Промовирани огласи »

Некогаш изборот на вистинската професија може да биде тежок. Дури и советите од најблиските некогаш не би биле доволни за  да се одлучите по кој пат ке одите. Некогаш размислувате дали да ја одберете професијата што ја сакате или професијата која ќе ви  донесе голема заработка. 

Без разлика дали сте почетник или  искусен професионалец, следете ги овие чекори за да ви помогнат да одлучите за вашиот идеален пат.

  • Утрврдете дали се навистина движете во погрешна насока.
  • Дознајте што сакате - а што не сакате.
  • Проценете ја вашата позадина и карактер.
  • Прашајте за совет, но не секогаш го прифаќајте
  • Бидете отворени за сите можности.

Дали вие би прифателе работа  која не ја сакате а е добро платена? Или сепак би ја почитувале вашата омилена професија иако заработката е помала и ќе се придржувате кон неа.

Промовирани огласи »

Летечки автомобил направен од кинеската фабрика за електрични возила Xpeng Inc. го направи својот прв јавен лет во Обединетите Арапски Емирати, како дел од програмата на компанијата за лансирање на производот на меѓународните пазари.

X2 е авион со вертикално полетување и слетување (eVTOL) со две седишта кој се крева со осум пропелери - по два на секој агол од возилото.

Одиме чекор по чекор кон меѓународниот пазар, рече Мингуан Киу, генерален менаџер на Xpeng Aeroht.


Го избравме Дубаи за првиот лет бидејќи е најиновативниот град во светот, објасни тој.


Промовирани огласи »

Фатмир Битиќи во изјава за СИТЕЛ ТВ потврди дека администрацијата ќе работи од дома за пониски плати од 10 до 30 %.

Намалување на прекувремената работа за преку 20 отсто во МВР, во АНБ, како и во Агенцијата за разузнување, работа од дома на вработените со ротации, па дури и суспензија или укинување на колективните договори.

Ова се дел од мерките што биле разгледувани на вчерашната четиричасовна седница на Економско-социјалниот совет, која беше прекината, откако Владата, синдикатите и работодавачите останаа со спротиставени ставови.

Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски во вчерашната „Топ тема“ на Телна обелодени дел од мерките и препораките на владата за намалување на расходите на буџетските корисници. Освен мерката за намалување за 10 отсто на платата која што беше единствено соопштена во јавноста, документот содржи уште неколку точки меѓу кои за синдикатот е најспорно укинувањето на колективните договори. Синдикалците и од јавниот и од приватниот сектор предупредија дека сите заеднички ќе се спротивстават на тоа.

Денеска требаше да се донесе и пакетот на мерки за помош на стопанството. Но, владата одлучи тоа да се случи кон крајот на месецот. Државата донесе одлука финансиски да им се помогне само на одредена категорија граѓани. Експертите сметаат дека тоа е во ред, но мора да има и мерки со кои би се забавила инфлацијата.

Промовирани огласи »

За 15 отсто повисоки плати ќе добиваат од овој месец вработените во основното и во средното образование.

Така на пример, ако платата на наставникот досега изнесувала околу 26.000 денари, со новата пресметка таа ќе изнесува околу 30.000 денари, а септемвриската покачена плата, вработените треба да ја добијат деновиве, објави Мета.

Јаким Неделков, претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура за Мета.мк вели дека се зголемуваат ставките за минат труд, како и за одделенско раководство.

Ако се реални наставниците, би требало да речат дека се задоволни од ова што го постигнавме, без разлика на инфлација и на тоа што олку време чекавме. Вакво зголемување од 15 отсто, досега во државата никогаш немало, вели Неделков.

Освен ова покачување, вработените во просветата ќе добијат уште едно покачување. Повисоки плати за најмалку од 3 до 4 отсто се очекува да имаат со јануарската плата.

Тоа е зголемување за околу дополнителни 1.000 денари, вели Неделков.

Првиот синдикалец информира дека добиле колективен договор со нови права на вработените во јавните детски градинки, но за жал не успеале истите права за зголемена плата од 15 отсто да ги обезбедат и за административните работници во градинките (советници, секретари, благајници, сметководители).

Целиот текст прочитајте го на Мета.мк со клик ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »