Промовирани огласи »

Советот на Народната банка донесе Одлука за начинот на формирање и објавување на средните курсеви на Народната банка, во која најзначајно е вклучувањето на српскиот динар на курсната листа на Народната банка.

Одлуката, како што информираа денеска од Народната банка, ќе почне да се применува од Курсната листа формирана на 1 ноември 2022 година.

Со вклучувањето на српскиот динар во листата на валути кои може да се купуваат и продаваат на девизниот пазар се отвораат можности за поедноставување на економската соработка и се дава поттик на економските субјекти во интензивирање на трговските и финансиските текови меѓу двете земји, имајќи предвид дека Србија е еден од позначајните трговски партнери на нашата држава. Истовремено, може да се очекуваат и поволни ефекти и во поддршка на услужните дејности, со оглед дека е значен бројот на туристи од оваа наша соседна држава.

Одлуката за вклучување на српската валута во рамки на Курсната листа доаѓа во период на продлабочување на билатералната соработка на централните банки на двете земји и претставува координирана реакција на одлуката на Народната банка на Србија за ставање на македонскиот денар на својата курсна листа. 

Промовирани огласи »

Советниците на Зелен хуман град започнаа иницијатива со гласање до Советот на Градот Скопје да се дозволи сопствениците на миленици заедно да користат јавен транспорт. Се бара измена и дополнување на Одлуката за линиски превоз на патници во градот Скопје, преку што ќе се овозможи граѓаните со миленици да го користат градскиот превоз, без разлика дали нивните милениците се во служба на придружба или не, доколку се уредно сместени во транспортер за мачки и другите мали миленици или се на поводник, доколку се кучиња.

Како што велат од ЗХГ, граѓаните кои имаат миленици се една од најдискриминираните групи во Македонија, бидејќи доколку не располагаат со сопствено возило или немаат доволно пари за такси превоз, немаат никаков начин да го транспортираат миленикот бидејќи во земјава не смееат да користат ниту еден јавен транспорт.

Од една страна државата и институции промовираат одговорно сопствеништво, ненапуштање на милениците, а од друга страна го скратуваат основното човеково право на слободно движење, оневозможувајќи ги луѓето со своите миленици да стигнат дури и до ветеринар и во најитните ситуации, а камоли да ги спроведуваат посакуваните семејни активности со нив, велат активистите од ЗХГ.

Сепак, некои граѓани го поставуваат прашањето дали во земјава баш ни дојде и до ова право на газдите на милениците, кога правото на нормален и достоинствен превоз не им е овозможен ниту на граѓаните.

Како што е познато, најголемиот дел од возачите на ЈСП, заедно со контролорите, се нељубезни, не сеоднесуваат достоинствено кон граѓаните, возат пребрзо и нагло кочат, поради што и многу патници се повредени.

Промовирани огласи »

Сите институции се подготвени навремено да го испорачаат тоа што им е обврска. Нема потреба од паника, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши. 

Утрово започна грејната сезона во Скопје. Во таа насока, Бектеши рече дека денешниот ден е потврда оти господинот Васко Ковачевски од ЕСМ и неговиот тим, со поддршка од Владата, ги направиле сите подготовки Скопје денес да има парно греење. Така и ќе биде до крајот на грејната сезона, уверува Бектеши. 

-Ние не зависиме од другите, си правиме подготовки, употребени се сите капацитети, а и сите предлози се добредојдени и како што сме ветиле, најдобрите понуди во интерес на граѓаните ќе бидат прифатени, се со цел најевтино да ја поминеме оваа зимска сезона - истакна Бектеши.

Директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски рече дека официјално, согласно законот, утрово започнала грејната сезона во Скопје. 

-ЕСМ пред помалку од месец дена доби задолжение од Влада да го менаџира топлинското греење. Формиравме три компании, направивме подготовка за тој период за старт на топлинската енергија, имаме обезбедено енергенс до крајот на месецот, а во зависност од тоа како ќе функционира ТЕТО, ќе знаеме дали за следниот месец ќе повлекуваме енергија од ТЕТО или ќе произведуваме топлинска енергија во нашите топлани Исток и Запад - рече Ковачевски.

Сепак, утрово имаше неколку реакции од граѓани кои се пожалија дека радијаторите во нивните домови се млаки. Ковачевски истакна од кои причини би можело да дојде до таква појава.

-Можно е самата стамбена заедница да не била доволно подготвена да ја прими топлинската енергија. Мислам во делот на топлинските пумпи, подстаниците, делот во однос на електрична енергија и поправка на системот. Ако имало воздух претходно во радијаторите, топлинската енергија не може да го истисне воздухот. А за тоа се задолжени заедниците и станбените згради кои што треба да се подготват за грејната сезона, како што нагласивме и претходно. Ние имаме дијаграм и според тој дијаграм докажуваме дека испорачуваме топлинска енергија - забележа Ковачевски. 

Инаку, Ковачевски информираше дека утринава во 05.50 часот, топланите биле пуштени при температура од 9 степени, истите работеле до 09.15 часот кога се постигнала надворешна температура од 12 тепени Целзиусовии притоа биле испорачани 997 мегавати топлинска енергија. Топлинска енергија, рече Ковачевски ќе има до крајот на грејната сезона, односно до 30-ти април 2023 година.

Што се однесува до снабдувањето со електрична енергија, тој потенцираше дека Блок 1 и Блок 2 во РЕК Битола се ставени во функција.

-Иако Блок 1 беше 23 дена во ремонт, а потребни се 45 дена за тој процес, ние со зголемен ангажман успеавме за краток период да го подготвиме Блок 1 и тој ќе биде во функција во текот на цела сезона - заклучи Ковачевски. 

Промовирани огласи »

Проширување на производствените капацитети во Источна Европа.
Фабрика за производство на системи за надворешни ретровизори за различни европски производители на автомобили. Се очекува да се отворат до 1.000 нови работни места. 

Зајлауф, Германија, 12 октомври 2022 година – Со отворањето на новa фабрика во Струга, Северна Македонија, Магна го проширува своето присуство во Источна Европа. Компанијата го прослави свеченото отворање на новата фабрика со премиерот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, членови на Владата и други претставници од регионот.

Новата фабрика на Магна во Струга е првиот производствен капацитет на компанијата во Северна Македонија и ќе поддржува неколку европски производители на автомобили. Со површина од приближно 17.000 квадратни метри, фабриката започна со работа на почетокот на оваа година со повеќе од 300 вработени и се очекува да достигне до 1.000 вработени во текот на 2024 година, согласно планираното зголемување на бизнисот. Во фабриката ќе се произведуваат системи за надворешни ретровизори, вклучувајќи актуатори и жичeни инсталации.

“Возбудени сме за отворањето на првата фабрика на Магна во Северна Македонија поради можностите што ги носи за зголемување на нашето присуство во Источна Европа и создавањето на нови работни места во регионот“, изјави Дејвид Креспи, потпретседател на Магна Мирорс. „Владата на Република Северна Македонија и локалната заедница ни пружија голема поддршка и се радуваме на нашата понатамошна соработката се со цел да им пружиме поддршка на нашите клиенти во иднина.”

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »