Промовирани огласи »

На вчерашнатаа седница на Советот за социјална сигурност беа разгледани предлог проекти за подобрување и унапредување на социјалната сигурност и животниот стандард на корисниците на пензија во периодот 2018-2020 година.

На седницата се усвоија следните проекти, чијашто имплементација ќе започне на почетокот на 2018 година:

  • ќе се воведе задолжително издавање на преглед за стаж и плати, со потврдени податоци во матичната евиденција, за сите работници, три години пред исполнување на услови за пензија;
  • пензиите ќе се усогласуваат два пати годишно, според порастот на трошоците на живот во висина од 50% и порастот на платите во висина од 50%, и ќе се разгледува можноста за дополнително усогласување доколку се бележи раст на економијата;
  • ќе се донесе подзаконски акт за утврдување на минимална и максимална цена на сместување во приватните установи за грижа на старите лица, како и зајакнување на контролата во  овие установи;
  • ќе се воведат нови пакувања на лекови, како и можност за подигнување терапија на парче за хронично болните пациенти;
  • за хронично болните лица ќе се  овозможи подигнување на тримесечна терапија;
  • ќе се унапреди соработката со невладиниот сектор  (Сојузот на здруженија на пензионери, Црвениот Крст на Република Македонија) за обезбедување на социјални и здравствени услуги на старите лица;

На седницата, исто така, се утврди потребата од продолжување на проектот за бањско-климатска рекреација за пензионери, со можност за ревидирање на критериумите за упатување на користење на услугата.

Во Советот за социјална сигурност членуваат претставници од: Сојузот на здруженијата на пензионерите, Црвениот Крст на Република Македонија, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, Министерството за финансии, Министерството за економија, Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, Фондот за здравствено осигурување на Македонија , МАПАС и двете пензиски друштва.

Промовирани огласи »

Продуктивноста е една од клучните мерки на економскиот успех.

Ново истражување на групата Expert Market дава светлина врз земјите во кои работниците се најпродуктивни.

Рангирањето е направено, кога БДП на глава од жител е поделен на часовите изработени од еден работник и така се добива резултатот - кои нации прават најмногу пари за најмалку време.

Бројките ја покажуваат вредноста што секој работник ја придонесува за неговата земја за еден работен час (во британски фунти) за 2017 година.

Погледнете ги 19-те најпродуктивни економии во светот:

19. Израел - 15,95 фунти

18. Јапонија - 17,21 фунти

17. Велика Британија - 17,37 фунти

16. Нов Зеланд - 18,07 фунти

15. Франција - 19,51 фунти

14. Канада - 19,72 фунти

13. Финска - 19,85 фунти

12. Австрија - 21,06 фунти

11. Германија - 23,30 фунти

10. Шведска - 23,67 фунти

9. Холанидја - 24,04 фунти

8. Ирска - 25,44 фунти

7. Австралија - 25,47 фунти

6. САД - 25,74 фунти

5. Исланд - 27,63 фунти

4. Данска - 28,87 фунти

3. Швајцарија - 37,89 фунти

2. Норвешка - 39,72 фунти

1. Луксембург - 51,80 фунти

Промовирани огласи »

Акциите на европските берзи се во пад поради лошите економски показатели и силното евро кое има две годишен максимум во однос на доларот. 

На азиското тргување на берзата еврото скокна 1,1684 долари, или највисоко од август 2015 година. 

Фунтата скокна на 1,3027 долари. 

Доларот падна на 110,94 јени. 

Успорувањето на активностите во приватниот сектор во еврозоната во јули влијаеше на слабеење на индексот во еврозоната. 

Промовирани огласи »

Неодамнешниот огромен пораст на цените за сместување во хотелите во Македонија, поради Супер Купот 2017 инспирираше неколку млади луѓе да почнат акција за обелување на образот на Скопје.

Во нивниот најнов проект SuperCupSkopje, членовите на WeTalkIT заедницата, ги поврзуваат фудбалските фанови на кои им треба сместување, со луѓе од Македонија кои имаат желба да им понудат бесплатен престој.

Целта на овој проект е да се соберат што повеќе граѓани кои ќе примат по еден или двајца гости восвојот дом, со цел да им овозможат место за преспивање на фановите кои ќе дојдат да го следат натпреварот од Супер Купот 2017.

„За да му овозможите сместување/кревет на некој од фановите, сешто треба да направите е да се логирате на www.supercupskopje.com и да наведете каков тип насместување може да понудите. Гостите заинтересирани за сместувањето се најавени со својот Facebook профил на веб сајтот, и преку испраќање на емаил порака, директно ги контактираат оние кои што објавиле сместување. Вие како домаќини, сами одлучувате кој гостин ќе го примите во својот дом.

Ве повикуваме да се приклучите на иницијативата, за да ја поправиме сликата за Скопје и заедно да овозможиме бесплатно сместување на некој од фудбалските фанови“, соопштуваат оттаму.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »