Промовирани огласи »

И регистрацијата на возила е поскапена, не заради техничкиот преглед туку повисоката еколошка такса велат од станиците за технички преглед.

Од 400 до 700 денари е за патнички возила и 1050 до 1900 за товарни во зависност од староста и зафатнината на возилото. Па така постарите возила плаќаат повисока еколошка такса, објави ТВ21.

Поскапувањето се должи на еколошката такса, велат од станиците за технички преглед.

ЦЕНА ЗА ЕКОЛОШКА ТАКСА

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,41% во однос на одлуката од 19.10.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,436 ден/кг и сега ќе изнесува 49,483 ден/кг.

Од 26.10.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 88,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 90,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 100,50 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 97,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 49,483 (денари/килограм)

Промовирани огласи »

Останува досегашниот систем на сметање на времето, односно од викендов ќе почне зимското сметање со кое стрелките на часовникот ќе се поместат еден час назад.

Од Владата за МИА информираат дека информацијата што требаше да ја подготви Министерството за економија покажала дека треба да остане системот за промена на времето.

Повеќе информации најавуваат дополнително.

Министерството за економија правеше анализа за промена на системот за сметање на времето по препорака на Владата.

Промовирани огласи »

Дури 25 отсто од семејните бизниси во Германија би можеле да одговорат на зголемените трошоци за енергија со отпуштање вработени, додека 90 отсто веројатно ќе реагираат со зголемување на цените, а некои веќе ги спроведуваат таквите одлуки.

Ова се резултатите од истражувањето на Фондацијата за семејни бизниси, кое во септември го спроведе Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен, врз основа на истражување во кое учествувале 1.060 компании, од кои најголем дел се семејни.

Во претходната, априлска анкета на оваа фондација, само 14 отсто од компаниите изјавиле дека планираат отпуштања, јавува Anadolu Agency.

Дополнително, резултатите од новото истражување покажуваат дека 13 отсто од компаниите сега очекуваат и стопирање на производството, наспроти шест отсто кои имаа такви очекувања во април.

9,0 отсто од компаниите моментално се занимаваат со преселување на производството во странство, наспроти 6,0 отсто во претходната анкета.

Според оваа студија, компаниите се незадоволни од политиките за управување со кризи и бараат субвенционирање на приватни инвестиции во енергетска ефикасност или обновливи извори на енергија. Семејните бизниси се најраспространетиот вид на бизнис во Германија. Повеќе од 90 отсто од сите компании се во семејна сопственост, со учество од 58 отсто од вкупните работни места во Германија - што се смета за стабилизирачки фактор за пазарот на труд во време на економска криза.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »