Промовирани огласи »

Заклучно со 18.10.2022, до 11:00 часот, склучени се 950 Договори за снабдување со топлинска енергија со потрошувачите, во пунктовите на ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје. Снабдувачот со топлина апелира до граѓаните да продолжат да пристапуваат кон пунктовите и непосредно да ја регулираат својата правна обврска во однос на испораката на топлина до нивните домови и објекти.

Во меѓувреме, ЕСМ Снабдување подготвува поедноставување на постапката за склучување на нови договори и новите начини ќе бидат достапни во следните денови, за што јавноста ќе биде навремено известена. Потрошувачите ќе имаат можност самите да го пополнат образецот на Договорот за снабдување со топлинска енергија, кој ќе биде прикачен на веб-страницата на АД ЕСМ и во два примерока да го предадат во еден од Пунктовите, со приложување на увид документ за лична идентификација и една фактура (или копија) од претходниот снабдувач. По заверка на договорот, од страна на ЕСМ Снабдување истиот ке биде доставен по пошта на адреса на потрошувачот, наведена во договорот.

Исто така, ЕСМ Снабдување во наредниот период ќе го достави образецот на Договорот за снабдување со топлинска енергија во поштенското сандаче во објектите каде се испорачува топлинска енергија, а потрошувачите ќе треба истиот да го пополнат во два примерока и да го предадат во еден од Пунктовите на ЕСМ Снабдување, со документ за лична идентификација на увид и една фактура (или копија) од претходниот снабдувач. По заверка на договорот, од страна на ЕСМ Снабдување иститот ке биде доставен по пошта на адреса на потрошувачот, наведена во Договорот.

Со новите начини ќе се намали времето на задржување на потрошувачите во пунктовите, со оглед на тоа што документот ќе биде веќе пополнет од нивна страна. ЕСМ Снабдување ќе воспостави и директни контакти со корисниците кои од лични причини не можат да ги напуштат своите домови, ќе им излезе во пресрет и ќе им овозможи Договорот да го склучат во нивниот дом.

Тековно ќе се изнаоѓаат решенија и за други корисници, кои во следниот период ќе бидат отсутни и за истите ќе се определи посебен термин за склучување на договорот, согласно нивните можности, велат од ЕСМ. 

Промовирани огласи »

Сојузот на синдикатите на Македонија им ,,заблагодарува” на претседателот на Владата, Ковачевски, Министерката за труд и социјална политика, Тренчевска и на Министерот за финансии, Бесими што повторно јавно истакнаа дека Мерките и планот за штедење иако донесен на седница на Влада и доставен до сите институции за постапување нема да се применуваат поради тоа што нема да се намалуваат платите на вработените во јавен сектор, никој нема да го загуби своето работно место, нема да се кратат работнички права особено нема да се укинуваат колективните договори.

За потсетување истите ветуваа зголемување и усогласување на платите на работниците во јавниот сектор, а иако законска обврска, премиерот и министерката за труд не го исполнија ветеното за разлика од сите други, а министерот за финансии кој беше најмногу против зголемување на платите на работниците во јавниот сектор и поради кој премиерот и останатите министри не ги зголемија платите, го прифати предлогот на ССМ и за вработените во Министерството за финансии ги зголеми платите за 30%.

Охрабрувачките” пораки кои работниците не ги разбираат како министрите, особено поради тоа што веќе дел од нив се праќаат на принуден одмор, веќе им се намалуваат плати и веќе се прават списоци за отстрел на работници, гласат:

Нема да има отпуштања и нема да има намалување на платите на вработените во администрацијата, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во Тема на денот на телевизија Сител.

Платите на вработените нема да бидат намалени, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски откако Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) реагираше дека нема да дозволи намалување на работничките права преку кратење на плати, неисплаќање на додатоци и надоместоци од плата.

„Целта не е да се кратат платите на работниците, туку тоа е план за фискална одржливост којшто содржи низа мерки во насока на консолидација на трошоците и подобрување на квалитетот на услугите коишто го добиваат граѓаните“, рече Ковачевски.

Во ниту еден момент, ниту премиерот, ниту некој друг кажал дека ќе се намалат платите, а тоа не стои ниту во Планот за штедење, но има одредени сектори и колективни договори чии решенија ќе мора да се ревидираат“, рече вечерва министерот за финансии Фатмир Бесими.

Ги споделуваме мерките кои не се кажани туку се напишани, а за кои работниците сами можат да се уверат што значат, а што значат зборовите на владините функционери.

Сојуз на синдикати на Македонија

Промовирани огласи »

Кучиња скитници ги демнат скопјани речиси на секој чекор. Проблемот е стар, ново е што граѓаните повторно упатуваат молби до надлежните истиот да го решат.

Речиси и секојдневно во полицискиот случај има пријави за каснувања од улични кучиња на подрачјето на Скопје, а неретко страдаат и деца. Освен физички повреди, станува збор и за претрпени психолошки трауми, велат родителите.

Откако минатата недела беше алармирано за зголемен број на улични кучиња на градските гробишта во Бутел, од ЈЛ Лајка реагираа дека таму причина е изворот на храна, а исто така рекоа дека токму на оваа локација се заловувале кучиња.

Социјалните мрежи се преполни со забелешки дека од кучиња скитници е преполно.

Скопјани пренесуваат страшни искуства за нивните „средби“ со глутници и тоа во делот на Клинички центар, кај трговскиот центар Бисер, во Бутел, во Центар во Драчево кај пазарот...Велат приморани се да чекаат, да се кријат од кучињата...

Дел од нив сметаат дека кучињата по скопските улици се пуштени од несовесни сограѓани на кои им здодеало чувањето миленик па го пуштаат на улица во некоја скопска општина.

Се шпекулира и дека кучиња скитници од други градови во земјава се пуштаат низ Скопје.

Додека се чека на конкретна акција од надлежните, скопјани велат дека за да се спасите од напад на улични кучиња се што треба е да останете смирении и по можност кога ќе тргнат кон вас да им фрлите нешто за јадење.

Промовирани огласи »

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје апелира и бара од Владата, општините и сите должници кон претпријатието во најкус можен рок да ги исплатат своите обврски со цел да се овозможи нормално функционирање на претпријатието. Во моментов Владата, односно Министерството за образование има долг кон ЈСП од 120 милиони денари или околу 2 милиони евра за бесплатниот превоз на ученици и студентите. Дополнително неколку скопски општини му должат на претпријатието околу 40 милиони денари, истакна денеска на прес-конференција Зоран Глигоров генерален секретар на Град Скопје. 

Како што рече, долговите кон ЈСП кои се бројат во милиони евра го оневозможуваат нормалниот работен тек на претпријатието и создаваат проблеми во тековната работа, односно исполнување на обврските кои претпријатието ги има кон своите доверители и обврската за исплата на плати кон вработените.  

Во услови на економска и енергетска криза кога цените на горивата речиси секојдневно растат, во услови во кои ЈСП Скопје има заостанати долгови наследени од претходните раководства на претпријатието недозволиво е државните институции да се однесуваат игнорантно и да не ги исполнуваат своите обврски. Скопјани заслужуваат квалитетна и редовна услуга, но бидејќи Владата и општините не ги исполнуваат своите обврски кон ЈСП, претпријатието најавува дека од утре среда 12 часот ќе отпочне со протест пред Влада се до подмирување на долговите кон ЈСП, додаде Глигоров.  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »