Промовирани огласи »

Како што се менуваат времињата, така се менуваат и социјалните норми за лично и професионално однесување, но тоа не значи дека основниот бонтон не е важен. Понекогаш забораваме дека бизнисот е поврзан со луѓе.

Ни недостасуваат компетентни и доверливи луѓе во деловниот свет, манирите можат да ја направат разликата. Дали би сакале да соработувате, да работите или да купувате од некој кој има високи стандарди на професионално однесување? Многумина, но не сите, од нас ги следат овие 5 проверени правила за подобро однесување. 

Претставување
Секогаш запознавајте ги луѓето со другите секогаш кога ќе им се укаже прилика, освен ако не знаете дека веќе се запознаени. Тоа ги прави луѓето да се чувствуваат ценети, без разлика на нивниот статус или позиција.

Ракувањето
Не само што овој едноставен гест покажува дека сте љубезни, самоуверени и пристапливи, туку и го поставува тонот за секоја потенцијална идна професионална врска. Во многу лежерна работна атмосфера, можеби ќе можете да се извлечете со климање или здраво, но вреди да вложите дополнителни напори за да ја пружите раката.

Секогаш кажувајте „Ве молам“ и „Благодарам“.
Ова треба да се подразбира, но дури и во многу лежерна професионална атмосфера, оваа основна форма на учтивост е сè уште императив.

Точност
Сите сме зафатени, но да се биде точен им покажува на другите дека го цениш нивното време. Ако доцните не значи дека сте позафатени од другите тоа само значи дека сте невнимателни.

Исклучете го телефонот за време на состаноците
Кога сте на состанок, фокусирајте се на дискусијата на состанокот. Не примајте повици, пораки или е-пошта. Тоа е непочитување на другите присутни. Тоа исто така прави состаноците да траат подолго бидејќи учесниците постојано го губат фокусот.

Промовирани огласи »

Со оглед на информацијата од МВР дека доаѓа висока делегација од Германија на чело со претседателот ги замолив превозниците да покажат со гест дека не сакаат да го нарушат угледот на државата и да не ги отежнат безбедносните протоколи, да се повлечат од блокадите во период на присуство на делегацијата односно до четврток, а доколку до тогаш не се постигне некаков договор со Градот Скопје и ЈСП на улица ќе излезат повторно во петок, изјави вчера вечер за МИА директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски.

Тој најави оти тогаш ќе се блокира со сите 200 автобуси и Скопје ќе биде блокирано на повеќе сообраќајници сè до конечно решавање на проблемот.

Иако правото на протест не беше спорно дури и во вакви околности, сепак покажавме свест и одговорен однос кон она што е државен интерес. Борбата продолжува и таа никогаш не може да е лесна, ама ќе победиме, најмногу од сè заради тоа што правдата е на наша страна и заради тоа што сме единствени, вели Јовановски.

Вчера, како што додаде, приватните превозници покажале единство и сериозност во намерите да ја истераат правдата на виделина и да го свртат вниманието на целата јавност за проблемот со кој се соочуваат.

После седницата на Советот на Град Скопје на која присуствуваме видовме дека и на сите советници им е повеќе од јасно дека неспособноста на градоначалничката и менаџментот на ЈСП се оние кои доведуваат до ваквите состојби, додава Јовановски за МИА.

Промовирани огласи »

Со оглед на информацијата од МВР дека утре доаѓа висока делегација од Германија на чело со претседателот ги замолив превозниците да покажат со гест дека не сакаат да го нарушат угледот на државата и да не ги отежнат безбедносните протоколи, да се повлечат од блокадите во период на присуство на делегацијата односно до четврток, а доколку до тогаш не се постигне некаков договор со Градот Скопје и ЈСП на улица ќе излезат повторно во петок, изјави вечерва за МИА директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски.

Тој најави оти тогаш ќе се блокира со сите 200 автобуси и Скопје ќе биде блокирано на повеќе сообраќајници сè до конечно решавање на проблемот.

Иако правото на протест не беше спорно дури и во вакви околности, сепак покажавме свест и одговорен однос кон она што е државен интерес. Борбата продолжува и таа никогаш не може да е лесна, ама ќе победиме, најмногу од сè заради тоа што правдата е на наша страна и заради тоа што сме единствени, вели Јовановски.

Денеска, како што додаде, приватните превозници покажале единство и сериозност во намерите да ја истераат правдата на виделина и да го свртат вниманието на целата јавност за проблемот со кој се соочуваат.

После седницата на Советот на Град Скопје на која присуствуваме видовме дека и на сите советници им е повеќе од јасно дека неспособноста на градоначалничката и менаџментот на ЈСП се оние кои доведуваат до ваквите состојби, додава Јовановски за МИА. 

Промовирани огласи »

„Во првите 10 месеци од годинава, ги саниравме последиците од светската економска криза со два пакети мерки вредни 760 милиони евра. Резултатите се веќе видливи, во тешки услови успеавме да обезбедиме доволно храна, струја, енергенси, да ги подджиме граѓаните компаниите и да ја спасиме македонската економија“. Овие пораки ги испрати портпаролот и пратник од СДСМ, Дарко Каевски на вчерашната прес-конференција.

Секако дека има уште многу работа но врз основа на економските параметри и резултат може да кажеме дека 2023 ќе биде година на
економски пресврт и нова надеж, додава тој.

Еден од инструментите за остварување на таа цел е Буџетот за 2023 кој ги комбинира антикризните мерки со развојните политики.

Со Буџетот за 2023 предвидени се дополнителни средства за исплата на плати и пензии, односно следната година повторно ќе имаме раст на минималната плата и на пензиите согласно новата методологија.

800 милиони евра се предвидени за капитални проекти, тоа се средства директна инвестиција во локалниот економски развој и во домашното стопанство.

Дека 2023 година ќе биде многу подобра од оваа, потврдуваат и проекциите на ЕБОР кои предвидуваат раст на македонската економија од 2.3 отсто, изјави Каевски.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »