Промовирани огласи »

Поговорката вели дека се е работа на договор, но малку кој се држи до неа. Многумина во преговори се впуштаат без страв, други со резерва, а трети пак не се ни обидуваат да преговараат. Преговорите се составен дел од секојдневието. Еве неколку практични совети како да ги подобрите своите техники на преговарање и да ги свртите работите во своја корист.

Делете комплименти
Пред да преминете на главното, обидете се да го “омекнете” соговорникот. Бидете љубезни, веројатноста да го добиете тоа што го сакате е поголема.

Прашајте дали постојат исклучоци
Дури и ако соговорникот цврсто стои на својот став, не се откажувајте. Следно што треба да направите е да прашате дали постојат исклучоци и дали никогаш до сега не отстапил од договореното.

Понудете решение
Кај преговарањето понекогаш е важно да знаете точно да го составите и да го кажете тоа што го сакате. Ако, на пример, се жалите на услугите на некоја компанија, понудете им предлог како да се реши проблемот. Ако не го прифатат вашиот предлог, ќе мораат да ви понудат алтернативно решение.

Повикајте се на правилата
Ако, на пример, се обидувате да решите проблем со некој продавач затоа што се чувствувате измамени, инсистирајте вашиот соговорник да ви ја објасни политиката на работењето или поставените стандарди на стоката што ја продава, притоа потсетувајќи го колку долго сте негов потрошувач. Поставувајте прашања како “Дали е тоа официјален став на компанијата?” или “Како ќе ја вратите мојата доверба?”

Бидете самоуверени
Кај преговорите, покрај пријателскиот настап и насмевка, секогаш е важно до крај да останете самоуверени и сталожени. Дури и во ситуации кога вашиот соговорник ќе почне да ви се обраќа на повисок тон, останете мирни.

Моќта на тишината
Бројните искуства велат дека некогаш, откако во преговорите ќе слушнете “не”, неколку секунди молчење од ваша страна можат да бидат многу корисни.

Промовирани огласи »

Илон Маск ја презеде контролата врз „Твитер“ и ги отпушти првите луѓе на компанијата доцна во четвртокот, со договор што ја става една од водечките платформи за глобален дискурс во рацете на најбогатиот човек во светот.

Во својот прв чекор откако ја презеде контролата, Илон Маск, најбогатиот човек на светот, го отпушти главниот извршен директор на „Твитер“, Параг Агравал, шефот на правниот сектор Вијаја Гаде, главниот финансиски директор Нед Сегал и генералниот советник на страницата за микроблогирање Шон Еџет.

Маск го отпушти главниот извршен директор Параг Агравал, како и главниот финансиски директор на компанијата и нејзиниот шеф за безбедност, објавија „Вашингтон пост“ и „Си-ен-би-си“, повикувајќи се на неименувани извори.

Агравал претходно отиде на суд во обид да го задржи Маск на условите од договорот за преземање од кој милијардерот се обиде да ги избегне.

Веста за преземањето дојде неколку часа пред судскиот рок за Маск да го запечати својот договор за купување на социјалната мрежа.

Промовирани огласи »

Владата, на одржаната седница ја разгледа Информацијата од Министерството за економија, во врска со изготвената анализа за можноста за продолжување на примената на летното сметање на времето. 

Согласно сите анализи е заклучено дека ќе се пристапи кон примена на зимското сметање на времето, како што се практикуваше и досега. 

Промовирани огласи »

Владата ќе ги поддржи производителите на масло, пекарски, млечни и мелнички производи, како и преработувачите на млеко, но можно е листата да се прошири и со компаниите од месната индустрија.

Тие ќе плаќаат струја под 100 евра за мегават час, што е двојно помалку од цената на регулираниот пазар.

Поради ова се очекува најпрво да се стабилизира пазарот, а потоа цената на лебот да се намали за околу 10 проценти.

Како што соопшти министерот за економија Крешник Бектеши,  стопанските комори треба да достават дополнителни предлози со кои би се проширила листата на компании за поддршка.

Ќе се направат сите калкулации во однос на евентуалните финансиски импликации, по што ќе биде донесена и конкретната одлука.

Бектеши очекува поради намалувањето на цената на електричната енергија, компаниите од прехранбената индустрија да ги поевтинат производите.

Доколку, пак, некој ја злоупотреби ситуацијата и домашните основни производи ги продава поскапо од увезените, не е исклучено, рече, Владата да донесе и мерка за замрзнување на цените на одредени прехранбени производи.

Според компаниите, поевтината струја за еден месец ќе овозможи стабилизирање на пазарот, по што може да се утврди намалувањето на цената на пекарските производи за околу 10 отсто.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »