Промовирани огласи »

На некои европски аеродроми се укинуваат ограничувањата за носење пакувања од повеќе од 100 мл течност во рачниот багаж. Одредбата најверојатно ќе стапи на сила во 2024 година.

Ограничувањето од 100 мл по пакување во рачниот багаж им го отежнува пакувањето на многу луѓе, затоа што, покрај водата за пиење, тоа важи и за шампони, гелови за туширање, производи за шминка.

Како што беше пропишано во 2006 година по теро ристичкиот нап ад на лондонскиот аеродром Хитроу, при секое патување, сите течности дополнително се пакуваат во проѕирни пластични кеси што се затвораат. Освен непријатностите од ваквото пакување на тоалетните и средствата за лична хигиена, повеќето луѓе ги забораваат овие кесички, а различните аеродроми имаат различни прописи за тоа колку треба да биде голема торбата и колкав број на мали шишиња се дозволени во неа.

Поради ова, се создаваат големи гужви и често се отвораат патничкитре куфери за, на пример, дезодоранси или креми, кои не спаѓаат во оваа категорија.

Напредокот на технологијата многу ја олесни безбедносната проверка и можноста да се идентификуваат потенцијално опа сните материи, така што сите големи аеродроми во Велика Британија ќе го укинат ова правило во 2024 година.

Багажот ќе минува низ специјални ЦТ скенери кои ќе создаваат 3Д слика, а резултатите од ваквото скенирање се задоволителни и ќе доведат до укинување на ваквите забрани.

Сепак, и покрај овие измени, другите одредби за ограничување на рачниот багаж ќе останат исти, па така, на пример, останува на сила абраната за патување со остри предмети или поголеми ножици.

Промовирани огласи »

Како што се менуваат времињата, така се менуваат и социјалните норми за лично и професионално однесување, но тоа не значи дека основниот бонтон не е важен. Понекогаш забораваме дека бизнисот е поврзан со луѓе.

Ни недостасуваат компетентни и доверливи луѓе во деловниот свет, манирите можат да ја направат разликата. Дали би сакале да соработувате, да работите или да купувате од некој кој има високи стандарди на професионално однесување? Многумина, но не сите, од нас ги следат овие 5 проверени правила за подобро однесување. 

Претставување
Секогаш запознавајте ги луѓето со другите секогаш кога ќе им се укаже прилика, освен ако не знаете дека веќе се запознаени. Тоа ги прави луѓето да се чувствуваат ценети, без разлика на нивниот статус или позиција.

Ракувањето
Не само што овој едноставен гест покажува дека сте љубезни, самоуверени и пристапливи, туку и го поставува тонот за секоја потенцијална идна професионална врска. Во многу лежерна работна атмосфера, можеби ќе можете да се извлечете со климање или здраво, но вреди да вложите дополнителни напори за да ја пружите раката.

Секогаш кажувајте „Ве молам“ и „Благодарам“.
Ова треба да се подразбира, но дури и во многу лежерна професионална атмосфера, оваа основна форма на учтивост е сè уште императив.

Точност
Сите сме зафатени, но да се биде точен им покажува на другите дека го цениш нивното време. Ако доцните не значи дека сте позафатени од другите тоа само значи дека сте невнимателни.

Исклучете го телефонот за време на состаноците
Кога сте на состанок, фокусирајте се на дискусијата на состанокот. Не примајте повици, пораки или е-пошта. Тоа е непочитување на другите присутни. Тоа исто така прави состаноците да траат подолго бидејќи учесниците постојано го губат фокусот.

Промовирани огласи »

Со оглед на информацијата од МВР дека доаѓа висока делегација од Германија на чело со претседателот ги замолив превозниците да покажат со гест дека не сакаат да го нарушат угледот на државата и да не ги отежнат безбедносните протоколи, да се повлечат од блокадите во период на присуство на делегацијата односно до четврток, а доколку до тогаш не се постигне некаков договор со Градот Скопје и ЈСП на улица ќе излезат повторно во петок, изјави вчера вечер за МИА директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски.

Тој најави оти тогаш ќе се блокира со сите 200 автобуси и Скопје ќе биде блокирано на повеќе сообраќајници сè до конечно решавање на проблемот.

Иако правото на протест не беше спорно дури и во вакви околности, сепак покажавме свест и одговорен однос кон она што е државен интерес. Борбата продолжува и таа никогаш не може да е лесна, ама ќе победиме, најмногу од сè заради тоа што правдата е на наша страна и заради тоа што сме единствени, вели Јовановски.

Вчера, како што додаде, приватните превозници покажале единство и сериозност во намерите да ја истераат правдата на виделина и да го свртат вниманието на целата јавност за проблемот со кој се соочуваат.

После седницата на Советот на Град Скопје на која присуствуваме видовме дека и на сите советници им е повеќе од јасно дека неспособноста на градоначалничката и менаџментот на ЈСП се оние кои доведуваат до ваквите состојби, додава Јовановски за МИА.

Промовирани огласи »

Со оглед на информацијата од МВР дека утре доаѓа висока делегација од Германија на чело со претседателот ги замолив превозниците да покажат со гест дека не сакаат да го нарушат угледот на државата и да не ги отежнат безбедносните протоколи, да се повлечат од блокадите во период на присуство на делегацијата односно до четврток, а доколку до тогаш не се постигне некаков договор со Градот Скопје и ЈСП на улица ќе излезат повторно во петок, изјави вечерва за МИА директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски.

Тој најави оти тогаш ќе се блокира со сите 200 автобуси и Скопје ќе биде блокирано на повеќе сообраќајници сè до конечно решавање на проблемот.

Иако правото на протест не беше спорно дури и во вакви околности, сепак покажавме свест и одговорен однос кон она што е државен интерес. Борбата продолжува и таа никогаш не може да е лесна, ама ќе победиме, најмногу од сè заради тоа што правдата е на наша страна и заради тоа што сме единствени, вели Јовановски.

Денеска, како што додаде, приватните превозници покажале единство и сериозност во намерите да ја истераат правдата на виделина и да го свртат вниманието на целата јавност за проблемот со кој се соочуваат.

После седницата на Советот на Град Скопје на која присуствуваме видовме дека и на сите советници им е повеќе од јасно дека неспособноста на градоначалничката и менаџментот на ЈСП се оние кои доведуваат до ваквите состојби, додава Јовановски за МИА. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »