Промовирани огласи »

Македонско-британската компанија InPlayer денеска ќе ја промовира новата инвестиција, со која ќе го прошири својот тим во Скопје и ќе се придонесе за подобро претставување на светскиот пазар. 

InPlayer најавува дека ќе го зголеми бројот на своите вработени на 50 до крајот на 2017 година, додека до крајот на 2018 година се планира тој број да се зголеми двојно.

Тимот на компанијата во Македонија сега се состои од 35 професионалци кои работат по светски стандарди и најдобри услови за да ги опслужат најголемите медиуми и софтверски компании во светот.

На настанот, на кој ќе биде промовирана инвестицијата, ќе присуствува министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Промовирани огласи »

Ако имате навика да испраќате е-пошта што започнува со зборовите "Само испраќам пријателски потсетник за..." - имаме лоши вести за вас.

Веројатно, навистина не сакате да навредите никој туку само да потсетите за нешто што требаше да ви биде предадено минатата недела меѓутоа пораките од типот на  "пријателски потсетник" во форма на досадни мејлови се нешто заради што колегите не ве сакаат или пак тајно ве мразат.

За вас, мејлот за потсетување едноставно може да биде "не-конфронтативен начин да побарате нешто за кое што вашите колеги заборавиле" но, за жал, тоа можеби не е пораката што доаѓа до вашите соработници.

Не разбирате? Треба да ја напуштите оваа лоша е-маил навика и да престанете да испраќате вакви мејлови, а еве зошто:

За да составите таков мејл, веројатно сте употребувале и зборови од типот: "можеби", "веројатно", "верувам" и тн., што го поткопува вашиот кредибилитет со вашите соработници. Иако може да ги вметнете овие фрази за помек тон, тие исто така прават да изгледате несигурно.

Бидете јасни со вашиот избор на зборови, залагајќи се за директна комуникција. Верувајте ни, вашите вработени и соработници ќе ја ценат директноста и едноставниот приод.

Следниот пат кога некој ќе доцни со некоја договорена задача, само поминете од неговото биро и јасно прашајте го колегата: Заборави да ми ja испратиш анализата што требаше да биде готова до вчера?

Хармонијата во вашиот ум ќе биде зголемена а истовремено ќе создадете и чувство на одговорност кај луѓето со кои соработувате и нивните лоши навики за доцнење се повеќе ќе исчезнуваат.

Промовирани огласи »

Следејќи ја својата заложба за целосен фокус кон корисниците, Вип воведува уште една новина и на своите корисници им овозможува сосема нов канал за комуникација– Live chat и тоа преку официјалната веб страна на компанијата, www.vip.mк.

Преку овој интерактивен канал за комуникација сите корисници и заинтересирани за понудата на Вип можат во секое време да ги добијат информациите кои им се потребни, и да добијат одговор на сите прашања кои ги имаат.

Корисниците при посета на веб страната т.е. на сегментите кои се однесуваат на постпејд, припејд и Комбо тарифните модели, имаат опција да започнат разговор со агент за корисничка поддршка и тоа со кликање на прозорче во долниот десен агол. Со внесување на своето име и презиме и телефонски број, веднаш стапуваат во контакт со агент од Контакт центарот, и можат да го постават своето прашање или да побараат помош.

Исто така, доколку корисникот извесен период е на веб страната на Вип а не започнува разговор со агент, агентот од Контакт центарот има опција да иницира разговор односно да му понуди помош на корисникот.

Live chat опцијата е поставена на следните веб адреси/URL:

https://www.vip.mk/postpejd/tarifihttps://www.vip.mk/postpejd/tarifi/opciihttps://www.vip.mk/pripejd/tarifi/vip-funhttps://www.vip.mk/pripejd/tarifi/tarifni-paketi

Промовирани огласи »

Половина од депозитите се чуваат на краток рок, а од другата половина еден дел се на сметка за да можат да се повлечат секој момент и само една четвртина се орочени на долг рок. Македонците преферираат да штедат во денари и 58,5 отсто од парите на крајот на 2016 година се чувале во домашна валута. Tоа e најкраткиот опис на штедната клима во Македонија во која банките менаџираат со депозитите на клиентите. 

Депозитите на граѓаните во македонските банки на крајот на 2016 година достигнале 217,39 милијарди денари односно 3,5 милијарди евра, покажуваат податоците на централната банка кои можат да се најдат во последниот годишен извештај на една од големите банки! Тоа е за 5,33 милијарди денари повеќе од 2015 година односно за 86,4 милиони евра повеќе од 2015 година. Тоа е раст од само 1,6 отсто за една година и наведува на заклучок дека се сведува на годишниот принос од камати на влоговите.

Официјалните податоци покажуваат дека вкупните депозити на нефинансискиот сектор (граѓани, фирми, и други правни лица) изнесуваат вкупно 322,8 милијарди денари што е еднакво на 5,23 милијарди денари. Од овие средства во трите најголеми банки се над 200 милијарди денари.

Каква е структурата на депозитите?

Најголем дел од парите се чуваат во денари и тоа 58,5 отсто од сите депозити. Другото е во странски валути меѓу кои најзастапено е еврото. За споредба со 2015 година довербата на клиентите на банките во денарот изнесувала 59,2 отсто. Веројатно и покрај подобрите камати дел од граѓаните решиле по „мајската криза“ своите средства да ги чуваат во странска валута.

Од начините на штедење Македонците го преферираат краткорочното штедење. Тие се одлучуваат нивните заштеди да бидат во банки, но не решаваат да штедат на подолг рок. Веројатно им треба некој со дела и зборови да ги убеди дека долгорочното штедење е исто како и краткорочното. Тука треба да се потрудат најмногу домашните политичари, но треба и банкарите да настапат проактивно зашто тоа ќе им го подобри планирањето, пласманите и ќе им ја подобри оптимизацијата. Податоците покажуваат дека на краток рок се вложени 47,9 отсто од сите депозити, а во 2015 година во тој „режим“ биле 48,7 отсто од заштедите. Долгорочните депозити учествуваат со 26,6 отсто во целото и во однос на 2015 година нивното учество е поголем за 0,1 отсто.

Депозитите по видување ангажираат 25,6 отсто од сите депозити и тие единствени бележат раст во споредба со другите две категории. Растот е за 1 отсто. Очигледно дека намалените среднорочни депозити завршиле тука.

Кога компаниите ќе видат дека влоговите се поевтино кредитирање од банкарските кредити?

Очигледно дека овие 5 милијарди евра се голем кредитен потенцијал кој во голема мерка банките го ставиле во погон преку своите кредити и на него добро заработуваат. Но значаен дел од депозитите уште е расположлив и лежи во македонските банки. Зошто домашните компании не почнат поинтензивно да размислуваат на темата корпоративни обврзници со кои ќе можат да финансираат свои нови инвестициски односно развојни проекти. За нив голем потенцијал за евтини пари се токму депозитите во банките.

Извор - Фактор.мк

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »