Промовирани огласи »

Народниот правобранител Насер Зибери на денешната прес-конференција информира дека како овластен предлагач до Владата на Република Северна Македонија ќе достави Иницијатива за измени на Законот за облигациони односи и Законот за извршување, кои се однесуваат на прашањето на казнената камата.

Од Омбудсманот предлагаат казнената камата да не може да биде поголема од основниот долг, односно измените одат во насока која каматата ќе го достигне главниот долг, односно ќе ја достигне висината на главниот долг и истата да престане да тече.

Предлогот на Народниот правобранител се однесува на член 268а од Законот за облигациони односи, каде е потребно да се додаде нов член 268б кој вели казнената камата престанува да тече кога сумата на втасаната и неисплатена камата ќе ја достигнат главницата. Следствено  на оваа, треба да се направат измени и во Законот за извршување, каде што  треба да се измени членот 18, односно да се додаде член 18а кој би гласел – кога сумата на втасаната, а неисплатена камата ќе ја достигне главницата, извршителот во постапката на извршување престанува да пресметува и наплатува законска казнена камата, рече тој.

Според Зибери, заради доследна гаранција на уставното начело на правна сигурност на граѓаните како составен дел од принципот на владеење на правото, во преодни и завршни одредби на овие закони да се уреди дека овие измени ќе важат и за постапките кои се во тек пред извршителите како поволно решение во споредба со сегашните.

Зошто ги бараме овие измени? Имено, во 2020 година беа направени измени во Законот за извршување со кои беше прецизирана листата на категории на лица и примања кои се изземени од извршување, како што се примањата од правата и социјалната помош, социјална заштита, од правата на заштитата на децата итн., и беше ограничена висината на извршувањето од една третина на една петтина од плата или пензија, со што се испочитуваа и препораките на Народниот правобранител, потенцира Зибери.

Потребата од измени, Омбудсманот ја илустрираше со неколку примери во кои на граѓаните долгот им се наплатува со задршка од една третина или една петтина од нивните плати или пензии.

Пример – извршувањето почнува во 2013 година, треба да се наплати камата од 2010 година. Се спроведува забрана на една третина од пензија. Главниот долг изнесува 371.367 денари до 2022 година кога странката се обраќа кај Народниот правобранител. За девет година наплатени се 885.138 денари од кои 783.628 денари се на име на камата на главниот долг, а за наплата остануваат уште 433.604 денари. Значи, за долг од 371 илјади се наплатува само камата 783.628 денари и истата продолжува да тече, рече Омбудсманот, рече тој.

Омбудсманот информира дека од претставките кои се однесуваат на постапките за извршување, најбројни се од делот на извршувањето, односно постапките пред извршителите, а кои главно се однесуваат на наплатата на казнената камата.

Зибери истакна дека утврдиле оти со постоечкиот начин на спроведување на извршувањето се нарушува и загрозува егзистенцијата на граѓаните, а некои граѓани поради затезната камата слободно може да се каже дека запаѓаат во должничко ропство, односно не се во можност да ги плаќаат сите средства од главницата и од каматата.

Народниот правобранител смета неправилно граѓаните кои најчесто имаат статус на должници по основ на извршени основи како што се електрична енергија, топлинска енергија, вода, сметки на телефони, по вина на институциите се доведени во неповолна ситуација. Ваквиот проблем настана со имплементирање на одредбите од Законот за измени и дополнувања на Законот за извршување донесени во 2010 година, со кои се предвиде процес на трансфер на старите извршни предмети од судовите кај нотарите и извршителите кои го продолжија процесот на извршување. Станува збор за префрлени 400 илјади предмети, кои се чувале во судовите поради настанатиот законски и правен вакуум и евидентните недоследности во процедурата за наплата, рече тој.

Омбудсманот се надева дека Владата и Собранието сериозно ќе ја разгледаат Иницијатива и за брзо време да заживее во праксата. 

Промовирани огласи »

ФМС дооел е специјализирана компанија која ги нуди сите услуги поврзани со имотот. Компанија која ќе го процени, идентификува и претстави најдоброто решение за предизвиците и проблемите со кои се соочува вашиот објект. Нудиме професионални услуги, имаме високо обучен кадар и користиме иновативна технологија.

Во моментов се отворени следниве работни позиции:

OFFICE MANAGER
FACILITY MANAGER
ФРИГОТЕХНИЧАР – ИНСТАЛАТЕР
МОЛЕР-ГИПСАР
ЕЛЕКТРОИНСТАЛАТЕР / ЕЛЕКТРИЧАР / ЕЛЕКТРОМОНТЕР
МАГАЦИОНЕР – ВОЗАЧ

Сите останати активни огласи за вработување можете да ги најдете ТУКА!

Промовирани огласи »

Значителен пад на цената на струјата се очекува од ноември, според пазарните проценки, по намалувањето на цената на струјата на берзата и на меѓународните цени на природниот гас, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Просечната цена на струјата на грчката берза за октомври до вчера изнесуваше 263,86 евра за мегават час. За споредба, во септември изнесуваше 416,87 евра, а во август 436,53 евра. Деескалацијата се припишува од една страна на зголеменото учество на обновливите извори на енергија, а од друга страна на намалувањето на цените на природниот гас.

Природниот гас на Холандската берза вчера затвори по цена од 112,15 евра за мегават час во пресрет на предлозите на Комисијата на ЕУ за контрола на цената на горивото. На врвот на кризата во август таа достигна близу 350 евра.

Промовирани огласи »

Може да биде тешко да се започне со инвестирање на млада возраст. Вашиот платен пакет треба да опфати кирија, хипотеки, сметки и други бројни трошоци, оставајќи ви едвај доволно. Но, кога станува збор за инвестиции, колку порано започнете, толку повеќе придобивки можете да добиете.

Правењето портфолио што ќе ви ја донесе саканата добивка бара квалитетна инвестициска политика, но за жал, во таа работа грешките се многу чести. За да ги избегнете, дознајте кои пропусти се најчести:

  • Не вложувајте без дефинирани основни правила
  • Не ја префрлувајте одговорноста на друг
  • Не губете пари
  • Не се концентрирајте на една класа имот
  • Не ги инвестирајте сите пари во една индустрија
  • Не инвестирајте долгорочно во акции со “добра приказна”

Постојат многу причини зошто е многу препорачливо раниот почеток на вашето портфолио. Она што сега изгледа како скудна количина, полека ќе прерасне и ќе созрее во значителен корпус додека стареете. Можете исто така да уживате во пониски премии на средства како полиси за осигурување. Исто така ве учи на финансиска дисциплина. Ја учите важноста на парите и зошто треба да се инвестираат правилно. Уште поважно, ви дава слобода да го направите вашиот избор.
 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »