Промовирани огласи »

Кога барате работа, разбирање на факторите како што се вредностите на компанијата, работната средина и платата може да ви помогне да најдете работа што одговара и на вашата личност и на вашите цели во кариерата. Во оваа статија опишуваме 5 работи што треба да ги земете предвид кога барате работа.

Историја на компанијат

Иако никој не може да ја предвиди иднината, разбирањето на историјата на компанијата може да ви даде увид во нејзината стабилност, вредности и култура. Дознајте колку може повеќе за потенцијалниот работодавач од соопштенија во печатот, веб-страниците и профилите на социјалните медиуми.

Работна локација

Кога размислувате за вашиот работен ден, мора да размислите и за вашето работно време и за времето потребно да стигнете на работа. Бидете реални за тоа колку време сте спремни да потрошите за да одите напред-назад на работа секој ден. Ако патувањето на работа бара време заглавено во сообраќајот, размислете како тоа ќе влијае на вашето работно време и нивото на стрес. Ако работата бара особено долго патување, размислете како вашето време на пат ќе влијае на вашиот неработен живот, вклучувајќи ги активностите со децата, состаноци, семејното време и фитнес активности.

Работно време

Бидејќи работното време може многу да варира од компанија до компанија, мора да знаете како работното време ќе се вклопи во вашиот живот. Дознајте колку работни часови се очекуваат во една „нормална“ недела.Треба да дознаете и дали е потребна работа за одмор или викенд и дали мора да бидете „на повик“ кога сте надвор од работа.

Плата

Вашиот плата треба да може да ги задоволи вашите основни потреби и да ви помогне да планирате за иднината. Додека барате работа, не заборавајте да го прегледате вашиот буџет и да разберете колку треба да заработите за да ги платите сметките. Истражете го опсегот на плати за работните места што ги разгледувате за да можете подобро да преговарате за почетната плата.

Колеги

Вашите идни колеги ќе бидат огромен дел од вашиот живот, затоа обидете се да ги запознаете што е можно повеќе пред да прифатите понуда за работа. Обрнете внимание на тоа како соработниците комуницираат едни со други и поставувајте што е можно повеќе прашања за работната средина. Внимавајте на раководството додека работат со помладиот персонал. Пријател или член на семејството веќе вработен во компанијата може да обезбеди корисни информации во врска со работната атмосфера, нивото на стрес и темпото.

Промовирани огласи »

Само ДЕНЕС, 11.11.2022 Нептун Македонија, ја организира акцијата „SINGLES’ DAY” проследена со одлични понуди, големи попусти за сите купувачи.

Нептун како најголем малопродажен ланец за бела техника и електроника во Македонија, на своите купувачи им дава неповторлива можност да набават продукти од целокупниот продажен асортиман по промотивни цени. Од машини за перење алишта и фрижидери, преку најновите модели на телевизори, компјутери и таблети, па сè до мобилни телефони и мали апарати за домаќинство, секој купувач ќе може да најде нешто соодветно и поволно за себе.

Малопродажната мрежа на Нептун е веќе 20 години присутна на македонскиот пазар, во моментов е застапена со 26 продажни места во 21 град во Македонија.

Промовирани огласи »

Се спроведуваат сите процедури, од март 2023 година полициските униформи да бидат на македонски и албански јазик, изјави министерот за внатрепни работи Оливер Спасовски во емисијата „Патот Кон“ на  ТВ Алсат.

Оваа регулатива стапи во сила осмиот ден откако беше донесена и ќе започне да се применува најдоцна една година од влегувањето во сила, поточно најдоцна до 26 март 2023 година, рече Оливер Спасовски.

Спасовски додаде дека се прават сите подготовки полициските униформи во првиот квартал од 2023 година да бидат на два јазика.

Тие подготовки ги правиме и ќе се применуваат во согласност со законските одредби, додаде министерот.

Тој објасни дека нема ниту еден Албанец во специјалната антитерористичка единица „Тигри“ затоа што единствениот кој се пријавил во прелиминарните тестирања покажал дека не знае да плива.

Апелирам да се пријават повеќе од нив, за да го поминат тој курс кој е многу тежок, наведе Спасовски и додаде дека во тестирањата за прием кај „Тигрите“ не смее да има никакви отстапки.

Промовирани огласи »

Владата денеска треба да донесе дополнителна одлука со која и компаниите од месната индустрија ќе бидат ставени на списокот за добивање субвенционирана електрична енергија од 80 евра за мегават час.

Ова го соопшти министерот за економија Крешник Бектеши, а согласно одлуката, покрај „одгледувањето живина“, додадени ќе бидат и шифрите на дејности за одгледување свињи, молзни крави, овци и кози, со што целиот ланец на месната индустрија ќе биде покриен со субвенционирана струја.

Стопанската комора на Северна Македонија го поздрави ваквиот чекор и јавно и заблагодари на Владата што му излегува во пресрет на бизнисот во вакви услови на криза.

Според Комората, податоците од терен велат дека компаниите одгледувачи на животни работат во отежнати услови зашто сточната храна веќе е поскапена за 70 отсто. Тие бележат екстремен раст на транспортните трошоци, но и на сметките за струја, а сето тоа го доведува во прашање нивниот опстанок.

Утре ќе се донесе дополнителна одлука со која ќе се прошири списокот на дејностите кои ќе бидат поддржани од Владата согласно барањата на Стопанската комора и целиот ланец на месната индустрија ќе биде покриен со субвенционирана електрична енергија, рече вчера министерот Бектеши откако одржа брифинг со новинарите.

Поради воведувањето на оваа мерка, тој очекува, како што нагласи, до крајот на наредната недела да се намалат цените на месните производи.

Владата ќе излезе во пресрет на барањето на Стопанската комора за проширување на списокот со дејности кои ќе бидат поддршани со мерката субвенционирана електрична енергија од 80 евра за мегават час. Со новата Одлука за преземање мерка во услови на кризна состојба со електрична енергија, што според најавите на министерот за економија Крешник Бектеши ќе биде усвоена утре, покрај „одгледувањето живина“, ќе бидат додадени и шифрите на дејности за одгледување свињи, молзни крави, овци и кози, со што целиот ланец на месната индустрија ќе биде покриен со субвенционирана електрична енергија. Оваа нова Одлука ќе овозможи сите што имаат фарми за одгледување животни и се наоѓаат на слободниот пазар на електрична енергија, да бидат подеднакво третирани со мерките. Воедно, тоа ќе придонесе и за зачувување на сточниот фонд во земјата, наведе Комората.

Наредните денови намалување на цените и на лебот и млекото

Според министерот Бектеши кој порача дека сите треба да придонесат во справувањето со кризата и да бидат општествено одговорни, во наредните десет дена се очекува намалување и на цените на лебот и млекото.

Во наредните десет дена очекуваме намалување на цените на основните прехранбени производи, посебно на тие наведени во Одлуката за утврдување на маржите од 5 до 12 отсто. И во делот на лебот веќе почна поевтинувањето. Очекуваме во наредните 3-4 дена намалување на цените на млекото и млечните производи, рече Бектеши.

Од 1 декември се очекуваат и поголеми поевтинувања, дополни министерот, ако суровините останат со истите увозни цени, а тогаш стапува во сила и мерката за субвенционирано снабдување со струја.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »