Промовирани огласи »

Значителен пад на цената на струјата се очекува од ноември, според пазарните проценки, по намалувањето на цената на струјата на берзата и на меѓународните цени на природниот гас, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Просечната цена на струјата на грчката берза за октомври до вчера изнесуваше 263,86 евра за мегават час. За споредба, во септември изнесуваше 416,87 евра, а во август 436,53 евра. Деескалацијата се припишува од една страна на зголеменото учество на обновливите извори на енергија, а од друга страна на намалувањето на цените на природниот гас.

Природниот гас на Холандската берза вчера затвори по цена од 112,15 евра за мегават час во пресрет на предлозите на Комисијата на ЕУ за контрола на цената на горивото. На врвот на кризата во август таа достигна близу 350 евра.

Промовирани огласи »

Може да биде тешко да се започне со инвестирање на млада возраст. Вашиот платен пакет треба да опфати кирија, хипотеки, сметки и други бројни трошоци, оставајќи ви едвај доволно. Но, кога станува збор за инвестиции, колку порано започнете, толку повеќе придобивки можете да добиете.

Правењето портфолио што ќе ви ја донесе саканата добивка бара квалитетна инвестициска политика, но за жал, во таа работа грешките се многу чести. За да ги избегнете, дознајте кои пропусти се најчести:

  • Не вложувајте без дефинирани основни правила
  • Не ја префрлувајте одговорноста на друг
  • Не губете пари
  • Не се концентрирајте на една класа имот
  • Не ги инвестирајте сите пари во една индустрија
  • Не инвестирајте долгорочно во акции со “добра приказна”

Постојат многу причини зошто е многу препорачливо раниот почеток на вашето портфолио. Она што сега изгледа како скудна количина, полека ќе прерасне и ќе созрее во значителен корпус додека стареете. Можете исто така да уживате во пониски премии на средства како полиси за осигурување. Исто така ве учи на финансиска дисциплина. Ја учите важноста на парите и зошто треба да се инвестираат правилно. Уште поважно, ви дава слобода да го направите вашиот избор.
 

Промовирани огласи »

Заклучно со 18.10.2022, до 11:00 часот, склучени се 950 Договори за снабдување со топлинска енергија со потрошувачите, во пунктовите на ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје. Снабдувачот со топлина апелира до граѓаните да продолжат да пристапуваат кон пунктовите и непосредно да ја регулираат својата правна обврска во однос на испораката на топлина до нивните домови и објекти.

Во меѓувреме, ЕСМ Снабдување подготвува поедноставување на постапката за склучување на нови договори и новите начини ќе бидат достапни во следните денови, за што јавноста ќе биде навремено известена. Потрошувачите ќе имаат можност самите да го пополнат образецот на Договорот за снабдување со топлинска енергија, кој ќе биде прикачен на веб-страницата на АД ЕСМ и во два примерока да го предадат во еден од Пунктовите, со приложување на увид документ за лична идентификација и една фактура (или копија) од претходниот снабдувач. По заверка на договорот, од страна на ЕСМ Снабдување истиот ке биде доставен по пошта на адреса на потрошувачот, наведена во договорот.

Исто така, ЕСМ Снабдување во наредниот период ќе го достави образецот на Договорот за снабдување со топлинска енергија во поштенското сандаче во објектите каде се испорачува топлинска енергија, а потрошувачите ќе треба истиот да го пополнат во два примерока и да го предадат во еден од Пунктовите на ЕСМ Снабдување, со документ за лична идентификација на увид и една фактура (или копија) од претходниот снабдувач. По заверка на договорот, од страна на ЕСМ Снабдување иститот ке биде доставен по пошта на адреса на потрошувачот, наведена во Договорот.

Со новите начини ќе се намали времето на задржување на потрошувачите во пунктовите, со оглед на тоа што документот ќе биде веќе пополнет од нивна страна. ЕСМ Снабдување ќе воспостави и директни контакти со корисниците кои од лични причини не можат да ги напуштат своите домови, ќе им излезе во пресрет и ќе им овозможи Договорот да го склучат во нивниот дом.

Тековно ќе се изнаоѓаат решенија и за други корисници, кои во следниот период ќе бидат отсутни и за истите ќе се определи посебен термин за склучување на договорот, согласно нивните можности, велат од ЕСМ. 

Промовирани огласи »

Сојузот на синдикатите на Македонија им ,,заблагодарува” на претседателот на Владата, Ковачевски, Министерката за труд и социјална политика, Тренчевска и на Министерот за финансии, Бесими што повторно јавно истакнаа дека Мерките и планот за штедење иако донесен на седница на Влада и доставен до сите институции за постапување нема да се применуваат поради тоа што нема да се намалуваат платите на вработените во јавен сектор, никој нема да го загуби своето работно место, нема да се кратат работнички права особено нема да се укинуваат колективните договори.

За потсетување истите ветуваа зголемување и усогласување на платите на работниците во јавниот сектор, а иако законска обврска, премиерот и министерката за труд не го исполнија ветеното за разлика од сите други, а министерот за финансии кој беше најмногу против зголемување на платите на работниците во јавниот сектор и поради кој премиерот и останатите министри не ги зголемија платите, го прифати предлогот на ССМ и за вработените во Министерството за финансии ги зголеми платите за 30%.

Охрабрувачките” пораки кои работниците не ги разбираат како министрите, особено поради тоа што веќе дел од нив се праќаат на принуден одмор, веќе им се намалуваат плати и веќе се прават списоци за отстрел на работници, гласат:

Нема да има отпуштања и нема да има намалување на платите на вработените во администрацијата, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во Тема на денот на телевизија Сител.

Платите на вработените нема да бидат намалени, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски откако Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) реагираше дека нема да дозволи намалување на работничките права преку кратење на плати, неисплаќање на додатоци и надоместоци од плата.

„Целта не е да се кратат платите на работниците, туку тоа е план за фискална одржливост којшто содржи низа мерки во насока на консолидација на трошоците и подобрување на квалитетот на услугите коишто го добиваат граѓаните“, рече Ковачевски.

Во ниту еден момент, ниту премиерот, ниту некој друг кажал дека ќе се намалат платите, а тоа не стои ниту во Планот за штедење, но има одредени сектори и колективни договори чии решенија ќе мора да се ревидираат“, рече вечерва министерот за финансии Фатмир Бесими.

Ги споделуваме мерките кои не се кажани туку се напишани, а за кои работниците сами можат да се уверат што значат, а што значат зборовите на владините функционери.

Сојуз на синдикати на Македонија

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »