Промовирани огласи »

Сите институции се подготвени навремено да го испорачаат тоа што им е обврска. Нема потреба од паника, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши. 

Утрово започна грејната сезона во Скопје. Во таа насока, Бектеши рече дека денешниот ден е потврда оти господинот Васко Ковачевски од ЕСМ и неговиот тим, со поддршка од Владата, ги направиле сите подготовки Скопје денес да има парно греење. Така и ќе биде до крајот на грејната сезона, уверува Бектеши. 

-Ние не зависиме од другите, си правиме подготовки, употребени се сите капацитети, а и сите предлози се добредојдени и како што сме ветиле, најдобрите понуди во интерес на граѓаните ќе бидат прифатени, се со цел најевтино да ја поминеме оваа зимска сезона - истакна Бектеши.

Директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски рече дека официјално, согласно законот, утрово започнала грејната сезона во Скопје. 

-ЕСМ пред помалку од месец дена доби задолжение од Влада да го менаџира топлинското греење. Формиравме три компании, направивме подготовка за тој период за старт на топлинската енергија, имаме обезбедено енергенс до крајот на месецот, а во зависност од тоа како ќе функционира ТЕТО, ќе знаеме дали за следниот месец ќе повлекуваме енергија од ТЕТО или ќе произведуваме топлинска енергија во нашите топлани Исток и Запад - рече Ковачевски.

Сепак, утрово имаше неколку реакции од граѓани кои се пожалија дека радијаторите во нивните домови се млаки. Ковачевски истакна од кои причини би можело да дојде до таква појава.

-Можно е самата стамбена заедница да не била доволно подготвена да ја прими топлинската енергија. Мислам во делот на топлинските пумпи, подстаниците, делот во однос на електрична енергија и поправка на системот. Ако имало воздух претходно во радијаторите, топлинската енергија не може да го истисне воздухот. А за тоа се задолжени заедниците и станбените згради кои што треба да се подготват за грејната сезона, како што нагласивме и претходно. Ние имаме дијаграм и според тој дијаграм докажуваме дека испорачуваме топлинска енергија - забележа Ковачевски. 

Инаку, Ковачевски информираше дека утринава во 05.50 часот, топланите биле пуштени при температура од 9 степени, истите работеле до 09.15 часот кога се постигнала надворешна температура од 12 тепени Целзиусовии притоа биле испорачани 997 мегавати топлинска енергија. Топлинска енергија, рече Ковачевски ќе има до крајот на грејната сезона, односно до 30-ти април 2023 година.

Што се однесува до снабдувањето со електрична енергија, тој потенцираше дека Блок 1 и Блок 2 во РЕК Битола се ставени во функција.

-Иако Блок 1 беше 23 дена во ремонт, а потребни се 45 дена за тој процес, ние со зголемен ангажман успеавме за краток период да го подготвиме Блок 1 и тој ќе биде во функција во текот на цела сезона - заклучи Ковачевски. 

Промовирани огласи »

Проширување на производствените капацитети во Источна Европа.
Фабрика за производство на системи за надворешни ретровизори за различни европски производители на автомобили. Се очекува да се отворат до 1.000 нови работни места. 

Зајлауф, Германија, 12 октомври 2022 година – Со отворањето на новa фабрика во Струга, Северна Македонија, Магна го проширува своето присуство во Источна Европа. Компанијата го прослави свеченото отворање на новата фабрика со премиерот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, членови на Владата и други претставници од регионот.

Новата фабрика на Магна во Струга е првиот производствен капацитет на компанијата во Северна Македонија и ќе поддржува неколку европски производители на автомобили. Со површина од приближно 17.000 квадратни метри, фабриката започна со работа на почетокот на оваа година со повеќе од 300 вработени и се очекува да достигне до 1.000 вработени во текот на 2024 година, согласно планираното зголемување на бизнисот. Во фабриката ќе се произведуваат системи за надворешни ретровизори, вклучувајќи актуатори и жичeни инсталации.

“Возбудени сме за отворањето на првата фабрика на Магна во Северна Македонија поради можностите што ги носи за зголемување на нашето присуство во Источна Европа и создавањето на нови работни места во регионот“, изјави Дејвид Креспи, потпретседател на Магна Мирорс. „Владата на Република Северна Македонија и локалната заедница ни пружија голема поддршка и се радуваме на нашата понатамошна соработката се со цел да им пружиме поддршка на нашите клиенти во иднина.”

Промовирани огласи »

Македонија нема да учествува на Евровизија 2023 година,  потврдил за ММС директорот на Македонската радио телевизија, Марјан Цветковски.

Да, да нема да учествуваме на Евровизија. Не сме платиле котизација. Најголем проблем се струјата и големите трошоци, кои ќе ги предизвика патувањето и престојот во Велика Британија. Поради оваа состојба скратени се сите трошоци, па така и овие кои требаше да се платат за учество на Евросонг, ги насочивме за плаќање струја, изјавил за ММС, Цветковски.

Од 1991 година до денес не сме учествувале неколку пати поради неисполнување на пропозициите на ЕБУ или не сме успеале да влеземе во финале, па според правилата, сме правеле пауза.

Промовирани огласи »

EMAPTA OUTSORCING е основана врз премисата дека талентот што го обезбедуваат за нивните клиенти треба, пред сè, да се чувствува како беспрекорно продолжување на нивните тековни операции. EMAPTA обезбедува тим со високи перформанси кој е совршено усогласен со визијата на клиентите, мисијата и културата. Тимот е во посебни приватни канцеларии кои се прилагодени на барањата на клиентите. 

Во моментов вработуваат:

TERRITORY MANAGER (GERMAN SPEAKING)
TERRITORY MANAGER (FRENCH SPEAKING)
ACQUISTION MANAGER
SENIOR QA ENGINEER
SENIOR .NET DEVELOPER
JUNIOR QA ENGINEER
CUSTOMER SUCCESS ASSOCIATE (NIGHT SHIFT)
CHANNEL PARTNER MANAGER (FRENCH SPEAKING)

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа, којшто работи во седум држави и обезбедува услуги за околу 24 милиони корисници.

Моментално вработува:

CORPORATE IT PRINCIPAL/LEAD ENGINEER
DATA ANALYST
SENIOR OSS SPECIALIST

Сите останати работни позиции можете да ги најдете ТУКА!

РЕВИЈА е ланч бар со долгогодишно искуство кое ги подготвува вашите омилени закуски и јадења. Доколку уживате во добра храна и музика Revija Bar & Food се вистинското место за вас.

Моментално вработува на следните позиции:

ПИЦА МАЈСТОР/КА
ДОСТАВУВАЧ/КА
ШАНКЕР/КА

Сите останати работни позиции можете да ги најдете ТУКА!

DOUBLE TREE BY HILTON на само неколу минути од реката и од центарот на Скопје, Хотелот вклучува базен со џакузи, ресторан и топло колаче за добредојде. Со погодна локација кадешто централниот дел од Скопје со сите познати туристички и историски знаменитости, се на 10 минути возење додека меѓународниот аеродром во Скопје е оддалечен само 20 минути.

Сите отворени работни позиции за DOUBLE TREE BY HILTON можете да ги најдете ТУКА!

„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи.

Моментално вработува:

ПОМЛАД СПЕЦИЈАЛИСТ ВО ПРЕГЛЕД НА КВАЛИТЕТ НА ПРОИЗВОД
СТРУЧНО-КОМЕРЦИЈАЛНИ ПРЕСТАВНИЦИ ЗА РЕГИОНИТЕ СКОПЈЕ И КУМАНОВО

БРАКО ДОО се занимава со развој и производство на производи целосно изработени од метал или комбинација на метал и други материјали.

Брако моментално е во потрага по:

ОПЕРАТОР НА МАШИНА
ЗАВАРУВАЧИ
МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР

Webhelp е телекомуникациска компанија која работи со гигантски брендови на глобално ниво, нудејќи најдобро место за работа за сите германски говорители. 

Моментално вработува:

WEBHELP IT-COORDINATOR
CLIENT ADVISER – GERMAN
KUNDENBETREUER – DEUTSCH

Magna International Inc. е водечки глобален снабдувач посветен на испорака на нови решенија за мобилност и технологија што ќе го променат светот во автомобилската индустрија. Имаме над 152.000 вработени фокусирани на обезбедување супериорна вредност за нашите клиенти преку иновативни процеси и производство од светска класа.

Моментално се отворени следниве позиции:

CONTROLLER
СЕТЕР ВО ОДДЕЛОТ ЗА ЛИЕЊЕ ПЛАСТИКА
ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ

Македонијатурист а.д. Скопје е најголемата и најуспешната компанија во областа на хотелиерството и ресторанските услуги во Република Северна Македонија која работи успешно располагајќи со 5 (пет) хотели и тоа: Холидеј Ин, Хотел Белви, Хотел Карпош, Бест Вестерн Хотел Турист и Хотел Водно вработувајќи преку 200 професионалци во својата област.

Сите активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА!

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »