Се изнајмува House for rent - Zdanec

1.800 €

1.600 €

цената НЕ е фиксна

Карактеристики


Објавено воНедвижности - Куќи
Цена1.600 € 1.800 €
ЛокацијаСкопје - Карпош
За живеалиштето Паркинг / гаража
Шпорет / камин
Самостојна куќа
Наместена
Број на соби 7
Површина (во m²) 377
Греење Струја
Адреса Теодосиј Синаитски бр. 26Б
Број на спратови 2 спрата

Опис на огласот


Куќата се наоѓа во Жданец на Ул. Теодосиј Синаитски бр. 26Б. Истата е организирана со два влеза (топла спојка, односно може да бидат и одделени и споени). Првиот влез води кон приземје и прв кат, додека вториот влез води кон целосно одвоен апартман на втор кат/поткровје за гости или слична намена. Дополнително, двата влеза водат и до подрум, гаража, летна кујна итн. (опишано подолу).

Приземјето се состои од целосно опремена кујна, wc, голема дневна соба и трпезарија со 55 ' smart TV и комотна тераса. На првиот кат има 3 спални соби наместени со брачни кревети, секоја спална има сопствена бања, сопствени вградени гардеробери и тераси во секоја од собите. Меѓу нив на катот има и заеднички (втор) дневен простор со 50' smart TV и чајна кујна.  

Апартманот на горниот кат се состои од дневен простор со 45'smart TV, голема тераса со поглед на дел од градот и Водно, целосно опремена кујна, спална соба наместена со брачен кревет и сопствена бања.

Во подрумот има utility (машина за перење и сушење), бања и летна кујна која е директно поврзана со дворот (стаклени шибер врати) во кој има тревник, летниковец, скара итн.

Куќата има затворена гаража, како и 3-4 паркинг места во самиот двор и 2-3 места пред куќата.

Греењето е организирано со сопствено парно на електрична енергија и/или нафта (во зависност од потребите), ладењето е со клима уреди во секоја соба.

Се изнајмува целосно наместена или празна во зависност од потребите на клиентите.

барај огласи за вработување » барај останати огласи »