувања нема да важат за „места за богослужба, јасли, градинки и базени“ ниту за „згради чии системи за греење се потпираат на обновливи извори на енергија“, објави Министерството.

Се додава дека „во случај на екстремно тешки временски услови, локалните власти ќе имаат овластување да дозволат греење надвор од времето утврдено со уредбата“.

Според студијата на националниот регулатор за електрична енергија ENEA, на која се повикува Local Italia, новите ограничувања би можеле да и овозможат на земјата да заштеди дури 2,7 милијарди кубни метри гас во текот на зимската сезона.

Новиот план за заштеда на енергија следи по низата други мерки насочени кон решавање на енергетската криза во земјата. Италија, заедно со другите земји од ЕУ, се бори со рекордно висока инфлација, предизвикана главно од растот на цените на енергијата. Земјата се потпира на увоз за речиси 75 отсто од својата енергија. На почетокот на оваа година увезуваше 40 отсто од гасот од Русија, но во јули тој процент се намали на 25 отсто поради санкциите воведени кон Москва.

Италија загуби голем дел од испораките на гас од Русија минатиот месец кога Гаспром го затвори гасоводот Северен тек 1.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »