Промовирани огласи »

Речиси сите делчиња од мозаикот за Samsung Galaxy Note 8 полека се склопуваат. По потврдата на 23 август како датум на промоција, откривање на повеќе рендери кои го покажуваат дизајнот, сега добиаме и информација за нова боја на маската.

Според „ликстерот“ Роланд Квандт Samsung Galaxy Note 8 ќе располага и со Deep Blue боја на маската покрај Black и Orchid Grey. Барем, ова засега се речиси потврдени бои за маската на Samsung Galaxy Note 8.

Промовирани огласи »

Летото е период кога сите ние го користиме летниот одмор и без разлика на обемноста на работните обврски, сите имаме право на одреден број на слободни денови во летниот период.

Секој од нас треба да посвети внимание на најсаканите и целосно да се откачи од секојдневните бизнис обврски.
Сметате дека е невозможно целосно да се исклучите од вашето работно место?

Ви подготвивме кратко видео за како тоа да го сторите со примена на неколку идеи. Сепак, летниот одмор е ваше право и заслужувате да не размислувате за бизнис информации, пари, соработници или пак за колегите од канцеларија.


 

Промовирани огласи »

Се известуваат сите туристи во Пефкохори да не ги паркираат непрописно колите на магистралниот пат, бидејќи полицијата ги собира таблиците на сите коли што се непрописно паркирани.

Ова важи за тие што се паркираат на тротоари, на пола тротоар, а попречува за минување на другите возила. Сите таблици што се земени од полицијата, можат да се земат. Во Пефкохори секогаш има проблем со паркинг место, така да тие што се таму сместени нека се консултираат со домаќините за каде да ги паркираат колите.

Промовирани огласи »

Македонско-британската компанија InPlayer денеска ќе ја промовира новата инвестиција, со која ќе го прошири својот тим во Скопје и ќе се придонесе за подобро претставување на светскиот пазар. 

InPlayer најавува дека ќе го зголеми бројот на своите вработени на 50 до крајот на 2017 година, додека до крајот на 2018 година се планира тој број да се зголеми двојно.

Тимот на компанијата во Македонија сега се состои од 35 професионалци кои работат по светски стандарди и најдобри услови за да ги опслужат најголемите медиуми и софтверски компании во светот.

На настанот, на кој ќе биде промовирана инвестицијата, ќе присуствува министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »