Промовирани огласи »

И да има поскапување на струјата по Нова Година, тоа ќе биде минимално. Значително се намалени трошоците за производство на електрична енергија и со помош од државата се намалува продажната цена, уверуваат од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). Државава очекува помош за покривање на енергетските потреби од Европската унија.

Во меѓувреме, во услови на забрзаниот раст на инфлацијата, Централната банка повторно ја зголеми основната каматна стапка, со цел да делува врз каматната политика на банките и да стимулира штедење во денари.

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски вчера изјави дека со направените вложувања во изминатиот период во сопствена опрема и работата на рудниците на ЕСМ, со рационализација и операционализација на трошоците, намалена е производната цена на РЕК „Битола“ на околу 58 до 60 евра за мегават час произведена електрична енергија.

Сепак цената на електричната енергија што ја нуди ЕСМ не зависи само од РЕК „Битола“, туку и од другите наши капацитети од кои дел работат на мазут. Па затоа колкаво ќе биде поскапувањето на струјата, доколку го има, ќе зависи од цените на берзите на мазутот, но и на природниот гас што ќе биде неопходен ако во системот се вклучи да работи ТЕ-ТО, рече Ковачевски при вчерашната посета на рудникот „Суводол“.

Од новиот коп од рудникот „Суводол“ во моментов се произведуваат и до РЕК „Битола“ се транспортираат околу 15 000 тони јаглен. За секој од блоковите на Комбинатот дневно се потребни по 6000 тони јаглен за производство на електрична енергија, односно околу 18 000 тони доколку би работеле сите три блока. На крајот на неделава, според најавите, ќе заврши ремонтот на Блокот 1 во РЕК „Битола“, а до крајот на месецот се очекува да стигне и трансформаторот за Блокот 3, со што од почетокот на ноември ќе може да бидат ставени во функција трите блока на РЕК „Битола“.

По воведувањето на блок-тарифите има намален конзум на електрична енергија и универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“ во своите планови бара помалку од 15 до 17 отсто енергија од АД ЕСМ. Тоа,  според Ковачевски, позитивно ќе влијае за намалување на цената на електричната енергија, а дополнително на тоа позитивно ќе влијаат и најавите од Регулаторната комисија за енергетика дека ќе бидат воведени блок-тарифи и за малите потрошувачи со цел и тие да се стимулираат да штедат енергија.

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, вчера изјави дека се работи на барањата на Северна Македонија и други земји за помош за покривање на енергетските потреби. По најавите дека претседателот на државата Стево Пендаровски побарал од Европската Комисија да и помогне на Северна Македонија да надомести за цената на електрична енергија од Бугарија, еврокомесарот на прес – конференција одговори дека е запознаен со барањето и оти се работи на „поширок пакет за спас“.

Промовирани огласи »

EMAPTA OUTSORCING е основана врз премисата дека талентот што го обезбедуваат за нивните клиенти треба, пред сè, да се чувствува како беспрекорно продолжување на нивните тековни операции. Како такви, тие работат во тесно партнерство со нивните клиенти за секогаш да ги имаат во предвид културата и брендот во првите редови на кадровските решенија. EMAPTA обезбедува тим со високи перформанси кој е совршено усогласен со визијата на клиентите, мисијата и културата. Тимот е во посебни приватни канцеларии кои се прилагодени на барањата на клиентите.

Во моментов вработуваат:

TERRITORY MANAGER (GERMAN SPEAKING)
TERRITORY MANAGER (FRENCH SPEAKING)
ACQUISTION MANAGER
SENIOR QA ENGINEER
SENIOR .NET DEVELOPER
JUNIOR QA ENGINEER
CUSTOMER SUCCESS ASSOCIATE (NIGHT SHIFT)
CHANNEL PARTNER MANAGER (FRENCH SPEAKING)

Од сега сите огласи на EMAPTA може да ги најдете на КАРИЕРА.МК

Промовирани огласи »

Во денешно време, работата зазема навистина голем дел од нашите животи. Постојано луѓето се под стрес, мислат што треба наредно да направат, како да ги решат проблемите на работа и слично. Дури и кога на работа се оди како што треба, сепак луѓето се преопседнати со тоа што се случува во канцеларијата.

Доколку ги забележите следните знаци, Вам дефинитивно Ви е потребен одмор!

1 . Цело време размислувате на работа

Во ред е да се грижите за вашите обврски, но ако прва и последна мисла во текот на денот ви е работата, канцеларијата и документите, Вам дефинитивно ви треба одмор!

2. Целиот ваш живот се врти околу работа

Ако имате чувство дека и вашиот личен идентитет и она што сте како личност се врти околу вашата канцеларија – дефинитивно треба да ги земете оние слободни денови што ви следуваат.

3. Престанавте да се смеете

Кога последен сте се насмеале од срце? Ако не можете ни да се сетите, дефинитивно ви треба одмор, затоа што стресот комплетно се вселил во вашиот живот.

4. Немате ентузијазам за работата

Ако воопшто не ви е грижа за работата, којашто во еден момент од животот сте ја сакале и обожавале и едноставно се правите механички, под итно земете одмор додека сосема не сте си ја замразила работата.

5. Постојано правите грешки

Кој работи тој и греши. Но, ако постојано правите грешки кои најчесто се предизвикани заради недостиг на концентрација, тоа значи дека треба да земете здив и да одморите.

6. Пропуштате важни моменти од вашиот живот

Родендени, слави, прослави, дружења… ако постојано и константно го пропуштате ова заради вашата работа, тоа значи дека е време да поставите граници. Треба да си ја сакате работата, но не и по цена да ги пропуштите сите потенцијални прекрасни спомени.

7. Имате проблеми со спиењето

Ако постојано имате проблем со несоници или лош сон, тоа може да е резултат на вашата преоптовареност со работата. Постојано ве мачат проблемите и обврските на работата и не можете дури ни на сон да се опуштите.

8. Почнувате да изгледате исто како на сликата од пасошот

Има една шега која вели дека најдобар знак дека ви треба одмор е кога ќе почнете да изгледате како сликата од пасошот. Обично се вели дека сите излегуваат лошо на сликите за пасош, делуваат уморно и изнемоштено, па ако почнувате да изгледате така, земете неколку дена одмор и наспијте се!

Промовирани огласи »

Се зголемува основната камата на 3,5 отсто, одлучи денеска Комитетот за оперативна политика на Народната банка.

На седницата на Комитетот за оперативна монетарна политика беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се зголеми за 0,5 п.п. до нивото од 3,5 отсто. Понудата на благајнички записи на редовната аукција останува непроменета и изнесува 10 милијарди денари. На седницата беше одлучено да се зголемат и каматните стапки на расположливите депозити преку ноќ и на седум дена, исто така за по 0,5 п.п. При носењето на одлуката беше обрнато особено внимание на нагорните придвижувања на инфлацијата, којашто во септември повторно забрза, исклучиво поради прехранбената и енергетската компонента. Исто така, со оглед на монетарната стратегија на стабилен девизен курс на денарот во однос на еврото, промените во домашната монетарната политика ги одразуваат и промените во монетарната политика на Европската централна банка, се вели во соопштението од НБМ.

Народната банка уште од крајот на минатата година отпочна со постепено нормализирање на монетарната политика, заради одржување на среднорочната ценовна стабилност. Ова беше направено преку соодветно управување со ликвидноста, како и со постепено зголемување на основната каматна стапка. Ваквата монетарна поставеност беше поддржана и со дополнителни мерки, односно со промени кај инструментот задолжителна резерва насочени кон намалување на евроизацијата, како и со системски мерки, односно со воведување противцикличен заштитен слој на капиталот од 0,5 отсто, со што дополнително се јакнат заштитните механизми во банкарскиот систем. Се очекува дека со зголемувањето на основната каматна стапка, заедно со направените промени во стапките на издвојување задолжителна резерва коишто се поповолни во однос на домашната валута, и понатаму ќе се делува врз каматната политика на банките и ќе се стимулира штедењето во денари.

Најновите податоци покажуваат годишна стапка на инфлација од 18,7% во септември, или просечна годишна инфлација во периодот јануари – септември 2022 година од 12,4 проценти. 

Домашната инфлација и понатаму во најголем дел е определена од надворешни фактори, односно од порастот на увозните цени на храната и енергентите, вклучително и на домашната цена на електрична и топлинска енергија, коишто се под влијание на случувањата на глобалниот пазар на енергија. Од тие причини, околу 80 отсто од годишната стапка на инфлацијата во септември, односно 75 отсто од инфлацијата во првите девет месеци од годината, се должат на растот на цените на прехранбените производи и на енергијата. Со оглед на подолготрајните притисоци од овие цени под влијание на непредвидливи надворешни фактори и нивните преносни ефекти врз цените и на останатите производи и услуги, се подгреваат и инфлациските очекувања на економските субјекти. Поради тоа, потребно е водење претпазливи домашни политики заради внимателно управување со побарувачката. Иако кај цените на храната веќе се видливи поизразени надолни приспособувања на светските берзи, сепак нагорните притисоци од цените на електричната енергија го отежнуваат, односно го забавуваат пренесувањето на овие трендови кај цените на храната на домашниот пазар. Покрај тоа, на ова делува и неизвесноста од идната динамика на цените на примарните производи на берзите, а особено на енергентите, којашто е нагласена поради воените случувања во Украина и санкциите кон Русија.

Домашниот девизен пазар и натаму е стабилен, а од јули наваму, девизните резерви бележат постојан раст, којшто заклучно со септември е над проектираниот. Во услови на малку поумерени притисоци од енергетската криза и прилив на девизи на менувачкиот пазар којшто е значително повисок од очекувањата, како и солидна девизна ликвидност на банките, Народната банка и натаму врши откуп на девизи и ги јакне девизните резерви. Девизните резерви се во сигурната зона, а нивното ниво ги задоволува барањата за адекватност согласно со меѓународните стандарди.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »