Промовирани огласи »

На 16.10.2022 во Public Room со почеток од 11h се оддржи одличен настан посветен на жените во организација на Better Women Better World платформата. Како верни поддржувачи на жените во нашето општество, KARIERA.mk директно се вклучи во поддршка на настанот и информирање на жените за нивните можности за кариерен развој и пребарување на можности за работа во нашето општество. 

Ние, Хероините е женски форум на кој ќе се рефлектираат борбите и предизвиците на жената во различни сегменти од животот. Овој еднодневен форум има за цел да ги руши бариерите, споделувајќи мислења за одредена тематика од страна на професионалци, но и животни приказни, ставајќи акцент на вистинските прашања за кои треба сериозно да се размислува.

Агендата за настанот се состоеше од три панел дискусии и тоа:

Прва Панел Дискусија на тема:

Предизвиците на жените кои поминуваат низ процесот на Ин Витро (IVF) фертилизација

Говорници: Д-р Татјана Гуржанова, Доц. Д-р Зоја Самандова Петрушева

Модератор: Ксенија Николова

Втора Панел Дискусија на тема:

Предизвиците на жените во бизнисот

Говорници: Ангелка Пеева Лауренчиќ, Александра Бела Белчева Атанасовска, Калина Трајаноска

Панел презентација КАРИЕРА.мк Можности за кариерен развој, вработување, пракси и личен развој

Говорник: Зорица Бужаровска Бошковска, генерален директор КАРИЕРА.мк

Модератор: Олга Рајчиќ

Трета Панел Дискусија на тема:

Предизвиците на самохраните мајки

Говорници: Дороти Пачкова, Искра Гашевска, Бранкица Коцева

Модератор: Розалија Секулоска

Имавме можност да слушнеме корисни информации и искуства од страна на експерти од засегнатите области, како и инспиративни приказни од жени кои се соочувале и сè уште се соочуваат со разни предизвици, жени кои успеале да победат и продолжиле и после низа порази, но сепак стигнале до остварување на своите цели.

Промовирани огласи »

Како што се навикнуваме на пониските температури, луѓето почнуваат да си го поставуваат истото прашање: „Дали да го вклучат греењето? Некои домаќинства издржуваат онолку долго колку што можат, додека други го вклучуваат со првите ниски температури. Сепак, постои вечна дилема при користењето на парното, дали се заштедува пари ако работи бавно цел ден? Како и кај повеќето работи, одговорот не е едноставен.

Експертите сугерираат дека оставањето на греењето на пониска температура во текот на денот за да заштедите пари е само мит.

Од една страна, оставајќи го греењето вклучено цел ден, котелот ќе мора да работи за да ја одржува температурата на поставената температура, а вие ќе трошите енергија цел ден во споредба со поставувањето на греењето да започне во избраното време. Меѓутоа, ако домот е поладен, ќе ви треба повеќе енергија за да го загреете кога ќе пристигнете и ќе ја вклучите топлината.

Затоа, тие препорачуваат користење на тајмер. Ова овозможува греењето да се вклучува и исклучува кога ви е најпотребно и не мора да се грижите дали ќе заборавите да го исклучите.

Многу експерти се согласуваат дека најважното нешто што треба да се земе предвид кога станува збор за ефикасно затоплување на домот е да откриете каде бега топлината од него. Ако станот е добро изолиран, ќе трошите помалку енергија без разлика дали ќе го оставите парното вклучено цел ден или ќе користите тајмер. Колку се помали загубите на топлина, толку помалку енергија ќе потрошите за да постигнете удобна температура во домот.

Промовирани огласи »

Советот на Народната банка донесе Одлука за начинот на формирање и објавување на средните курсеви на Народната банка, во која најзначајно е вклучувањето на српскиот динар на курсната листа на Народната банка.

Одлуката, како што информираа денеска од Народната банка, ќе почне да се применува од Курсната листа формирана на 1 ноември 2022 година.

Со вклучувањето на српскиот динар во листата на валути кои може да се купуваат и продаваат на девизниот пазар се отвораат можности за поедноставување на економската соработка и се дава поттик на економските субјекти во интензивирање на трговските и финансиските текови меѓу двете земји, имајќи предвид дека Србија е еден од позначајните трговски партнери на нашата држава. Истовремено, може да се очекуваат и поволни ефекти и во поддршка на услужните дејности, со оглед дека е значен бројот на туристи од оваа наша соседна држава.

Одлуката за вклучување на српската валута во рамки на Курсната листа доаѓа во период на продлабочување на билатералната соработка на централните банки на двете земји и претставува координирана реакција на одлуката на Народната банка на Србија за ставање на македонскиот денар на својата курсна листа. 

Промовирани огласи »

Советниците на Зелен хуман град започнаа иницијатива со гласање до Советот на Градот Скопје да се дозволи сопствениците на миленици заедно да користат јавен транспорт. Се бара измена и дополнување на Одлуката за линиски превоз на патници во градот Скопје, преку што ќе се овозможи граѓаните со миленици да го користат градскиот превоз, без разлика дали нивните милениците се во служба на придружба или не, доколку се уредно сместени во транспортер за мачки и другите мали миленици или се на поводник, доколку се кучиња.

Како што велат од ЗХГ, граѓаните кои имаат миленици се една од најдискриминираните групи во Македонија, бидејќи доколку не располагаат со сопствено возило или немаат доволно пари за такси превоз, немаат никаков начин да го транспортираат миленикот бидејќи во земјава не смееат да користат ниту еден јавен транспорт.

Од една страна државата и институции промовираат одговорно сопствеништво, ненапуштање на милениците, а од друга страна го скратуваат основното човеково право на слободно движење, оневозможувајќи ги луѓето со своите миленици да стигнат дури и до ветеринар и во најитните ситуации, а камоли да ги спроведуваат посакуваните семејни активности со нив, велат активистите од ЗХГ.

Сепак, некои граѓани го поставуваат прашањето дали во земјава баш ни дојде и до ова право на газдите на милениците, кога правото на нормален и достоинствен превоз не им е овозможен ниту на граѓаните.

Како што е познато, најголемиот дел од возачите на ЈСП, заедно со контролорите, се нељубезни, не сеоднесуваат достоинствено кон граѓаните, возат пребрзо и нагло кочат, поради што и многу патници се повредени.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »