Промовирани огласи »

„Во првите 10 месеци од годинава, ги саниравме последиците од светската економска криза со два пакети мерки вредни 760 милиони евра. Резултатите се веќе видливи, во тешки услови успеавме да обезбедиме доволно храна, струја, енергенси, да ги подджиме граѓаните компаниите и да ја спасиме македонската економија“. Овие пораки ги испрати портпаролот и пратник од СДСМ, Дарко Каевски на вчерашната прес-конференција.

Секако дека има уште многу работа но врз основа на економските параметри и резултат може да кажеме дека 2023 ќе биде година на
економски пресврт и нова надеж, додава тој.

Еден од инструментите за остварување на таа цел е Буџетот за 2023 кој ги комбинира антикризните мерки со развојните политики.

Со Буџетот за 2023 предвидени се дополнителни средства за исплата на плати и пензии, односно следната година повторно ќе имаме раст на минималната плата и на пензиите согласно новата методологија.

800 милиони евра се предвидени за капитални проекти, тоа се средства директна инвестиција во локалниот економски развој и во домашното стопанство.

Дека 2023 година ќе биде многу подобра од оваа, потврдуваат и проекциите на ЕБОР кои предвидуваат раст на македонската економија од 2.3 отсто, изјави Каевски.

Промовирани огласи »

Во српскиот град Суботица живеат најмногу сопственици на криптовалути на Балканот.

Некои луѓе од Суботица веќе се запознаени со термини како криптовалута, блокчејн, токенизација. Суботица е значително над просекот, а Чачак е исто така доста различен од остатокот од Србија.

Суботица е прва на Балканот по бројот на сопственици на криптовалути. Овој град е за 2,4 отсто повисок од Белград“, вели во интервјуто Иван Андрејевиќ, ко-основач на CTB Крпто & Консалтинг, коавтор на книгата „Крипто револуција“ и основач на најголемата Фејсбук група во Србија „Крипто трговци Балкан, објави Данас.

Инаку, Косово повеќе од една година најавува закон за регулирање на пазарот и активноста со криптовалутите. Но, до сега официјална верзија не стигнала во Собранието, пренесува албански Топчанел.

Македонскиот министер за финансии, Фатмир Бесими рече дека оваа област ќе мора да се регулира особено од перспектива на спречување на перење пари и финансирање тероризам.

foto freepik.com/jiboom

  

Промовирани огласи »

Многу привилегии имаат жителите на Обединетите Арапски Емирати. Тие не плаќаат данок на приход, без разлика колку пари заработуваат. Тие со пасошот кој е 17-ти најмоќен во светот, можат да патуваат без виза во 174 држави.

ОАЕ се федерација од седум емирати: Абу Даби, Дубаи, Шарџа, Рас ел Хајма, Аџман, Ум ел Кајван и Фуџејра. Имаат бесплатно здравство, бесплатно сместување, бесплатно образование. Туристите и луѓето кои живеат во Обединетите Арапски Емирати без државјанство можеби ќе треба да платат многу висока цена за посета на лекар, жителите на земјата имаат бесплатно здрвство. Доколку жителите исполнуваат одредени услови, можат да добијат дом од државата. Некои добиваат и грантови или делумна финансиска помош за да си купат свој дом. Кога ќе почине жител на оваа земја, владата финансира подигање на шатор покрај домот на жителот, каде што семејството и саканите можат да го одржат погребот. Оваа земја високо котира и на сите листи на најбогати држави во светот. 

Промовирани огласи »

Во Јапонија почнуваат да го проучуваат процесот.

Кога станува збор за произведена електрична енергија, главно мислиме на сонцето и ветерот. Сепак, еден град во Јапонија верува дека постои уште еден природен феномен кој може да се искористи за оваа намена - а тоа е снегот.

Тестот дали снегот може да се искористи за производство на енергија започнува во градот Аомори следниот месец и ќе трае до март. Градот ќе го спроведе тестот во соработка со Форте, локален стартап за информатичка технологија, заедно со Универзитетот за електрокомуникации во Токио, пишува asia.nikkei.com.

Тестот ќе вклучува фрлање снег во базен лоциран во затворено училиште. Струјата ќе се произведува од температурната разлика помеѓу снегот и воздухот.

Цевките за пренос на топлина ќе бидат поставени во снегот, изворот на ладен воздух. Во меѓувреме, надворешниот воздух ќе се загрева од сонцето. Оваа температурна разлика се користи за создавање на конвекциона струја во течноста за ладење во турбината. Струјата на конвекција ја врти турбината за да произведе електрична енергија.

Коџи Еноки, вонреден професор на Универзитетот за електронски комуникации, го разви системот. Се проценува дека овој процес може да произведе електрична енергија подеднакво ефикасно како и сончевата енергија.

Се очекува енергијата од снег да се произведува по ниска цена. Слично на тоа, јапонската компанија за транспорт Mitsui O.S.K. Lines (MOL) планира да комерцијализира систем кој генерира електрична енергија користејќи ги температурните разлики помеѓу површинските води и длабочините на океаните.

MOL има за цел да генерира енергија по цена од приближно 20 ¥ (14 центи) за киловат-час до 2025 година. Тоа би било пониско од цената на офшор енергијата од ветер и нафта во 2030 година, според проценката на јапонското Министерство за енергија, економијата, трговијата и индустрија.

Снежната енергија користи поголеми температурни разлики од конверзијата на топлината на океаните, така што има потенцијал да чини помалку за производство на електрична енергија.

Исто така, се планира да се искористи топлината од топлите извори за да се создадат уште поголеми температурни варијации. Во североисточниот регион на Јапонија има многу летувалишта со топли извори во области каде паѓа многу снег. Еден од нив е Сукају Онсен во Аомори.

Колку се поголеми температурните разлики, толку е поголема ефикасноста на производството на електрична енергија, рече Еноки.

Аомори секоја година троши десетици милиони долари за да го отстрани снегот од патиштата. Снегот обично се фрла во океанот.

Фото: unsplash

Извор: businessnovinite

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »