Промовирани огласи »

Летечки автомобил направен од кинеската фабрика за електрични возила Xpeng Inc. го направи својот прв јавен лет во Обединетите Арапски Емирати, како дел од програмата на компанијата за лансирање на производот на меѓународните пазари.

X2 е авион со вертикално полетување и слетување (eVTOL) со две седишта кој се крева со осум пропелери - по два на секој агол од возилото.

Одиме чекор по чекор кон меѓународниот пазар, рече Мингуан Киу, генерален менаџер на Xpeng Aeroht.


Го избравме Дубаи за првиот лет бидејќи е најиновативниот град во светот, објасни тој.


Промовирани огласи »

Фатмир Битиќи во изјава за СИТЕЛ ТВ потврди дека администрацијата ќе работи од дома за пониски плати од 10 до 30 %.

Намалување на прекувремената работа за преку 20 отсто во МВР, во АНБ, како и во Агенцијата за разузнување, работа од дома на вработените со ротации, па дури и суспензија или укинување на колективните договори.

Ова се дел од мерките што биле разгледувани на вчерашната четиричасовна седница на Економско-социјалниот совет, која беше прекината, откако Владата, синдикатите и работодавачите останаа со спротиставени ставови.

Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски во вчерашната „Топ тема“ на Телна обелодени дел од мерките и препораките на владата за намалување на расходите на буџетските корисници. Освен мерката за намалување за 10 отсто на платата која што беше единствено соопштена во јавноста, документот содржи уште неколку точки меѓу кои за синдикатот е најспорно укинувањето на колективните договори. Синдикалците и од јавниот и од приватниот сектор предупредија дека сите заеднички ќе се спротивстават на тоа.

Денеска требаше да се донесе и пакетот на мерки за помош на стопанството. Но, владата одлучи тоа да се случи кон крајот на месецот. Државата донесе одлука финансиски да им се помогне само на одредена категорија граѓани. Експертите сметаат дека тоа е во ред, но мора да има и мерки со кои би се забавила инфлацијата.

Промовирани огласи »

За 15 отсто повисоки плати ќе добиваат од овој месец вработените во основното и во средното образование.

Така на пример, ако платата на наставникот досега изнесувала околу 26.000 денари, со новата пресметка таа ќе изнесува околу 30.000 денари, а септемвриската покачена плата, вработените треба да ја добијат деновиве, објави Мета.

Јаким Неделков, претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура за Мета.мк вели дека се зголемуваат ставките за минат труд, како и за одделенско раководство.

Ако се реални наставниците, би требало да речат дека се задоволни од ова што го постигнавме, без разлика на инфлација и на тоа што олку време чекавме. Вакво зголемување од 15 отсто, досега во државата никогаш немало, вели Неделков.

Освен ова покачување, вработените во просветата ќе добијат уште едно покачување. Повисоки плати за најмалку од 3 до 4 отсто се очекува да имаат со јануарската плата.

Тоа е зголемување за околу дополнителни 1.000 денари, вели Неделков.

Првиот синдикалец информира дека добиле колективен договор со нови права на вработените во јавните детски градинки, но за жал не успеале истите права за зголемена плата од 15 отсто да ги обезбедат и за административните работници во градинките (советници, секретари, благајници, сметководители).

Целиот текст прочитајте го на Мета.мк со клик ТУКА.

Промовирани огласи »

И да има поскапување на струјата по Нова Година, тоа ќе биде минимално. Значително се намалени трошоците за производство на електрична енергија и со помош од државата се намалува продажната цена, уверуваат од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). Државава очекува помош за покривање на енергетските потреби од Европската унија.

Во меѓувреме, во услови на забрзаниот раст на инфлацијата, Централната банка повторно ја зголеми основната каматна стапка, со цел да делува врз каматната политика на банките и да стимулира штедење во денари.

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски вчера изјави дека со направените вложувања во изминатиот период во сопствена опрема и работата на рудниците на ЕСМ, со рационализација и операционализација на трошоците, намалена е производната цена на РЕК „Битола“ на околу 58 до 60 евра за мегават час произведена електрична енергија.

Сепак цената на електричната енергија што ја нуди ЕСМ не зависи само од РЕК „Битола“, туку и од другите наши капацитети од кои дел работат на мазут. Па затоа колкаво ќе биде поскапувањето на струјата, доколку го има, ќе зависи од цените на берзите на мазутот, но и на природниот гас што ќе биде неопходен ако во системот се вклучи да работи ТЕ-ТО, рече Ковачевски при вчерашната посета на рудникот „Суводол“.

Од новиот коп од рудникот „Суводол“ во моментов се произведуваат и до РЕК „Битола“ се транспортираат околу 15 000 тони јаглен. За секој од блоковите на Комбинатот дневно се потребни по 6000 тони јаглен за производство на електрична енергија, односно околу 18 000 тони доколку би работеле сите три блока. На крајот на неделава, според најавите, ќе заврши ремонтот на Блокот 1 во РЕК „Битола“, а до крајот на месецот се очекува да стигне и трансформаторот за Блокот 3, со што од почетокот на ноември ќе може да бидат ставени во функција трите блока на РЕК „Битола“.

По воведувањето на блок-тарифите има намален конзум на електрична енергија и универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“ во своите планови бара помалку од 15 до 17 отсто енергија од АД ЕСМ. Тоа,  според Ковачевски, позитивно ќе влијае за намалување на цената на електричната енергија, а дополнително на тоа позитивно ќе влијаат и најавите од Регулаторната комисија за енергетика дека ќе бидат воведени блок-тарифи и за малите потрошувачи со цел и тие да се стимулираат да штедат енергија.

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, вчера изјави дека се работи на барањата на Северна Македонија и други земји за помош за покривање на енергетските потреби. По најавите дека претседателот на државата Стево Пендаровски побарал од Европската Комисија да и помогне на Северна Македонија да надомести за цената на електрична енергија од Бугарија, еврокомесарот на прес – конференција одговори дека е запознаен со барањето и оти се работи на „поширок пакет за спас“.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »