Сава пензиско друштво а.д. Скопје има потреба од добро организирана, доверлива, дискретна, комуникативна и самоиницијативна личност, за позицијата Соработник за управување со индивидуални сметки.
Работни задачи и одговорности:
- Администрира сметки на членови на пензиските фондови,
- Обработува и разменува датотеки за членовите на пензиските фондови,
- Администрира уплати во пензиските фондови,
- Извршува постапка за премин на членови помеѓу пензиски фондови,
- Креира дневни и месечни извештаи за отворени сметки во пензиските фондови,
- Грижа за сметките на членовите и известување на членовите и пензионираните членови,
- Спроведува постапка за исплата на наследства од пензиските фондови;
- Други активности по барање на претпоставените во делокруг на активности на Сава пензиско друштво а.д. Скопје.
Потребни квалификации:
- Познавање MS Office и основни вештини за работа со софтвери за управување со документи и податоци,
- Развиени организациски вештини, педантност, деталност,
- Доверливост и дискретност,
- Вештини за комуницирање со луѓе,
- Познавање на англиски јазик,
- Најмалку средно економско образование,
Сава пензиско друштво а.д. Скопје нуди:
- Интересна и динамична работа,
- Висина на примања согласно искуството на кандидатот плус бонуси согласно интерните акти на Друштвото,
- Можност за личен и стручен развој со поддршка на Друштвото,
- Работно време 40 часа неделно, секој работен ден од понеделник до петок од 08-16 часот,
- Приватно здравствено осигурување по исполнување на услови,
- Доброволно пензиско осигурување по исполнување на услови,
- Новогодишна награда,
- Регрес за годишен одмор,
Дополнителни информации
За да аплицирате доставете ја Вашата лична биографија и писмо за интерес од кои се гледа дека ги исполнувате потребните улови и квалификации, со назнака за кое работно место аплицирате на следната адреса: a [најави се за да го видиш е-маилот] најдоцна до 19.04.2025 година.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг на кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Процесот на избор на кандидати ќе заврши заклучно со 30.04.2025 година. Друштвото го задржува правото да не ангажира ниту еден кандидат кој се пријавил на конкурсот.
Друштвото ќе постапи со пристигнатите пријави во согласност со Законот за заштита на личните податоци.
За дополнителни прашања, можете да стапите во директен контакт со Сава пензиско друштво а.д. Скопје, со седиште на ул. Димче Мирчев бр.20, Скопје, на електронска адреса: a [најави се за да го видиш е-маилот]
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk