Промовирани огласи »

„Црн петок” во Македонија – маркетиншки трик за празни кеси и полни каси. Пазарните инспектори во петокот во моловите во Скопје извршиле проверки, дали трговците даваат реални попусти. Во над 30 акциски надзори, најголем дел од пропустите се кај трговците кои не го почитуваат новиот закон за потрошувачи. Тој предвидува на производите да биде означена старата цена, а до неа новата која е на попуст. Праксата кај трговиците е пак, врз старата цена да биде залепена нова, па многу често се случува цената да е иста, а само да се дава впечаток во јавноста дека производот е на попуст. Онаму каде што инспекторите утврдиле пропусти, на трговците ќе им бидат изречени опомени со решенија, а доколу не ги поправат забелешките, предвидени се и парични казни.

Покрај најавените попусти за „црн петок“, сепак во поголемиот дел од моловите и продавниците попустите е наведено дека ќе траат цел викенд. И денеска пазарните инспектори се на терен, но во продавниците за бела техника каде што ќе утврдуваат дали се крши законот за потрошувачи од страна на трговците.

Граѓаните пак по социјалните мрежи коментираат – попустите во Македонија не се реални.

Блек фрајдеј, а цените намалени само за нешто ситно. Нема вистински попусти кај нас. Над 80% од луѓето само разгледуваат и се шетаат во топло… Кое намалување, се дел од коментарите на акциите кои ги објавуваат моловите.

Доколу купувачите утврдат лажни попусти, нереални цени или прекршување на законот за потрошувачи, од Државниот пазарен инспекторат велат треба да се пријави на нивната веб страна или пак на бројот 181.

Промовирани огласи »

Вистинско чудо од дете, Македон Димитровски ученик во О.О.У „Лирија“ Тетово има само 7 години но решава математички задачи од втора година од средно образование. Овој мал генијалец ни донесе златен медал по математика, во конкуренција со 4.000 учесници од цел свет.

Македон е дружељубив и секогаш расположен за своите другарчиња и соученици. Меморијата на Македон е на завидно ниво, зборува течно англиски, а учи грчки, германски и кинески јазик.

Неговата наставничка Јасмина Костовска секогаш ја прилагодува наставата за него, со повеќе обврски, покомплицирани задачи. Таа вели дека знаела каков ученик ќе има, а тоа во нејзината 27 годишна кариера бил огромен предизник.

Промовирани огласи »

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 28.11.2022 (понеделник) поради најавено одржување на протест со почеток во 07.00 часот, СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот на бул.“Гоце Делчев“ и бул.“Крсте Петков Мисирков“ и околните улици. 

 МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници, стои во соопштението од полицијата. 

Приватните превозници вклучени во Јавниот линиски превоз утре ќе протестираат со целосно блокирање во сите правци на крстосницата кај Мавровка, односно булеварот „Гоце Делчев“ и булеварот „Крсте Петков Мисирков“.

Како што најави приватниот градски автобуски превозник „Слобода превоз“, блокирањето ќе биде со повеќе од 30 автобуси и повеќе од 300 лица.

Не е исклучена можноста и не е потврдена информацијата дека на тој ден во утринските часови според можеби поедини превозници да ги блокиранаат излезите односно влезовите на ЈСП-Скопје. Исто така времетраењето на протестот не е утврдено и се планира да трае до исполнување на барањата кои ако брзо не се решат во наредните денови ќе се прошири и на други делови од сообраќајниците во Скопје, посочуваат од „Слобода превоз“.

Промовирани огласи »

Цената на маслото за јадење е намалена за 40 денари, а цената на репроматеријалите мируваат, истакна генералниот извршен директор на „Витаминка“, Сашо Наумоски при денешната посета на претседателот на Владата на Република Северна Македонија на фабриката „Брилијант“ во Штип, која е дел од групацијата на „Витаминка“.

Цената е падната за скоро 40 денари и ние се трудиме и понатака цената да ја намалиме и да ја донесеме, ако е можно да дојде до цените од пред три години што беа. Цената најмногу зависи на нашиот производ од суровината, вели Наумоски.

Забележа дека не конкурирале за поевтина струја од 1 декември бидејќи имаат инсталирано фотонапонски централи, а производството на струјата од нив  за 30 отсто ги намалува трошоците за производство до крајниот производ.

Додека пак премиерот Ковачевски прашан за поволностите за поставување на фотонапонски централи, посочи дека како Влада комплетно ја имаат сменето законската регулатива. Но е дециден дека и нивниот став е дека фотонапонски централи да не се поставуваат на земјоделско земјиште од прва и втора класа.

Во однос на поголемите централи исто така е направена промена во регулативата и тука се забрзани постапките. Меѓутоа, сакам да истакнам нешто многу важно. Ние не можеме да дозволиме земјиште од прва класа, земјиште од втора класа да биде користено за фотоволтаици. Регулативата ќе се однесува на земјиште од четврта, петта, шестта класа коишто треба да се користат за производство на електрична енергија, меѓутоа земјиштето од прва  и втора  класа треба да се користат за производство на земјоделски производи, бидејќи храната е исто толку значајна колку што е значајна и енергијата и заради ова Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за транспорт и врски и другите ресори се во постојана комуникација, вели Ковачевски.

Премиерот додаде ако за некои фирми  има застој за инсталирање на фотонапонски централи,  тогаш какошто вели веројатно  се работи за трансформација на земјиште од прва и втора класа што смета и дека не треба да се прави. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »